Возбудлива професија со голема одговорност

Марија Савиќ веќе 15 години го контролира полетувањето и слетувањето на авионите на скопскиот аеродром.

Скоро две децении во оваа работа ја исполнува адреналинот и не би се откажала од неа.

Безбедноста на воздушниот сообраќај е во рацете на контролорите, вели директорот на секторот за воздухопловна навигација. Но, способноста за просторна ориентација, носењето брзи одлуки, смиреност во непредвидливи ситуации како и добро познавање на англискиот јазик се пресудни за да се биде успешен контролор.

„Оваа професија е доста одговорна и безбедноста на воздушниот сообраќај е во рацете на контролорите на летање. Селекцијата и обуките се вршат по строги и претходно утврдени меѓународни стандарди во повеќе етапи. Тие траат подолг временски период и само најуспешните можат да дојдат до договор за контролор на летање. Професија која е доста ценета и посакувана во светот. – изјави Николче Тасески, извршен директор на сектор за воздухопловна навигација.

Во моментов има 57 активни контролори на летање кои се само посветени на оперативна работа. Вкупно во Скопје има 96, а бројката на контролори во Охрид изнесува 5. Но, македонска навигација има потреба од кадар.

„Бевме непријатно изненадени после објавувањето на првиот оглас во мај месец оваа година, бидејќи очекувавме најмалку 800 кандидати. Но се соочивме со реалноста, беа пријавени само 200 кандидати. Од кои според праксите во Европа процентот на селекција е онаков да од 100 кандидати може да се изберат 3 до 4. Нас ни беше јасно дека многу тешко ќе ја достигнеме таа бројка од 12. Очекуваме на овој актуелен оглас да се пријават најмалку 300 – 400 кандидати како би можеле да ја постигнеме таа бројка од 7 кандидати - кои ни се потребни за оваа година“ – додаде Тасески.

Тасески ги повика сите заинтересирани млади од 18 до 25 години да се пријават на конкурсот преку апликацијата на нивната интернет страна.

Ова е обласната сала каде се контролираат прелетите над Македонија. Само изминатиов месец имаше рекорден број на летови, по 1028 на ден. Од кои 963 прелети и 65 операции на скопскиот и охридскиот аеродром.

СДСМ: СДСМ не прифаќа уцени од било кого, нема тргување со иднината на државата

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции.

За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек-партија СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени.

Нас не водат социјалдемократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности.

СДСМ е единствената партија наследник на НОБ, на АСНОМ.

Не прифаќаме условувања од било кого, СДСМ со никого нема да прави политички дилови. Ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување.

Фокусирани сме на најдобриот резултат на претстојните избори на 8 мај, повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Со повисоки плати правично го вреднуваме трудот на работниците

Во празничното обраќање Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 кажуваат дека обезбедено е трудот не само да се цени, туку и правично да биде награден.

„На овој Ден на трудот, но и во останатите 364 дена во годината ние сме рамо до рамо со вас. Вреднувањето на работникот е главен постулат на социјалдемократските вредности за кои и се боревме овие седум години. Достоинствен живот за секој работник и работничка во нашата Македонија“, вели во видео обраќањето Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2, по повод 1-ви мај - Денот на трудот.

Во празничното обраќање Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Анета Здравковска, Билјана Муиќ) кажуваат дека обезбедено е трудот не само да се цени, туку и правично да биде награден.

„Заеднички ја браневме нашата заедничка социјална кауза. Како Влада дадовме приоритет на растот на платите во сите сектори подеднакво, затоа што тоа е најважно за поттикнување на правичен социо-економски развој. Успеавме просечната плата двојно да ја зголемиме од 2016 година на речиси 40.000 денари“, кажуваат кандидатите, притоа потсетувајќи дека минималната плата од 10.000 денари во 2016 година, во март 2024 година изнесува 22.500 денари, што е зголемување од 125 проценти.

„Ние се погриживме животниот стандард да остане не само недопрен, туку и подобрен во услови на инфлација“, велат кандидатите и кандидатките и нагласуваат дека овој раст не е случаен, туку дека тоа е резултат на намерна политика насочена кон подигнување и заштита на животниот стандард на работниците и работничките, политика на системски решенија.

„Нашата посветеност на социјалдемократијата обезбеди растот на платите да е изолиран од партиски интереси. Трудот никогаш повеќе нема да биде пион во политичките игри, а ние цврсто стоиме да ги заштитиме правата на сите работници и работнички без оглед на етничка, религиска или партиска определба. Честит нека е денот на трудот“, вели Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2.

притисни ентер