Возачите користат бројни трикови за да ги „надмудрат“ камерите за мерење брзина (ВИДЕО) - Канал 5

Возачите користат бројни трикови за да ги „надмудрат“ камерите за мерење брзина (ВИДЕО)

Сè повеќе возачи прибегнуваат кон трикови за да избегнат казни за брзо возење, иако таквото однесување е сериозен прекршок што може да доведе до високи казни.

Возачите користат бројни трикови за да ги „надмудрат“ камерите за мерење брзина (ВИДЕО)

Еден од најчестите трикови е употребата на специјални налепници кои се лепат над постоечките бројки и букви на регистарската табличка.

Овие налепници ги збунуваат камерите, бидејќи ја рефлектираат светлината и не дозволуваат камерата јасно да ги снима табличките, па властите не можат да го идентификуваат возачот и да издадат казна.

Овие налепници се направени така што табличката изгледа целосно легално додека не дојде во контакт со радарски блиц, кога броевите и буквите привремено исчезнуваат.

Иако овие трикови се популарни кај возачите во Европа и САД, модерните радари и камери користат инфрацрвена светлина, така што трикот со рефлектирачки налепници не секогаш функционира. Покрај налепниците, некои возачи користат магнетни лажни таблички кои можат да ги отстранат од далечина, што им овозможува привремено да ја сокријат вистинската табличка кога поминуваат покрај камерите за брзина.

Казните за овие прекршоци можат да достигнат и до 2.000 евра, а доколку ве фатат, последиците може да бидат сериозни. Затоа е најбезбедно да ги следите сообраќајните прописи, за да избегнете високи казни и да заштедите пари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Реконструкција на водоводната мрежа во Долно Нерези

Општина Карпош во соработка со Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, започнува акција за реконструкција на водоводната мрежа на улицата Глигор Чемерски (поранешна Партизанска 11), во населбата Долно Нерези.

О. Карпош: Реконструкција на водоводната мрежа во Долно Нерези

По повод почетокот на градежните активности, денеска на терен увид извршија градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски како и претставници од ЈП „Водовод и канализација“ и изведувачот на градежниот зафат.

За реализација на реконструкцијата на водоводната мрежа во должина од 125 метри, ЈП „Водовод и канализација“ изработи Основен проект, кој содржи детална спецификација на материјалите предвидени за вградување на предметната улица. Општина Карпош, преку избран изведувач за интервентни активности, ќе ги реализира градежните работи кои опфаќаат ископ, затрупување и асфалтирање на коловозот, со што по завршување на реконструкцијата улицата ќе биде целосно вратена во првобитна и функционална состојба.

Со реализација на овој проект, кој е резултат на заедничка соработка помеѓу Општина Карпош, Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“, ќе се надмине повеќегодишниот проблем со недоволен воден притисок со кој се соочуваа жителите од овој реон на Карпош.

Во рамки на денешната средба, градоначалникот Лукровски оствари средба и непосреден разговор со жителите од Долно Нерези при што ги информираше за динамиката на проектот, а воедно ги слушна и нивниѕе предлози и потреби поврзани со условите за живеење во населбата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот на Молдавија поднесе оставка

Премиерот на Молдавија, Александру Мунтеану, поднесе оставка, со што започна процесот на оставка на целата влада, беше соопштено денеска во Кишињев.

Премиерот на Молдавија поднесе оставка

Мунтеану, кој ја извршуваше функцијата премиер од ноември 2025 година, не ја образложи детално својата одлука.

Во објава на социјалната мрежа „Икс“ (X), тој наведе дека неговиот мандат завршува и дека одлучил да се повлече откако заклучил оти повеќе не може да ги извршува своите должности во согласност со своите принципи и убедувања.

62- годишниот Мунтеану, беше назначен за премиер по парламентарните избори одржани во септември 2025 година, на кои ПАС извојува убедлива победа над проруските политички ривали и обезбеди продолжување на проевропскиот курс на земјата. Пред да влезе во молдавската политика, тој работеше во странство повеќе од 20 години, вклучително и во Светската банка. Во својата објава, тој рече дека ќе продолжи да ѝ служи на Молдавија без оглед на позицијата што ја има во иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром: Започна реконструкцијата на краци од улицата „Тодор Чангов“ во Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во стартот на градежните активности за реконструкција на краци од улицата „Тодор Чангов“ во населбата Лисиче.

Општина Аеродром: Започна реконструкцијата на краци од улицата „Тодор Чангов“ во Лисиче

Во рамките на проектот се врши целосно отстранување на дотраениот и оштетен асфалт, замена на постојниот тампон со нов, по што ќе следува поставување на нов асфалтен слој.

Реконструкцијата е дел од проектите што ги реализира Општина Аеродром во рамките на вториот јавен повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти. Преку обезбедените средства, Општината продолжува со реализација на значајни капитални инвестиции насочени кон модернизација на инфраструктурата и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Во текот на летниот период, Општина Аеродром ќе реализира голем број инфраструктурни проекти на повеќе локации. Во фокусот се реконструкција и санација на улици, уредување на јавниот простор, подобрување на комуналната инфраструктура и реализација на нови капитални инвестиции, со цел создавање помодерна, пофункционална и поуредена општина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер