Прв пат се огласи Мбапе по Светското првенство: Нема да лажам, боли - Канал 5

Прв пат се огласи Мбапе по Светското првенство: Нема да лажам, боли

Килијан Мбапе проговори за прв пат откако Франција го напушти овогодинешното Светско првенство без медал (четврто место). 

Прв пат се огласи Мбапе по Светското првенство: Нема да лажам, боли

Ѕвездата на Реал Мадрид испрати порака до навивачите во која истакнува дека гордоста од прикажаните игри го надмина разочарувањето бидејќи тимот не успеа да ја освои титулата. Капитенот на националниот тим им се заблагодари на сите што ги поддржаа во текот на целиот турнир.

„Ви благодарам. Беше месец полн со емоции во кој ги поместивме сопствените граници. Месец гордост за носењето на францускиот дрес, исполнет со страст што нè движи нас на теренот, но и вас пред екраните и на трибините“, напиша тој и призна дека се чувствува огорчен поради поразот.

„Не ја освоивме титулата што ја сакавме заедно. Боли и ќе боли уште некое време, нема да лажам. Можеби ви должевме подобар крај, но не секогаш избираме како ќе заврши приказната. Ние избираме што ќе вложиме во неа и дадовме се од себе.“

Награда за целиот тим

Иако беше прогласен за најдобар стрелец на турнирот, 27-годишниот напаѓач му оддаде заслуга на целиот тим. Тој нагласи дека индивидуалната награда „им припаѓа на тимот исто колку и мене“. „Без нивниот напор, движење, додавања и тимски дух што нè водеа од првиот до последниот натпревар, немаше да можам да ги постигнам сите тие голови“, додаде тој.

Тој истакна дека водењето на Франција до нивното трето Светско првенство го исполнува со гордост. „Уште од дете сонував да играм барем еднаш на Светското првенство. Играв на три, победив на едно, а оваа година имав чест да бидам капитен. Никогаш нема да го заборавам тоа“, рече тој.

Благодарност до навивачите и персоналот

Тој особено им се заблагодари на навивачите кои „останаа будни до доцна, понекогаш до полноќ поради временската разлика, за да нè гледаат од другата страна на светот“. Тој ја опиша атмосферата на поддршка: „Бевте во вашите домови, кафулиња, со семејство или пријатели, низ цела Франција и пошироко. Други беа со нас на стадиони, со знамиња на рамената. Деца со светли очи, мажи и жени од сите потекла и генерации, обединети во една радост - радоста на учеството. Тоа е моќта на овој спорт. Никогаш не нè разочаравте, дури ни во најтешките моменти, дури ни кога најмалку го заслужувавме тоа.“

Тој, исто така, им се заблагодари на тренерот Дидие Дешан и неговиот персонал. „Благодарение нему и на целиот персонал, физиотерапевти, готвачи, тренери, возачи - сите оние луѓе што никој не ги гледа и без кои ништо од ова не би било можно.“

Приказната продолжува

Конечно, Мбапе размислуваше за суштината на фудбалот. Тоа е игра што ја сфаќаме сериозно и на која работиме целиот наш живот, „сепак, тоа е сепак игра со едноставни правила што не се променети откако почнавме да ја играме: топката, голот и желбата за постигнување гол.“

Ѕвездата на Реал Мадрид ја заврши пораката со оптимистички тон. „Светското првенство заврши, но приказната продолжува. Ќе има и други натпревари, други летни или зимски вечери каде што сите повторно ќе се сретнеме со истата игра, со истата неисцрпна желба. Нашата заедничка игра сè уште не е завршена. Ви благодарам за сè.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлогот за квалификувано мнозинство при одлучувањето во пристапниот процес на прв тест пред Европскиот совет

 Замената на консензусот со квалификуваното мнозинство  на прв на тест пред Европскиот совет. 

Предлогот за квалификувано мнозинство при одлучувањето во пристапниот процес на прв тест пред Европскиот совет

Наспроти ставот на Каја Калас да не се билатерализира процесот на проширување, дел од членките повторно проблематизираат..

Нејасно е засега дали европските лидери ќе постигнат барем приближување на ставовите, но хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во случајот со Црна Гора на која и испорача список со осум услови се осврна на блокадите кон Македонија, од страна на Грција и Бугарија кои како што изјави на Македонија и одземаа 21 година

Унгарскиот премиер Петар Маѓар пак се изјасни дека Украина не може да пројде на брза лента во ЕУ и до нејзиното членство како што изјави можни се 10 до 15 години

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во телевизиско гостување најави дека за случајот со Ива Михаилова земјава ќе разговара со своите меѓународни партнери.

Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во телевизиско гостување најави дека за случајот со Ива Михаилова земјава ќе разговара со своите меѓународни партнери, бидејќи, како што вели, наш партнер во НАТО станува прибежиште за осудени или лица против кои се водат судски постапки.

Случајот со Михаилова и нејзиниот татко, рече Мицкоски може да стане алиби за осудени криминалци кои би ваделе бугарски пасоши за да да ја избегнат правдата, бегајќи во Бугарија.

-Не би сакал да верувам дека моменталното политичко водство кај нашиот источен сосед ќе биде алиби за осудени криминалци од државата да вадат бугарски пасоши и преку илегални премини да бегаат и да бараат прибежиште таму“кажа Мицкоски.

Според премиерот, има политички сили кои очекуваа емотивна реакција од властите во Македонија во врска со случајот, но, напротив, рече тој, земјава реагира надвор од ваквите очекувања, повикувајќи на дијалог за изнаоѓање решенија за проблемите.

Тој го повтори ставот што го кажа претходно во изјава за медиумите, дека Ива Михаилова и нејзиниот татко кога-тогаш ќе се соочат со правдата.Во однос на заминување на Михаилова во Бугарија, Мицкоски во интервјуто уште еднаш ги отфрли како невистинити тезите дека таа и нејзиниот адвокат ја поминале границата на регуларен граничен премин.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во гостувањето во емисијата „Само Интервју“ рече дека заминувањето на Ива Михаилова во Бугарија го гледа во контекст на претстојните претседателски избори во земјата, кои се закажани за 25 октомври, оценувајќи дека на политичките актери во Софија при секој изборен циклус им треба тема поврзана со Македонија што ќе доминира во јавниот дискурс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Српскиот бизнисмен Давор Мацура вратен од аеродромот во Подгорица, врачено му е решение за забрана влез во Црна Гора

Српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на „Алта пеј груп“ (Alta Pay Group), бил вратен од аеродромот во Подгорица, откако му било врачено решение со кое му се забранува влез во Црна Гора од причини поврзани со националната безбедност. 

Српскиот бизнисмен Давор Мацура вратен од аеродромот во Подгорица, врачено му е решение за забрана влез во Црна Гора

Ова за црногорскиот весник „Вијести“ го потврдиле неколку независни извори. Мацура е поранешен сопственик на ланец менувачници, чиј деловен подем, според неделникот „Радар“, се совпаднал со доаѓањето на власт на Српската напредна странка.

Овој медиум објави дека неговата компанија „Алта пеј груп“ за пет години остварила нето-добивка од 59 милиони евра.

Мацура е и претседател на Управниот одбор на „Алта банка“, а неговите деловни активности опфаќаат финансиски сектор и недвижности. Неговата компанија „АБЛ Солвент“ (ABL Solvent) го купи имотот на поранешната Индустрија за мотори и трактори (ИМТ) во Нов Белград за 70 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер