3На денешен ден пред 19 години загина македонскиот славеј Тоше Проески, неговите песни живеат и денес
ЗдравјеТемпературните промени ги наполнија лекарските ординацииТемпературните промени ги наполнија лекарските ординации. Вртоглавици, главоболки, осцилации на притисокот и влошување на хроничните состојби се најчестите причини поради кои граѓаните деновиве бараат помош... Температурните осцилации и наглите промени на времето ги наполнија лекарските амбуланти. Вртоглавици, главоболки, промени на крвниот притисок и влошување на хроничните состојби се најчестите тегоби поради кои граѓаните деновиве бараат медицинска помош. Најпогодени се пациентите со кардиоваскуларни заболувања и повозрасните граѓани, но лекарите забележуваат дека временските промени сè почесто влијаат и кај младите. Хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија, да го следат крвниот притисок и да избегнуваат нагли промени во дневните навики, апелираат лекарите. При појава на посериозни симптоми, како изразена вртоглавица, болка во градите или нагло влошување на состојбата, препораката е навремена консултација со матичниот лекар. „Тоа се пациенти коишто доста редовно си ја земаат својата хронична терапија. Значи, апел постојано да си ја земаат својата хронична терапија. И секако оние пациенти коишто во денот имаат некаков проблем, корекција на тензијата. Значи, доколку треба повторно да си измери, да се земе додатна терапија, консултација со матичниот. Ние сме барем премногу достапни за пациентите 24 часа и постојано се консултираме, било да се работи за телефон, било да се работи за преглед во амбулантата. Значи, кога нивната здравствена состојба ќе биде влошена, и покрај редовно земената терапија, сепак да се јават кара матичниот доктор.“ Нестабилното време со променливи температури, според прогнозата на УХМР ќе се задржи уште кратко. Од таму најавуваат дека по денешните врнежи и локални нестабилности, во наредните денови ќе следува период на стабилизирање на временските услови. „Времето денес ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно, со повремен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме, проследено со силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град. Од утре следува период на сончево, топло и стабилно време, со мала локална облачност. Тој период ќе трае до крајот на неделата.“ Со стабилизирањето на времето се очекува и намалување на ваквите тегоби, но метеочувствителните лица и хронично болните треба и понатаму да бидат внимателни при нови температурни промени. Остануваат препораките за внесување на доволно течности, избегнување директно изложување на сонце во најтоплиот дел од денот и постепено прилагодување при нагли промени на температурата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот„6 години Лајка – Не славиме бројка, славиме промена"ЈП „Лајка" – Скопје оваа година одбележува шест години од своето постоење, а по тој повод, во сабота, 17 октомври 2026 година, од 12:00 до 15:00 часот, во Мамбо – Авионче, организира роденденски настан под мотото: „6 години Лајка – Не славиме бројка,Настанот има за цел да ги истакне резултатите од шестгодишната работа на претпријатието, но и да ја отвори пошироката тема за одговорноста на поединците и заедницата во справувањето со проблемот со бездомните кучиња. Во рамки на програмата, која официјално започнува во 12:30 часот, ќе бидат реализирани неколку активности: „Десет кучиња. Десет погрешни човечки одлуки." – претставување на десет кучиња од прифатилиштето, преку чии индивидуални приказни ќе се укаже на последиците од напуштањето, неодговорното сопствеништво и негрижата за животните. Ревија на вдомени кучиња – настан на кој вдомените миленици ќе бидат претставени преку нивните животни приказни, наместо според изгледот, расата или потеклото. За учесниците се обезбедени признанија и награди со поддршка од нашите спонзори. Креативна работилница со Luna Pet Shop – интерактивни активности во кои децата и нивните миленици ќе имаат можност за заедничко творење и дружење. Изложба на детски цртежи – учениците од ООУ „Блаже Конески" и ООУ „Кузман Јосифовски – Питу" преку своите цртежи ги претставија кучињата од Лајка, испраќајќи порака за одговорно сопствеништво и ветување дека никогаш нема да ги напуштат своите миленици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - ШишаркиВо петок (09.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Соња Манасиевска КоневскаСостојки за денешниот рецепт: 250 гр. корнфлекс од какао 250 гр. маргарин 200 гр. чоколадо за готвење 150 гр. шеќер во прав 150 гр. сусам 150 гр. сецкани ореви 8 големи лажици мед Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПриведен 27-годишен гостиварец, со мотор возел 188 километри на час каде што е дозволено 80Мобилната единица при МВР со полициски пресретнувач откри мотоциклист кој возел со 188 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово, лишен од слобода 27-годишник од Гостивар.-Случајот се случил вчера попладне во 16:20 часот, кога полициските службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи регистрирале мотор од марката „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки. На делница каде што ограничувањето на брзината е строго поставено на 80 километри на час, пресретнувачот измерил движење од дури 188 километри на час, што претставува повеќе од двојно над дозволеното ниво. Возачот В.Б.(27)од Гостивар е лишен од слобода поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се сите соодветни мерки и против него ќе следува соодветна постапка согласно закон. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со специјалните полициски возила – пресретнувачи на територијата на целата држава, со цел откривање и санкционирање на несовесните возачи, зголемување на безбедноста на патиштата и заштита на сите учесници во сообраќајот. Управувањето на моторни возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои најчесто резултираат со тешки последици по имотот, здравјето и животот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter