Волво го сели производството на електрични возила од Кина во Белгија - Канал 5

Волво го сели производството на електрични возила од Кина во Белгија

Шведски Volvo Cars почна да го префрла производството на електрични возила од Кина во Белгија, проценувајќи дека ЕУ ќе воведе увозни давачки, пишува лондонски The Times.

Волво го сели производството на електрични возила од Кина во Белгија

Volvo е во сопственост на кинеската Geely и произведува електрични возила во Кина. Откако Европската комисија отвори истрага за можни субвенции кои би можеле да резултираат со царини, компанијата почна да размислува за прекин на продажбата во Европа, пишува лондонскиот весник, повикувајќи се на извори од компанијата.

Преместувањето на производството на моделите EX30 и EX90 од Кина во Белгија ќе го реши проблемот со можните тарифи и ќе ја отстрани опцијата за суспендирање на продажбата на возилата од агендата, објаснува Тајмс во извештајот објавен во саботата.

Компанијата би можела да го пресели и производството на некои модели наменети за британскиот пазар во Белгија, додава весникот.

Волво не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар за извештајот.

Европската комисија на почетокот на октомври отвори истрага за можни субвенции на кинеските производители на електрични возила, при што откри дека нивниот удел на европскиот пазар скокнал од еден на осум отсто и може да достигне 15 отсто до следната година.

„Неколку извори нагласија дека кинеските компании (на пр. BYD, Nio и Xpeng) сè уште извезуваат релативно мал број автомобили и дека две третини од увозот на Кина во ЕУ се возила произведени во Кина од етаблирани компании од ЕУ и САД“, се вели во извештајот на Европскиот парламент од октомври.

Комисијата мора да ја заврши истрагата во рок од 13 месеци. Тие можат да воведат привремени царини најдоцна во рок од девет месеци од почетокот на истрагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

Акциска контрола во угостителски објект во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и од мобилниот тим „Task Force“ во координација со претставници од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово.

Притоа, пред објект бил затекнат М.Р.(48) од Тетово и при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Додека, внатре во објектот, кај сопственикот Ј.Т.(54) од село Требош биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја, по што и тој е лишен од слобода.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Министерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври

По повод празникот, министерот Муцунски истакна дека 23 Октомври е потсетник на идеалите за слобода, самостојност и државотворност и ден на почит кон генерациите што го трасирале патот кон современата македонска држава.

„Наша обврска е тие идеали да ги чуваме со достоинство и да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава, одговорно водејќи ја кон напредок и нови достигнувања“, порача Муцунски.

Свои на своето – нека е честит Денот на македонската револуционерна борба!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца кумановци нападнаа повозрасен маж за да го принудат да земе брз кредит, уапсени се

Лишени од слобода две лица од Куманово, физички нападнале и ограбиле повозрасен маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит од финансиско друштво.

Двајца кумановци нападнаа повозрасен маж за да го принудат да земе брз кредит, уапсени се

На 22.10.2026 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода 45 - годишната С.Б. и Р.Т.(52) од Куманово. Според пријавеното, С.Б. измамила и повикала во својот дом 64-годишен маж наводно за да ѝ помогне да купи мобилен телефон, а кога пристигнале во дворот Р.Т. физички го нападнал, а таа му одзела пари и телефон . Како што е пријавено, после тоа го принудиле да отиде во финансиско друштво за да подигне брз кредит, но тој успеал да ѝ сигнализира на вработената дека е принуден да го прави тоа, по што повикала полиција.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер