САД со поддршка за реформата на кривичното законодавство и борбата против организираниот криминал - Канал 5

САД со поддршка за реформата на кривичното законодавство и борбата против организираниот криминал

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на Мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави.

САД со поддршка за реформата на кривичното законодавство и борбата против организираниот криминал

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на Мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, на која се разговараше за клучните реформски приоритети во правосудството и можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка.

Стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави претставува силна поддршка за реформската агенда на Министерството за правда, особено во зајакнувањето на владеењето на правото, унапредувањето на правосудниот систем и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Американската експертиза и институционална поддршка имаат особено значење за спроведување суштински реформи што ќе обезбедат поефикасни институции, поголема правна сигурност и конкретни резултати.

Посебен акцент на средбата беше ставен на реформата на кривичното законодавство. Министерот Шасивари ја истакна потребата од користење на американското искуство и експертиза во овој процес, со цел создавање современи и ефикасни законски решенија што ќе придонесат за поуспешно спречување и санкционирање на корупцијата и криминалот.

Во фокусот на разговорите беа и дигитализацијата на правосудниот систем, законодавната агенда и зајакнувањето на институционалните капацитети, како клучни сегменти на реформскиот процес.

Министерот Шасивари изрази благодарност за континуираната поддршка од САД, особено за придонесот во јакнењето на институциите и борбата против транснационалниот организиран криминал.

Конкретен резултат од ова партнерство е започнатата реализација на проектот за поддршка на спроведувањето на Националната стратегија за дроги, финансиран од Бирото за меѓународни прашања за наркотици и спроведување на законот (INL) при Стејт департментот на САД.

Двете страни ја потврдија подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката преку конкретни проекти, експертска помош и размена на искуства, со цел обезбедување одржливи и мерливи резултати од реформите.

За Министерството за правда, стратешкото партнерство со САД е повеќе од институционална соработка. Тоа е значајна поддршка за реформска агенда чија крајна цел е функционално, независно и ефикасно правосудство, во кое законите доследно се применуваат, институциите ја преземаат својата одговорност, а граѓаните имаат доверба во правдата, соопштуваат од Министерството за правда .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нека ни е честит и вековит 23 Октомври!

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, со положување свежо цвеќе и оддавање почит, го одбележавме овој значаен датум од македонската историја.

Јанчев: Нека ни е честит и вековит 23 Октомври!

Со гордост и благодарност се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и делата на сите оние кои се бореле за слободата, самостојноста и иднината на македонскиот народ.

Нивната борба е наша обврска да продолжиме да градиме подобра, посилна и просперитетна Македонија.

Нека ни е честит и вековит 23 Октомври!

Нека ни е вечна Македонија!, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крвава престрелка во близина на Париз: Маж пукал од автомобил, има мртви и ранети

Најмалку едно лице е убиено, а неколку други се ранети во пукотница што се случи утрово во департманот Ивлин, во западниот дел од регионот на Париз, кога маж отворил оган од возило на улицата, објавија француските медиуми.

Крвава престрелка во близина на Париз: Маж пукал од автомобил, има мртви и ранети

Според извори запознаени со случајот, осомничениот отворил оган од возило на улиците на градовите Трап и Ла Вериер околу 10:30 часот, објави BFM.

Мажот отворил оган на улица во Трап, во Ивлин, користејќи автоматска пушка, убивајќи едно лице и ранувајќи неколку други, објави Le Parisien, потврдувајќи ги информациите од весникот „Aktu17“.

Осомничениот за пукотницата е уапсен од Бригадата за борба против криминалот (BAC), објави парискиот весник, а телевизијата BFM објави дека е уапсен во градот Коањер.

Префектурата Ивлин соопшти дека службите за итни случаи моментално реагираат.

„Утрово, едно лице отвори оган од своето возило врз неколку луѓе со кои се сретна во Трап и Ла Вериер. Со жалење известуваме за смртта на едно лице во оваа фаза“, напиша градоначалникот на градот, Али Рабех, на Фејсбук.

Според претходните информации, најмалку две лица се тешко повредени, а бројот на повредени може да биде поголем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

Акциска контрола во угостителски објект во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и од мобилниот тим „Task Force“ во координација со претставници од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово.

Притоа, пред објект бил затекнат М.Р.(48) од Тетово и при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Додека, внатре во објектот, кај сопственикот Ј.Т.(54) од село Требош биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја, по што и тој е лишен од слобода.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер