Воен авион се урна во Грузија- пилотот загина

Воениот авион Су-25 на грузиските вооружени сили се урна во близина на селото Дисвели, во регионот на Болниси, а пилотот загинал, соопштија денеска официјални лица.

Припадниците на полицијата и итните служби се на местото на настанот, јавува грузиската новинска агенција Интерпрес (ИПН).

За да се утврдат точните причини за несреќата, надлежните служби ќе спроведат детална истрага, соопшти Министерството за одбрана на Грузија.

Судот во Москва осуди Американец на 12 и пол години затвор

Судот во Останкино, Москва денеска го осуди Роберт Вудленд, кој има двојно американско и руско државјанство, на 12,5 години затворска казна со максимална безбедност поради трговија со дрога.

Вудленд беше прогласен за виновен за обид за продажба на дрога во големи количини, пренесе Би-Би-Си.

Како што соопшти московското обвинителство, било утврдено дека Вудланд, „дејствувајќи во организирана група на 3 јануари 2024 година, по инструкции на организаторите, во шумска област, во парк, во градот Митиша, во Москва регионот, од скривницата одзел поголема количина на наркотична дрога мефедрон - 46,91 грама“.

Дрогата ја пренел во стан во Москва, каде што ја спакувал во 49 пакетчиња за понатамошна нелегална продажба.

Додека се обидувал да ја продаде дрогата, Вудленд бил приведен.

Роберт Вудланд (32) бил уапсен во Москва во јануари 2024 година.

Тој е роден во Пермската област и всушност бил регистриран таму, но живеел во Московската област.

Во 2020 година, Вудленд во интервју за „Комсомолска правда“ изјави дека во 1993 година бил посвоен од семејство од САД, а во 2020 година се вратил во Русија.

Ја запроси девојката на плоштад, таа му избега пред толпа народ- снимката е хит (ВИДЕО)

Вирално видео од неуспешно запросување во базиликата Sacre-Coeur во Париз се шири на социјалните мрежи.

Имено, еден дечко решил да ја запроси својата девојка во најромантичниот град, пред еден куп луѓе.

Тој клекна пред сите и ја запроси, а таа на изненадување на присутните почна да трча по скалите целата во солзи.

Кога побегнала од него, момчето паднало на земја и плачело, а луѓето почнале да го гушкаат и тешат.

@barstoolsports Ain’t no way 💀 @bussinwtb ♬ original sound - Barstool Sports

Видеото собра повеќе од 16 милиони прегледи и 1,1 милион лајкови, а во коментарите се огласија скептиците кои се сомневаат дека видеото е исценирано со цел да собере прегледи.

Вереницата на Џеф Безос имаше инцидент на аеродром во Грција- го покажа задникот (ФОТО)

Основачот на Амазон Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез уживаа на одмор во Грција, а нивните фотографии од аеродромот го привлекоа вниманието.

Имено, на аеродромот дувал ветер, па Лорен морала да се мачи со спуштање на фустанот и криење на задникот. Безос се обиде да ѝ помогне со спуштање на фустанот, но изгледаше дека на Лорен не ѝ беше многу грижа што сите ќе го видат нејзиниот задник. Свршеницата на Безос прошета низ аеродромот во жолто-бел фустан на Долче и Габана, кој убаво ја истакна нејзината витка линија.

Инаку, славниот пар со своето друштво се одмара на јахтата на Безос во Грција, а 54-годишната Лорен е снимена на романтична вечера со својот вереник, но и како се забавува на јахта и вози џет ски, а фановите на социјалните мрежи го коментираа нејзиното навежбано тело.

„Изгледа неверојатно“, „Секоја чест за вашата упорност во вежбањето“ и „Не ми се верува дека оваа жена има 54 години“, се само дел од коментарите. Инаку, парот се запознал пред пет години, а милијардерот минатата година ја запросил со прстен кој чинел 2,5 милиони долари.

притисни ентер