Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новоименуваната амбасадорка на Република Естонија - Канал 5

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новоименуваната амбасадорка на Република Естонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма од Н.Е. г-а Јана Ванамолдер, новоименувана амбасадорка на Република Естонија, со седиште во Будимпешта.

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новоименуваната амбасадорка на Република Естонија

На свечената церемонија, таа го истакна примерот на Естонија во демократската транзиција, институционална модернизација и дигитална експанзија, како релевантен реформски модел.

За претседателката, политичката и безбедносната соработка треба да се дополнат со економска, образовна, научна, културна и туристичка. Обете ја потврдија важноста на сојузништвото во НАТО, во контекст на актуелните безбедносни состојби и закани.

Претседателката изрази благодарност за поддршката што Естонија ни ја дава на евроинтегративниот пат.

Сиљановска-Давкова се заложи за преговори ослободени од билатерални услови од идентитетска природа и за јасни, предвидливи и објективни критериуми, засновани врз темелните европски вредности и постигнатите реформски резултати.

Амбасадорката Ванамолдер укажа на неизвесноста на преговарачкиот процес врзан за билатералните прашања и изрази разбирање за регионалните заложби и нашите природни европски амбиции.

Таа потсети на важноста на меѓусебната регионална поддршка за побрзиот процес на преговори и стекнување членство во ЕУ.

За неа, европската иднина на регионот се гради преку партнерство, меѓусебно разбирање и проширување.

Претседателката Сиљановска-Давкова ѝ посака успешен мандат на амбасадорката Ванамолдер, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин: Не сме против учеството на Европа во преговорите за Украина

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Русија предложила европски претставници да дојдат во Москва за да го разјаснат својот став за мировните преговори за Украина, пред да се донесе одлука за форматот на понатамошните разговори.

Путин: Не сме против учеството на Европа во преговорите за Украина

Зборувајќи во Кина по самитот со кинескиот и американскиот претседател, Путин рече дека САД „прилично упорно“ ја повикуваат Русија да се согласи со учеството на Европа во разговорите, кои досега се водеа претежно меѓу Москва, Вашингтон и Киев, со мал напредок.

Европа мора да каже што носи во преговорите

„Разбираме дека дискутирањето за безбедносните прашања, вклучително и безбедноста во Европа, без Европејците е бесмислено“, рече Путин.

„Не сме против учеството на Европа, но треба да знаеме што ќе донесе Европа во овие преговори. Преку дипломатски канали, предложивме европските претставници да дојдат во Москва за да го утврдат својот став. После тоа, ќе одлучиме во кој формат ќе го продолжиме дијалогот со Украина“, рече Путин.

Преговори во Абу Даби без голем напредок

Руски, украински и американски претставници одржаа разговори во Абу Даби минатата недела, први по девет месеци. Москва и Киев се согласија за голема размена на затвореници, но немаше други конкретни чекори напред. Вклучувањето на Европа би означило нова фаза во напорите за ставање крај на речиси петгодишниот конфликт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во руски напад со дрон е оштетена холандската амбасада во Киев (ВИДЕО)

Холандската амбасада е оштетена во руски напад со беспилотно летало врз Киев. 

Во руски напад со дрон е оштетена холандската амбасада во Киев (ВИДЕО)

Проектилот падна зад зградата, кршејќи прозорци и оштетувајќи автомобили и стражарницата. Вработените во амбасадата не беа повредени, но едно лице беше убиено, а четири лица се повредени во нападот врз градот.

Холандскиот министер за надворешни работи Том Берендсен објави дека дронот ја погодил областа зад амбасадата. Тој рече дека зградата претрпела помала штета, дека вработените се безбедни и дека министерството истражува што точно се случило.

Не е потврдено дали дронот намерно ја таргетирал областа на амбасадата или бил соборен од украинската воздушна одбрана.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха ја повика меѓународната заедница да ги осуди нападите врз странските дипломати и рече дека „теророт на Путин мора да биде пресретнат со силен одговор“. kyivindependent.com

26-годишен маж загина во нападот

Властите во Киев објавија дека 26-годишен маж е убиен во нападот, а четири лица се повредени. Тројцата повредени се пренесени во болница. Не беше објавено каде биле жртвите во времето на нападот. ukrinform.net

Руски беспилотни летала го нападнаа Киев во текот на денот, а сирените за воздушен напад се огласија неколку пати во градот. Експлозии и противвоздушна одбрана се слушнаа во неколку градски области.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер