МакедонијаВодата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 22.06.2026 до 26.06.2026 зема 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУнгарскиот претседател ја потпиша својата сменаУнгарскиот претседател Тамаш Суљок се согласи да се повлече, потпишувајќи го новиот амандман на Уставот, со кој заврши неговиот мандат на полноќ.Партијата Тиса на премиерот Петер Маѓар ја протурка промената на Уставот во парламентот оваа недела за да го отстрани Суљок, кого го сметаше за марионета на поранешниот премиер Виктор Орбан. Суљок имаше пет дена да го потпише амандманот или ризикуваше постапка за отповикување. Тој потврди дека ќе го испочитува рокот, но ја обвини владата на за кршење на владеењето на правото. Со новиот амандман беше сменет и претседателот на Уставниот суд и се забранува пратениците да имаат повеќе од три мандати, што се однесува на повеќе од половина од сегашните парламентарци на фидес на Орбан. Тој го опиша амандманот како чин на тиранија и повика на протести.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМЗ: За епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар13:39УХМР: Сончево и многу топло, температура до 40 степени 09:11Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
МакедонијаВиктор Грозданов: Сашко Јанчев - Еко лажовЕдна позната личност колумнист ќе напише: „Да себиде пратеник е функција пред сѐ на чест, наблагородништво, на моќ и сила да ги застапуватеинтересите, соништата, идеалите и идеите налуѓето кои ве избрале за ваш лидер, застапник, зошто да не, и месија“За жал пратеникот од соодветната политичка партија е докажан Еко Лажго во врска со отворање на нови рудници, а јас нормално со доказ ќе го разобличам неговото манипулирање со јавноста и како ја доведува во заблуда популацијата на југоистокот. Но, тоа и не така страшно ако се земе во предвид кој се пратеници лажеле, лажат и во иднина има да лажат и крадат во оваа држава. Самиот пратеник одлучи не да биде запишан како пратеник со сериозен морален и етички кредибилитет, туку напротив се прогласи самиот за „монструм“ кој предизвика тешка сообраќајна несреќа со смртни последици кога одлучи да се брани на суд како актуелен пратеник. „Момчето од Идризово кое со мотор удри во џипот на пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, починало како последица на повредите од сообраќајката“. „Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а околу 04:00 часот по наредба на јавен обвинител, возачот беше лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од кривичниот законик. објавија медиумите. Секој нормален во оваа држава веднаш без размислување би си дал оставка од позицијата пратеник и би барал прошка од фамилијата на детето и со наведната глава ќе ја пречека пресудата. Ама од плексиглас нозе не се прават. Само да потсетам. Што е Сашко Јанчев повеќе од следниов господин: „Основниот кривичен суд Скопје денеска му изрече казна затвор во траење од 11 години на 25-годишниот Фатон Љури, обвинет дека управувајќи мотор „Кавасаки“ по пешачка патека на кејот на Вардар, го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и го напуштил местото на несреќата“. И едниот и другиот извршиле убиство во тешки сообраќајни несреќи. Делото е исто, само што кај пратеников има олеснителна околност дека не бегал и пружал помош. Сега се поставува следново прашање до судските органи. За Љури може брзински да се суди, ама за пратеников идеме со девизата: Ај па следниот век ќе започне првото рочиште, нели? На овој пратеник кој се одлучил да биде морален монструм му препорачувам да седне некаде сам и да си ја донесе следнава одлука. Си давам оставка и се соочувам со правдата. Ако ја сака толку Левица како политичка партија. Искрено за мене ваков потег ќе биде сериозно изненадување зошто мислам дека платата и функцијата му се многу побитни отколку изгубенот живот на детето и животот на неговата фамилија која сигурно поминува низ сериозни трауми. Од човечност тука ќе сопрам. Но, покрај немилиот настан овој пратеник е во конкуренција за избор на прво место за нај нај нај „Еко Лажов“ во Македонија. Ниту неговите колеги Јованка Тренчевска, Миле Цеков и неговиот сограѓанин од Мрзенци, Гоце Тасевски неможат ниту да му се доближат. Овој пратеник си снимил видео и ни објаснува како Власта е ненародна поради тоа што дала концесии за да се извршат геолошки истражувања на потегот каде има металични суровини во Македонија, а тоа е целиот источен регион. И освен влевањето на страв кај населениото со непроверени информации потсетува и дека Власта имала две слаби точки, а едната се гласовите од граѓаните (директна уцена). Потоа се изјасни и дека: Кога ќе завршат овие геолошки истражувања доволно е само да се поднесе еден лист „Барање“ како документ и оп отвараш рудник и нели нормално загадуваш се. Епа ја доби титулата за нај нај нај „Еко Лажов“ зошто вистината како се отвара рудник е следнава. Рудните наоѓалишта се експлоатираат по следниве постапки: 1. Истражување и извидување за утврдување наместоположбата, големината и вредноста належиштата 2. Проценка на ресурсите со математички пресметки за количината и класата 3. Изготвување на претпроектна студија со цел да се утврди теоретската стопанска корист од рудникот. Со ова се одредува дали треба да се вложува во понатамошни истражувања и се востануваат главните ризици што би произлегле од тоа. 4. Изготвување на проектна студија за финансиската исплатливост, техничката изводливост и финанскиските и техничките ризици. Во овој момент се решева дали проектот треба да оди понатаму или да се напушти. Тука спаѓа планирање на рудникот со моделирање на искористливиот дел, металуршките процеси, пазарната побарувачка и вредност на рудата, трошоците на инженерските и техничките работи и инфраструктурата, финансиските услови и анализа на животниот век на рудникот. 5. Проценка на влијанието врз животната средина 6. Градежни работи, постаување на инфраструктура и вградување на опрема 7. Работа со рудникот (експлоатација) 8. Рехабилитација на земјиштето за негова поинаква употреба во иднина. Еве тоа е ликот и делото на овој пратеник за кој има и информации за некакво насилие врз жени, ама јас нема да верувам дур не видам пријави до МВР, а ако има страв од поднесување стојам на располагање за помош каде има да ги активирам сите медиуми.СТОП НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ. Неговиот сограѓанин од фирмата Тас-Ком ДООЕЛ и местото се наоѓа во Јавор Џоко си објавува некои свои размислувања и лаги поврзани со рударството. Па така, негов фан од Битола напиша дека на мене и моите колеги од медиумите „Ќе ни е**л се женско во фамилија до трето колено“. И наместо да се извини сограѓанинов, си продолжува и сега лаже дека две национални телевизии го труеле македонското општество, а биле финансирани со пари од граѓаните. Драг, Гоце Тасевски мора да си признаам дека си поставив чудно прашање. Зарем можно е да си толку многу наивен, а тоа значи глуп? Директорот на Канал 5, 100 проценти има да ти мавне кривична, не прашта Мирчевски и има да осознаеш дека џабе ќе ти бидат јавувања.Но има друг проблем. Директорот на Сител Телевизија знае толку многу рударство и медиуми што ти 17 пати да се родиш нема да дојдеш до 0,000001 процент од неговото знаење. Сега кога им ги испраќам твоите лаги објавени на ФБ гарант директорот на Сител ќе се изнервира што ретко го прави тоа и јас ти посакувам само добро здравје. Ќе ти треба и тоа многу. П.С. Во следната колумна го посветувам моето внимание на Јованка Тренчевска рударот со завршен факултет Социологија на следниве теми,а се поврзани со бандата еколози од СДСМ и нивните еко пратеници коалициони партнери. 1. Кој го рекетираше Казандол во милионски сумидо затворањето во 2019 година? 2. Како го донесоа законот за животна средина со кој во овој момент веднаш 200 илјади вработени можат да останат без работа? 3. Кој дозволи да исчезнат 3.5 тони злато и да се нанесе огромна финансиска штета? Да живее Македонија! Извор: НетПрес- автор Виктор Грозданов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАЛеброн се враќа во Мајами?Сè почесто и посериозно се зборува за „Мајами Хит“ како една од реалните опции за враќањето на Леброн Џејмс. Додека четирикратниот МВП на НБА размислува за следниот чекор во својата кариера, новинарот на ESPN, Брајан Виндхорст, смета дека Мајами поседува адут што не треба да се потцени – Пет Рајли. - Со текот на децениите, Пет Рајли успеваше повторно да соработува со сите тие големи играчи – изјави Виндхорст во емисијата „NBA Today“. Тој потсети дека Мајами има историја на обновување на односите со ѕвездите што ја напуштиле франшизата. - Алонзо Морнинг си замина под тешки околности, но се врати. Шак си замина среде големи тензии, но подоцна се врати во франшизата и му беше повлечен дресот од употреба. Двејн Вејд си замина како слободен играч по несогласување, се врати, а сега има и статуа пред салата. Неговото заминување во Кливленд беше удар за организацијата на „Хит“ и за навивачите, но Виндхорст смета дека односот никогаш не бил целосно нарушен. - Рајли знае како да ги врати играчите. Беше разочаран кога Леброн си замина во 2014 година, но никогаш не постоеше онаков вид на непријателство какво што се јави во некои од другите средини што тој ги напушти. Виндхорст смета дека Мајами има дополнителна предност бидејќи може да понуди долгорочен план, наместо само да се обидува веднаш да дојде до титулата. - Мајами има начин, особено со оглед на тоа што Леброн вели дека размислува за подолг временски период. Тоа отсекогаш било добитната формула за него. Каде и да отишол, ја освојувал титулата во втората сезона. Мислам дека Мајами би бил најдобар за една година, а Леброн може да биде дел од тоа. Џејмс ја освои својата прва титула во кариерата во втората сезона во Мајами. Истото го постигна и по враќањето во Кливленд, а потоа и во Лос Анџелес Лејкерс.Тагови: Леброн Џејмс НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter