ЕП даде зелено светло за воспоставување центри за баратели на азил во трети земји - Канал 5

ЕП даде зелено светло за воспоставување центри за баратели на азил во трети земји

Европскиот Парламент даде зелено светло за воспоставување центри за баратели на азил во трети земји откако десничарските и крајнодесничарските европратениците во Стразбур изгласаа построги правила за азил и депортација.

ЕП даде зелено светло за воспоставување центри за баратели на азил во трети земји

Измените на двата закона предвидуваат барателите на азил да може да се испраќаат во трети земји дури и ако немаат никаква директна врска со нив, туку само транзитирале низ таа територија. Во листата која е објавена како безбедни земји меѓудругото се набројани Косово, Мароко, Тунис, Колумбија и Индија, а дополнително се наведува и дека земјите-кандидатки може да се вбројат во таа листа, без да наведат имиња на држави. Целта на измените како што посочија предлагачите е засилување на улогата на земјите-членки во справување со миграцијата и злоупотреба на правото на азил.

-Со овие два документи им ја даваме на земјите-членки флексибилноста која им е итно потребна да ги оценат барањата за азил по брз и ефикасен пат и на начин кој ќе го намали притисокот врз националните институции.- - Лена Дупонт – ЕПП.

-Текстот кој го утврдивме претставува јасен чекор кој ќе ни помогне да се справиме со нелегалната миграција. Феномен кој ја загрозува кохезијата на Европа, безбедноста на нашите граѓани и довербата во европските институции. - Алесандро Чириани – Европски конзервативци.

-Листата на безбедни држави става крај на злоупотребата на правото на азил. Тоа значи дека апликантот ќе биде испратен во безбедна држава додека не се разгледаат сите детали за неговиот случај. - Фабрис Леџери – Патриоти за Европа

Иако законските измени поминаа со мнозинство гласови, социјалдемократите и либералите се спротиставија на предложениот текст кој предвидува депортација на баратели на азил во трети земји, оценувајќи го како силен удар за основните вредности на Унијата.

-Не успеавте да изградите ѕидови, но правите нешто полошо, ги користите законите како ѕидови. - Сесилија Страда – Социјалисти и демократи.

-Силно се противам на овој текст за безбедни трети земји. Да бидеме јасни, ние ќе испраќаме во луѓе во земји кои немаат никаква поврзаност со нив, без притоа да се провери нивното барање за азил. Европската десница и крајната десница инспирирани од Доналд Трамп ја водат Европа по лизгава патека,- - Фабиен Келер – Обнова.

-Безбедна држава? Каква безбедна држава, за кого и зошто? За да си го озбезбедите повторниот избор по цена на стотици мртви? Претседателкe Фон Дер Лајен имате голема морална одговорност за загубата на основните вредности на ЕУ во поглед на оваа расистичка опсесија на крајната десница,- Дамиен Карем – Левица.

Измените на законите кои означуваат значително заострување на миграциската политика, сепак треба да добијат финална согласност од 27-те земји-членки на Унијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-Фото: Џенифер Лопез во смело издание: Сите погледи вперени во нејзиниот грб

Латино дивата Џенифер Лопез блесна во Париз, каде што присуствуваше на хуманитарна гала-вечер организирана од „Naked Heart France“ и повторно привлече внимание со својот моден избор. 

Видео-Фото: Џенифер Лопез во смело издание: Сите погледи вперени во нејзиниот грб

Иако овојпат ја пропушти самата модна ревија,светската музичка ѕвезда се појави на еден од придружните настани во впечатлива комбинација.

Џенифер пристигна во смел кафеав фустан со целосно отворен грб и драматичен шлиц што се протегаше високо по нејзината нога. Изгледот го заокружи со црни чевли со отворени прсти и мала чантичка.

Таа им се насмевна на бројните фотографи додека многубројни камери го овековечуваа нејзиното појавување.

Меѓу гостите на хуманитарната вечер беа и други истакнати личности од светот на модата, вклучително и Стела Макартни. Организацијата „Naked Heart France“ е основана од манекенката Наталија Водјанова и е посветена на подобрување на квалитетот на живот на лицата со аутизам и нивните семејства во Франција.

Во последните недели, Џенифер Лопез привлекува големо внимание со своите појавувања на модни настани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Историски момент за Кавадарци, започнува изградбата на новиот Младински културен центар!

Од денес започнува изградбата на новиот Младински културен центар – простор создаден за младите, нивните идеи, креативност и дружење, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев: Историски момент за Кавадарци, започнува изградбата на новиот Младински културен центар!

-Историски момент за Кавадарци! [❤️]

Од денес започнува изградбата на новиот Младински културен центар – простор создаден за младите, нивните идеи, креативност и дружење. Младинскиот центар ќе биде на второто ниво, со површина од околу 800 м² и со посебен влез, како дел од новиот деловно-трговски комплекс кој ќе се простира на околу 6.000 м².

Современ простор за култура, образование, креативни работилници, настани, дружење и младински иницијативи.

Комплексот ќе располага со 25 паркинг места, плус дополнителни околу 40 места пред објектот.

Целокупната инвестиција и изведба на објектот е од страна на Five Star Building, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џим Кери тајно се ожени со 32 години помлада девојка 32 години помлада

Според американските медиуми, холивудската ѕвезда, актерот Џим Кери (64) се оженил со Мин А (32) на мала, приватна церемонија во Лос Анџелес, девет месеци откако првпат се појавија заедно во Париз. 

Џим Кери тајно се ожени со 32 години помлада девојка 32 години помлада

Двојката главно ја чуваше својата врска подалеку од очите на јавноста, а првпат заедно се појавија на црвениот тепих во Париз.

Џим Кери претходно изјавуваше дека не планира повторно да стапи во брак.

Кери и Мин А првпат заедно прошетаа на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Цезар“ во Париз, тие се во врска од 2022 година. Тој главно ја чуваше врската со уметницата во тајност, иако ѝ се заблагодари во говорот на таа церемонија и изјави дека ја сака.

Актерот претходно изјави дека не планира повторно да стапи во брак. За време на гостувањето во емисијата *The Howard Stern Show* во 2014 година, тој го изнесе ставот дека тоа не е неопходно.

„Едноставно не го сметам за неопходно“, рече тој, додавајќи дека иако не може да знае како би се чувствувал доколку запознае некоја личност што целосно би го освоила, сепак не би тргнал доброволно во тој правец.

Тој претходно беше во брак со Мелиса Вомер од 1987 до 1993 година, со која ја има ќерката Џејн. Нивниот развод беше опишан како тежок, а спогодба беше постигната во 1995 година. Браковите и медиумски експонираните врски на Џим Кери Потоа, во 1996 година, се ожени со Лорен Холи, неговата колешка од филмот *Dumb and Dumber* („Глупавиот и поглупавиот“), но таа поднесе барање за развод помалку од една година подоцна.

Во 1999 година, Џим Кери започна врска со Рене Зелвегер – со која и се сврши – но тие раскинаа во 2000 година. Потоа, од 2005 до 2010 година беше во врска со Џени Мекарти. Подоцна, се поврзуваше со неколку други жени, меѓу кои шминкерката Катриона Вајт и актерката Џинџер Гонзага, пренесува Klix.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер