Водата во Охридското Езеро со одличен квалитет и безбедна за спорт и рекреација

Водата во Охридското Езеро е микробиолошки и хемиски исправна и со највисок квалитет, односно од прва категорија и тоа на сите примероци земени на потегот од Свети Наум до Радожда. 

Тоа го покажуваат анализите што секоја година во овој период пред летната туристичка сезона ги спроведува Центарот за јавно здравје во Охрид.

Според она што беше кажано на денешната прес-конференција, она што постојано е јавува како проблем е квалитетот на водата од реките на езерскиот слив, каде се забележува деградација и загадување на реките Велгошка, Сатеска и Коселска, со незадоволителни микробиолошки параметри и хемиска категоризација од трета класа. Како такви тие се најголеми загадувачи на езерото.

- Критична точка има и кај мостот на Студенчишкиот канал, каде години наназад во водата се одливаат фекалии од цевка на канализицискиот систем. Квалитетот на водата од примерокот земен од цевката е од петта категорија, додека примерокот на водата кај во каналот на тоа место е хемиски е од трета категорија, незадоволителен микробиолошки, посочи Сашо Точков од Центарот за јавно здравје во Охрид.

Високата моќ на самопрочистување на езерото резултира со одличен квалитет на водата во Охридското Езеро, така што се исполнети сите предвидени стандарди за спорт и рекреација.

Што се однесува на струшкиот дел од крајбрежјето што се уште не е вклучено во колекторскот систем за собирање и третман на отпадните води, водата сега е одлична според квалитетот, но се очекува како и изминатите години во летниот период да дојде до деградација во квалитетот, пред се поради зголемениот број посетители во тој дел од езерото.

- Фекалната вода од канализациите од објектите, населбите што не се вклучени во колекторот понира и ги загадува подземните води и езерото, еко-системот што има ограничен капацитет за прием и самопрочистување... Тој капацитет одамна е надминат, така што мора надлежните да размислуваат за во иднина и да се менува нешто во тој дел , истакна Точков.

Како што беше посочено, Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро проектиран за опслужување некаде 30 илјади жители сега истиот опслужува над 50 илјади лица и десетици илјади туристи во летниот период, што јасно покажува дека неговото оптеретување е многу поголемо од допуштеното.

Претседателката Сиљановска Давкова прими ученици-младинци со оштетен слух и говор

Претседателката Сиљановска Давкова прими ученици-младинци со оштетен слух и говор од ДУЦОР „Партенија Зографски“.

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска примила ученици-младинци со оштетен слух и говор од Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“, специјалниот едукатор и рехабилитатор Христина Божиновска Ѓикова и Викторија Волак, толкувач на знаковен јазик.

Како што соопштија од нејзиниот Кабинет, на средбата претседателката на државата била информирана за тековните активности во овој училишен центар што се во насока на образование, воспитување, рехабилитација, професионално и работно оспособување на ученици со оштетен слух. Учениците ја запозналеСиљановска Давкова со разновидните воннаставни активности во коишто се активно вклучени преку кои ги развиваат своите вештини и таленти од областите за кои покажуваат особен интерес, како и со нивните идни планови по завршувањето на средното образование.

Претседателката Сиљановска Давкова ја истакнала значајноста на дејноста на ова единствено училиште за средно стручно образование во земјава за учениците со оштетен слух во коешто се оспособуваат за интегрирање во работните процеси, како и за вклучување во високото образование.

Изразувајќи ја својата поддршка за нивната мисија, Сиљановска Давкова , како што стои во соопштението, упатила порака дека наш заеднички приоритет треба да биде унапредувањето на правата на лицата со оштетен слух и говор со цел нивна поголема инклузија во македонското општество.

Уставниот суд ја прифати иницијативата од ДКСК со која беше оспорен „балансер“

Уставниот суд ја прифати иницијативата од ДКСК со која беше оспорен т.н. балансер при вработувањата по етнички клуч во државните институции.

Оспорени се членови од Законите за вработените во јавниот сектор и за административни службеници во делот " припадност на заедница", како и во Правилникот за вработување. Поведена е времена мерка.

Дополнително уставните судии одлучија по соптвена иницијатива Судот да поведе мерки и за други одредби од законите, како Методологијата од 2016 година за вработувања по етничка линија во администрацијата.

Повеќе детали за денешната одлука на Уставниот суд во вестите во 15 часот.

Видео: Вучиќ на Инстаграм бара Трифуновиќ да биде ослободен

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм побара итно вклучување на државните органи на Република Србија за ослободување на актерот Сергеј Трифуновиќ.

Тој се осврна и на случајот со Северина, која Србите ја задржаа на граница.

„Пред неколку дена видовме општа хајка против државата Србија, организирана и надворешно и внатрешно, само затоа што естрадна уметница од Хрватска беше задржана десетици минути на граничниот премин. Таа не беше приведена, уапсена или малтретирана. Истите луѓе внатре и надвор молчеа кога адвокатот Бериќ беше уапсен во Хрватска, тој беше во притвор 15 дена поради објавена песна на неговиот Фејсбук профил“, рече Вучиќ.

„Вчера беше приведен и уапсен и одведен од граничниот премин Сергеј Трифуновиќ, човек кој е мој политички противник, основачот на Движењето на слободни граѓани. Но, тој е и државјанин на Србија, државјанин на нашата земја, тој беше уапсен no никој не разбра за што. Најпрво барам од властите во Србија да се обидат да се борат за правдата и слободата на Сергеј Трифуновиќ преку сите дипломатски канали и апелирам до хрватските власти да разберат дека притворот на Србите не води кон развој на подобри односи и не сакам да ги изговарам грубите зборови и квалификации што тие ги искажаа за Србија“, продолжи тој.

„Молам и барам да постапат рационално и да го ослободат Сергеј Трифуновиќ“, заклучи тој.

Извор: Индекс.хр

притисни ентер