Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП, вели Мицкоски - Канал 5

Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува според последните индикатори во економијата во вториот квартал да има висок раст на домашниот БДП.

Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП, вели Мицкоски

-Сите индикатори што се објавуваат за првиот месец од вториот квартал се вонредно високи, тоа е четврти квартал од оваа Влада, што може да укаже на тоа дека состојбата е стабилизира во рамките на нула, не велам дека имаме раст, но ако имаме предвид дека бевме длабок минус ние сме дојдени во состојба нула и сега треба да креваме, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање за послдните податоци од Државниот завод за статистика за состојбата во прометот во индустријата.

Мицкоски посочи дека има раст во преработувачката индустрија од околу 6, 6 проценти, како и дека расте прометот со трговијата во индустријата на меѓународниот пазар.

-Покрај растот на трговијата во индустријата од шест проценти она што мене ме радува е што расте преработувачката индустрија од 6, 6 проценти, расте прометот со трговијата во индустријата на меѓународнот пазар значи извозот тоа е многу важно за прометот и тој многу повеќе расте од домашниот, домашниот има мислам има околу 1,5 пад, додека пак растот на прометот на трговијата во индустријата надвор е околу 7,5 проценти. Да не го заборавиме параметарот издадени одобренија за градење во ноември има 38, 9 проценти повеќе во однос на лани во април. Туристите се некаде 20-тина проценти, рече Мицкоски кој присуствуваше на манифестацијата „Од нива до трпеза“ во Општина Аеродром.

Тој оцени дека ова се охрабрувачки сигнали, и рече дека воедно е забележан и раст на кредитите од страна на правните лица.

-Растот на кредитие, исто така од страна на правните лица е поголем за инвестиции во основни средства околу 16 поценти и ова се параметри кои укажуваат дека во вториот квартал би требало да имаме еден извонредно висок раст на БДП. Да не бидам погрешно сфатен кога зборувам за БДП зборувам за нашиот не зборувам дека нашиот по куповна моќ или волумен на пари е трет или четврт, но кога зборуваме за раст процентуално во однос на нашито тогаш ние во првиот квартал бевме четврти во Европа, а ако продолжат овие трендови можеме да бидеме некое место погоре, изјави Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Полнети тиквички

Во петок (13.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Бобан Цаневски.

„Гответе со Дракче“ - Полнети тиквички

Состојки за денешниот рецепт:

2 тиквички

300 гр. мелено месо

1 главица кромид

1 морков

2 компира

1 домат

1 чешне лук

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По распаравија, синот го запали автомобилот на мајката

Семејна драма се одвивала вчераутро во скопски Чаир, каде што син го запалил автомобилот на мајка си, а потоа се заканил дека ќе го запали и станот во кој живеат.

По распаравија, синот го запали автомобилот на мајката

28 годишникот бил лишен од слобода, бидејќи тој по закана дека ќе го запали автомобилот во пет часот наутро го запалил и се заканил дека ќе го запали и станот на неговата мајка.. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти министерството за внатрешни работи...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот Георгиевски во посета на Здружението „Моето гнездо“ по повод Неделата посветена на старите лица

По повод Неделата посветена на старите лица, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети Здружението „Моето гнездо“, кое ја спроведува социјалната услуга „Помош и нега во домот“ на територијата на општината. 

Градоначалникот Георгиевски во посета на Здружението „Моето гнездо“ по повод Неделата посветена на старите лица

Услугата, која изминатиот период активно се реализира во Општина Илинден, е наменета за лица над 65 години, како и за лица со попреченост, со цел да им се обезбеди соодветна грижа и поддршка во домашни услови, поголема самостојност и подобар квалитет на живот.

При посетата, градоначалникот Георгиевски се запозна со досегашните активности на здружението и истакна дека грижата за повозрасните граѓани, како и за лицата со попреченост е еден од најголеми приоритети на локалната самоуправа.

„Со воспоставувањето на услугата „Помош и нега во домот“ овозможуваме конкретна поддршка таму каде што е најпотребна. Особено ме радува што оваа услуга веќе активно се спроведува на територијата на Општина Илинден. Ќе продолжиме да вложуваме во развојот на социјалните услуги, бидејќи секој граѓанин заслужжува да има можност за достоинствен и квалитетен живот“, истакна градоначалникот Георгиевски.

Сите заинтересирани граѓани кои имаат потреба од услугата „Помош и нега во домот“ можат да се обратат на телефонскиот број 079 340 473, каде што ќе добијат дополнителни информации за начинот на користење на услугата, која е целосно бесплатна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер