БалканВо возило на Итна помош во Србија се пронајдени 3 килограми дрога Полицијата од Нови Пазар, Србија, го запреле возилото за брза помош и пронашле неколку килограми опојна дрога марихуана.Според информациите во српските медиуми, амбулантното возило со регистерски ознаки од Рашка било запрено на стариот пат Нови Пазар - Рашка, во близина на новопазарската населба Шестово. Во него, според првите неофицијални информации, биле пронајдени околу 3 килограми опојна дрога марихуана. Возачот на Брзата помош е пренесен во просториите на СВР Нови Пазар, објави српски Телеграф.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНови израелски напади врз Газа: Убиени тројца Палестинци, меѓу повредените има и детеТројца Палестинци загинаа, а четворица други беа повредени – меѓу кои и едно дете – во израелски напади низ Појасот Газа во петок.Нападите се случија и покрај прекинот на огнот што е на сила од 10 октомври минатата година. Напади во централниот дел на Газа Во последниот напад, израелско беспилотно летало погоди двор на семејна куќа во бегалскиот камп Нусеират. Медицински извори ја потврдија смртта на Ибрахим Абу Уваимер, чие тело беше пренесено во болницата „Ал-Авда“. Претходно, Ахмед ал-Рамлави загина во напад врз шатор поставен на покривот на куќа западно од градот Газа. Во друг напад во близина на крстосницата „Ансар“, југозападно од градот, загина Ибрахим Мунир ал-Масри, а беше ранет уште еден Палестинец. Ескалација на југот од Појасот Газа Три лица – меѓу кои девојче и постара жена – беа ранети од оган на израелската војска во областа Ал-Маваси и во близина на населбата „Хамад Сити“, северозападно од Кан Јунис. Сведоци изјавија дека израелски воени возила отвориле оган врз станбени области и шатори во кои биле сместени раселени лица на северот, истокот и југот од Кан Јунис. Според нив, израелски воени бродови исто така пукале кон крајбрежјето на истиот град. Рушења и гранатирање Локални извори објавија дека израелската армија срушила голем број куќи и згради во населбата Ал-Туфа, источно од градот Газа. Израелски воени авиони изведоа најмалку два напади врз напуштени згради во населбите Ал-Туфа и Шуџаија, но во тие напади немаше жртви. Во централниот дел на Газа, израелската артилерија ги гранатираше источните делови на Деир ал-Балах и бегалскиот камп Ал-Магази, а областа беше изложена и на пешадиски оган. Податоци за жртвите Според податоците на Министерството за здравство во Газа, 1.439 Палестинци се убиени, а 5.052 се ранети при израелските прекршувања на договорот за прекин на огнот. Од 8 октомври 2023 година, Израел има убиено повеќе од 74.000 Палестинци и рането повеќе од 175.000 во Појасот Газа. Уништени се околу 90 отсто од инфраструктурата во енклавата. Извор: Индекс.хрТагови: Појасот Газа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
ЕвропаАнтитерористичка акција во Германија: Уапсен маж осомничен за поврзаност со Исламската државаСпецијални полициски единици извршија претреси на неколку локации во Германија поради сомневања за терористички планови поврзани со „Исламската држава“, пишува „Билд“. Во петок наутро, во Дрезден беше уапсен 37-годишен маж под сомнение дека се обидел да ѝ се приклучи на терористичката организација. Истрагата ја води Главното државно обвинителство на Саксонија, а во рамките на операцијата, полицијата изврши претрес и во семејна куќа во Шварцхајде (Бранденбург) и на три локации во Берлин. Истрага за тероризам Портпаролот на обвинителството, Патрик Пинтаске, изјави дека 37-годишникот се товари за обид за членство во странска терористичка организација, како и за подготовка на терористичко кривично дело. Тој нагласи дека во ниту еден момент немало конкретна опасност за населението, пренесува германскиот медиум МДР. Мажот, чија националност сè уште не е соопштена, беше уапсен во својот стан во Дрезден и му е одреден притвор. Претреси во Берлин и Бранденбург Претресите во Шварцхајде и Берлин беа насочени кон трети лица кои формално не се под истрага. Државното обвинителство не сакаше да ја открие нивната поврзаност со уапсениот маж, објаснувајќи дека истрагата сè уште е во тек. Во операцијата, на истражителите од Саксонија им помагаа полициски сили од Бранденбург и Берлин, а учествуваа и специјални единици. За време на претресите, полицијата заплени техничка опрема, документи и ладно оружје. Извор: Индекс.хрТагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПјонгјанг пресече: „Нема да има извинување“Претходно оваа недела, Јужна Кореја објави дека севернокорејски мини предизвикале експлозија во која тешко биле повредени двајца јужнокорејски војници за време на извидувачка мисија во граничната зона широка четири километри.Северна Кореја денес ги отфрли како неосновани обвинувањата од Сеул дека севернокорејски мини тешко повредиле јужнокорејски војници во Демилитаризираната зона, одбивајќи го барањето на Јужна Кореја за извинување, објави државната новинска агенција „KCNA“. Ким Јо Џонг, функционерка на владејачката Работничка партија и влијателна сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, изјави дека Пјонгјанг не поставил намерно мини во граничната зона. Во својата изјава, Ким истакна дека Јужна Кореја „донела неоснован заклучок оти експлозијата била предизвикана од некој што тајно и намерно поставил мини“. Истовремено, таа изјави дека Северна Кореја нема да дозволи каква било можност за контакт меѓу двете земји, опишувајќи ја директната средба со Јужна Кореја како „кошмар“, пренесе „KCNA“. Претходно оваа недела, Јужна Кореја објави дека севернокорејски мини предизвикале експлозија во која тешко биле повредени двајца јужнокорејски војници за време на извидувачка мисија во граничната зона широка четири километри, која се протега низ Корејскиот Полуостров. Нејзината војска побара од Северна Кореја да се извини и да ги запре работите за утврдување на границата, наведувајќи дека ќе преземе „соодветни“ мерки, пренесе Ројтерс. Јужнокорејската војска спроведе истрага за инцидентот заедно со Командата на Обединетите нации, која го надгледува почитувањето на примирјето од Корејската војна. Командата на ОН во средата објави дека инцидентот претставува кршење на примирјето од Корејската војна. Извор: Б92Тагови: Пјонгјанг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook