Во Скопје одбележана кампањата „Напред розово“

Наместо на преглед, КОВИД пандемијата ги задржа потенцијално болните од рак на дојка дома. 

Дури за 40% опаднал бројот на нови откриени случаи.

Невладините апелираат да се вложи напор короната да не биде пречка да се спроведуваат сите дијагностички активности бидејќи секој еден ден е важен.

.„Ќе треба да им се овозможи на пациентите да имаат непречени и достапни дијагностички процедури, да не ги има оние долги термини, едноставно тој проблем што се појави во време на ковидот да се надмине. И, секако, таблетарната терапија која што веќе се покажа како успешна и заедно ја дистрибуираме со Клиниката за онкологија и Црвен Крст да продолжи, меѓутоа да преземат одговорност и Штип, Битола и Тетово каде што има, да не е само централизирано во Скопје.“вели Биба Додева, претседателка на „Борка“

Во Македонија годишно 800 луѓе заболуваат од рак на дојка, но во просек 300 од нив ја губат битката. Иако најчесто заболуваат жените над 50 години, најмладата пациентка во земјава има само 18 години.

Докторите повторуваат дека ракот на дојка најмногу се лечи со рано откривање, а здравиот животен стил ги намалува ризиците од заболување.

„Раното откривање е нешто што дава најмногу надеж дека таа болест може да ја задржиме до мал стадиум и полесно да се елиминира, да не се дојде до потежок стадиум каде што веќе лечењето е отежнато.“истакна д-р Нино Васев, специјалист онколог од УКРО - Скопје.

„Зголемување на физичката активност, намалување на претераната употреба на алкохолот. Понатаму, водење на една права, здрава исхрана која што ќе го спречи ризик факторот дебелина или зголемена телесна тежина.“изјави д-р Елена Ќосевска, ИЈЗ.

Здравствените власти потсетија дека е достапна таблетарната терапија но и десетина други иновативни лекови, а се донесоа и мамографи во други градови за да не мора пациентите постојано да доаѓаат во Скопје на преглед.

Поддршка за борците на рак на дојка и оваа година стигна од амбасадата на САД.

„Последнава година и половина не научи многу за важноста на здравјето, обрнувањето внимание на сопственото и здравјето на заедницата. Но во исто време имаше огромно влијание врз примарната нега, на раната дијагностика. Фактот дека имаме 40% пад на раната детекција на рак е срцепарателно.“истакна Кејт Мери Брнз, амбасадорка на САД во Македонија.

Розевите маички по тринаесетти пат продефилираа во скопскиот градски парк и во уште 15 други градови. Едни во име на сопствената борба, други во чест на изгубените блиски - испратија порака дека само сплотени може да се направат најголемите промени.

Папазов: Ќе изградиме целосна инфраструктура за водоснабдување и одводнување на Пониква

Ќе подготвиме урбанистичка документација за изградба на нови хотелски комплекси, вели Папазов.

Почитувани,

Пониква е гордоста на Кочани, на истата ќе изградиме целосна инфраструктура за водоснабдување и одведување на отпадните води. Ќе подготвиме урбанистичка документација за изградба на нови хотелски комплекси.

Опремата која ја оставивме а сега е во очајна состојба, ќе ја подигнеме и ќе ја ставиме во функција на посетителите на Пониква.

Ќе изградиме нов ски-лифт и нова ски-патека.

Ќе ги асфалтираме сите пристапни патишта до викенд куќите.

Љупчо Папазов, кандидат за градоначалник на општина Кочани

Колумбиец уапсен на Јамајка под сомнение дека го убил претседателот на Хаити

Уапсен е осомничениот за атентатот врз претседателот на Хаити, Жовнел Моиз.

Жованел Моиз беше убиен на 7 јули годинава во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс.

Властите на Хаити објавија дека во истрагата за убиствиото, на Јамајка бил упасен колумбиски државјанин, кој се смета за осомничен за убиството на претседателот на Хаити.

Успешно завршен проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“

Имаме реализација на највисоко ниво на се што беше потребно за да се добие соодветна законска рамка за работењето на задругите, вели Хоџа.

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, присуствуваше на завршен настан по повод затворање на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“. Завршниот настан се реализираше во присуство на претставници од релевантни национални и меѓународни организации, институции, ѓраѓански организации, задруги, земјоделци и групи на земјоделци.

Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ е од исклучителна важност за развој на задругарството во Република Македонија. Финансиски е поддржан од Европската Унија, имплементиран од страна на CARE International и Македонската развојна фондација за претпријатија. Краен корисник е МЗШВ и сите земјоделци.

На настанот поздравни обраќања имаа министерот Арјанит Хоџа, г -дин Константинос Супилас – Програмски менаџер Делегација на ЕУ, г -ѓа Сумка Бучан – Регионална директорка на CARE, г -дин Лазар Неданоски – Извршен директор на МРФП и г-ѓа Сузана Димитриевска – Претседателка на Македонската асоцијација на земјоделски задруги.

„Во изминатиот период Министерството направи сериозен исчекор во развојот и поддршката на задругарството. Земјоделците ја препознаа поддршката од државата и реалниот бенефит кој го имаат од членството во задруги. Тие имаат можност да купуваат државно земјоделско земјиште, поволности при бодувањето за финансиска поддршка и можности за субвенционирана набавка на опрема и механизација која ќе им го олесни производството и ќе придонесе за поголеми резулати во нивното работење. Исто така, достапни се европските фондови, наскоро ќе стартува и ИПАРД 3 програмата, со што се отвораат нови можности и нови средства на располагање“ изјави Хоџа. Тој се заблагодари на поддршката која континуирано ја добиваме од Делегацијата на Европската Унија, како и на сите учесници во проектот.

Г -дин Константинос Супилас – Програмски менаџер Делегација на ЕУ, изјави дека е многу задоволен што денеска одбележуваме завршување на уште еден проект, реализиран со поддршка од Европската Унија. Тој се заблагодари на сите учесници кои беа директно вклучени во процесот и кои заеднички ги постигнаа проектираните цели на проектот.

Претставниците на CARE International и Македонската развојна фондација за претпријатија, ги претставија конечните достигнувања на проектот. Меѓу друго резултатите вклучуваат: подобрување на правната рамка која го регулира формирањето и функционирањето на земјоделските задруги; зајакнување на улогата на чадор –организацијата на земјоделските задруги; подобрување на улогата на МЗШВ за следење на перформансите на земјоделските задруги преку креирање на посебен софтвер; подготовка на Стратегија за МЗШВ за развој на земјоделските задруги (2022-2028) и последно, но не и најмалку важно, презентирање на инвестициите од проектот во рамките на грантовата шема за 18 земјоделски задруги низ целата земја.

Вкупниот износ на проектот е 1,98 милиони евра и има за цел да се зголеми конкурентноста на пазарот и соработката меѓу земјоделците во земјата, преку создавање поволни услови за развој на постојните и создавање нови земјоделски задруги.

притисни ентер