Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки - Канал 5

Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки

Во првиот квартал годинава во базата на Регистарот на цени и закупнини се внесени 8.044 трансакции, од кои 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижен имот.

Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки

Според податоците од Агенцијата за катастар на недвижности (АКН), бројот на купопродажби регистрирани во Регистарот на цени и закупнини во периодот јануари - март 2025 година во однос на периодот октомври - декември 2024 година е намален за 11 проценти, а за толку е намален и бројот на закупи.

Во првиот квартал годинава вкупната вредност на трансакциите од купопродажба на недвижностите изнесува 251 милион евра. Најмногу купопродажби се регистрирани во февруари, 1.997, а најмалку во март 1.857.

Според типот на недвижност, евидентирани се 1 947 купопродажби на станови во вредност од 137 милиони евра, 623 на куќи (42 милиони евра), 215 на деловни простории (18 милиони евра), 1935 на земјоделско земјиште (19 милиони евра), 719 на градежно земјиште (20 милиони евра), 173 на гаражи (милион евра), 26 купопродажби на недвижности од индустријата (осум милиони евра).

Вредноста на закупите во првиот квартал изнесува 874 илјади евра. Најмногу закупи во првиот квартал се регистрирани во февруари, и тоа вкупно 883, а најмалку во јануари, 675.

Официјалната статистика на АКН покажува дека од јануари до март годинава имало 640 закупи на станови во вредност од 160 илјади евра, 256 на куќи во вредост од 79 илјади евра, како и 781 на државни парцели од 506 илјади евра, 550 на земјоделско земјиште од 33 илјади евра, 39 на индустриски објекти од 74 илјади евра, 35 на градежно земјиште од 11 илјади евра, како и 10 трансакции за закупи на гаражи.

Податоците за хипотеките во катастарската евиденција покажуваат дека во периодот јануари - март годинава се запишани 2.596 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 384.969.557 евра и 4.929.828.022 денари.

Во Центарот за катастар на недвижности Скопје се запишани 1.379 недвижности, во вредост од 194.518.333 евра и 2.841.291.304 денари, додека во 29-те подрачни одделенија за катастар на недвижности 1.217, во вредност од 190.451.224 евра и 2.088.536.718 денари.

Минатата година на пазарот на недвижности беа регистрирани 31.029 трансакции од кои 22.548 купопродажби со вредност од 1,007 милиони евра и 8.481 закуп во вредност од 3,329 илјади евра.

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека минатата година деловните субјекти граделе 2 641 објект и завршиле 5 405 станови со вкупна површина од 348 720 метри квадратни, од кои 5 255 се во индивидуална сопственост. Просечната корисна површина на завршените 5 405 станови е 64.5 метри квадратни. Лани најмногу се градело во Скопскиот Регион, на 807 градежни објекти, а завршени се 3566 станови.

Податоците на ДЗС за извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија за 2024 година, пак, покажуваат дека индивидуалните сопственици извршиле градежни работи во вредност од 14.4 милијарди денари и завршиле 2 512 станови.

Во текот на минатата година се градени вкупно 1 978 објекти и завршени се вкупно 2 512 станови со вкупна површина од 296 537 метри квадрати, од кои 152 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 12 879 метри квадратни. Завршени се 2 512 станови, а просечната корисна површина е 118.1 метри квадратни. Најмногу се градело во Полошкиот Регион, каде се работело на 628 градежни објекти, а завршени се 587 станови.

Во април годинава се издадени 357 одобренија за градење, што е за 38,9 проценти повеќе во однос на април лани. Во извештајниот период е предвидена изградба на 729 станови со вкупна корисна површина од 60 833 метри квадратни. Од вкупниот број станови, 266 се во Скопскиот регион, 232 во Југозападниот, 125 во Полошкиот регион, 63 во Источниот регион, 16 во Вардарскиот регион, 14 во Југоисточниот регион, 10 во пелагонискиот и три во Североисточниот регион. Најмногу одобренија во април се издадени во Скопскиот регион, 89, по што следуваат Југозападниот со 74, Полошкиот со 62, Источниот со 40, Југоисточниот 31, Вардарскиот 26, Пелагонискиот 23, а најмалку, 12, во Североисточниот регион.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 316 119 000 денари, што е за 10,7 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 177 (49.6 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 61 (17.1 процент) за објекти од нискоградба и 119 (33.3 проценти) за објекти за реконструкција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Екипаж на британска подморница помина 217 дена под вода, без контакт со надворешниот свет

Нуклеарната подморница на Британската кралска морнарица, HMS Vengeance, се врати во Шкотска по мисија која траела рекордни 217 дена. 

Екипаж на британска подморница помина 217 дена под вода, без контакт со надворешниот свет

Во текот на седум месеци, екипажот останал речиси целосно отсечен од надворешниот свет. Сепак, овој подвиг не се толкува како демонстрација на сила, туку како показател за сериозни проблеми во рамките на британската подморничка флота, пренесува Euronews.

На 15 ноември, експертот за нуклеарни подморници Дејвид Кален изјави за британскиот весник „Гардијан“ (*The Guardian*) дека пловилата од класата „Вангард“ (*Vanguard*) првично биле дизајнирани за мисии што траат приближно три месеци.

Тој додаде дека дури и тој период се сметал за долго време поминато во „метална кутија под вода, без никаков контакт со надворешниот свет“.

Подморниците од оваа класа – кои до април го држеа претходниот рекорд од 205 дена поминати под вода – имаат екипаж од околу 140 луѓе.

Првично, нивните мисии траеле меѓу три и четири месеци, а патролите во времетраење од 100 дена биле реткост. Денес, некои мисии траат двојно подолго.

Поради продолжените престои на море, овие и онака тесни подморници мораат да носат значително поголеми залихи на храна и други неопходни средства.

Како резултат на тоа, екипажот поминува месеци живеејќи опкружен со гајби натрупани во ходниците и во секој друг достапен простор. Британската влада признава дека овие продолжени мисии се поврзани со кратењата на буџетот, кои го забавија одржувањето на подморниците.

Подморницата HMS *Vengeance* е спуштена во вода во далечната 1998 година, оваа подморница е една од четирите британски подморници од класата *Vanguard* на нуклеарен погон.

Таа е долга приближно 150 метри, тежи 17.526 тони и е дизајнирана да носи балистички ракети „Трајдент“ (Trident). Подморницата е опремена со 16 лансирни цевки за ракети.

Ракетите „Трајдент“ користат технологија MIRV, што значи дека секоја ракета може да носи повеќе нуклеарни боеви глави, кои можат да се насочат кон одделни, независни цели. Подморниците од класата *Vanguard* се клучни за стратегијата на Британија за нуклеарно одвраќање. Според политиката на Кралската морнарица, најмалку една ваква подморница мора постојано да биде во патрола.

Службата на нуклеарни подморници се смета за една од најтешките должности во морнарицата. Подморниците, како што е „HMS Vengeance“, поголемиот дел од времето го поминуваат длабоко под вода, одржувајќи целосна радио-тишина за да избегнат откривање. Иако, доколку е потребно, можат да излезат на површина во плитки води за да комуницираат преку специјализирани антени, контактот на екипажот со надворешниот свет е строго ограничен. Еднаш неделно, морнарите можат да добијат порака од своите семејства – таканаречен „семеен телеграм“ (Familygram) – кој не смее да надминува 120 зборови.

Сите пораки прво ги прегледуваат воени претставници, кои имаат овластување да ги цензурираат лошите вести или какви било информации што би можеле негативно да влијаат врз работата на морнарите.

Понатаму, на морнарите не им е дозволено да одговараат на овие пораки. Како резултат на тоа, членовите на екипажот можат со месеци да не знаат што се случува во нивните семејства, а исто така не се во можност ниту да одговорат на вестите што ги добиваат.

Мисијата на подморницата „HMS Vengeance“, со која беше поставен рекорд, дополнително ги засили загриженостите во врска со иднината на целата флота. Иако првично беа дизајнирани за работен век од 25 години, подморниците од класата „Vanguard“ сега ќе мора да останат во служба приближно 40 години, поради доцнењата во развојот на новата генерација. Се очекува првата подморница од новата класа, „HMS Dreadnought“, да влезе во служба дури околу 2032 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Полнети тиквички

Во петок (13.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Бобан Цаневски.

„Гответе со Дракче“ - Полнети тиквички

Состојки за денешниот рецепт:

2 тиквички

300 гр. мелено месо

1 главица кромид

1 морков

2 компира

1 домат

1 чешне лук

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По распаравија, синот го запали автомобилот на мајката

Семејна драма се одвивала вчераутро во скопски Чаир, каде што син го запалил автомобилот на мајка си, а потоа се заканил дека ќе го запали и станот во кој живеат.

По распаравија, синот го запали автомобилот на мајката

28 годишникот бил лишен од слобода, бидејќи тој по закана дека ќе го запали автомобилот во пет часот наутро го запалил и се заканил дека ќе го запали и станот на неговата мајка.. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти министерството за внатрешни работи...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер