Во прекин железничката линија Скопје -Табановце поради недостиг на машиновозачи

Од македонски железници во кусото соопштение информираат дека линијата Скопје – Табановце – Скопје е во прекин.

Кумановци и жители на соседните села, пред сè Табановце и Романовце, се жалат дека извесен период немаат железнички превоз кон Скопје, а информацијата денеска ја потврдија од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје од каде кусо информираа дека проблемот е поради недостиг на машиновозачи. Оттаму најавија решавање на проблемот од август, годинава.

Од македонски железници во кусото соопштение информираат дека линијата Скопје – Табановце – Скопје е во прекин.

– Линијата Скопје – Табановце е во прекин од 23.06.2022 година поради недостаток на машиновозачи. Правиме напори линијата Скопје – Табановце – Скопје да се нормализира во август 2022 година, кусо информираа од ЖРСМ Транспорт АД – Скопје.

Кумановци и жителите на селата кои патуваат за Скопје укажуваат дека имаат и месечни билети и дека ќе бараат поврат на средствата. Тие бараат побрзо решавање на проблемот, бидејќи цената на дневниот билет и повратна карта со воз е поевтина од цената за превоз со автобус.

Српската полиција го уапси напаѓачот со самострел- сакал да влезе во МВР со седум стрели

Вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека попладнево полицијата го привела Ж. Б.(56), кој влегол во кругот на зградата на МВР во Дурмиторска во Белград.

„Попладнево полицијата го приведе Ж.Б.(56), кој од правец на Кнеза Милоша 101 влегол во зградата на Министерството за внатрешни работи на улица „Дурмиторска“, веднаш до спуштената стоп рампа, објави Телеграф.

Тој не ја послушал наредбата да застане и набрзина го напуштил кругот на МВР во правец на улицата Сараевска, по што бил фатен на улицата Дурмиторска.

Во неговиот ранец бил пронајден самострел со седум стрели, неколку ножеви и тегла со топовски зрна. Се истражуваат мотивите, лицето го нема на списокот на екстремисти, се претресува станот, неговите изјави се дека го гонат мафијата и службите и затоа сето ова го носел со себе.

„Ќе биде извршен и лекарски преглед, а за понатамошното постапување ќе одлучи обвинителот“, изјави Дачиќ.

Инаку, Милош Жујовиќ (25), кој во терористички напад пред израелската амбасада во Белград тешко го рани со самострел полицаецот Милош Јевремовиќ (34), според зборовите на неговиот татко, пред четири-пет бил регрутиран од луѓе од Црна Гора.

Седнала во авион за Париз, па заспала- се разбудила во друга држава (ВИДЕО)

Џем Мејбенк (30) немала поим што ќе се случи за време на нејзиниот краток одмор, што планирала да го помине во Париз.

Таа се качила во авионот во Лидс, а откако персоналот на аеродромот го скенирал купениот билет, ја упатил кон излезната капија, пишува Дејли мејл.

Не била премногу возбудена кога сфатила дека нејзиното седиште 34А не постои, бидејќи стјуардесата ѝ објаснила дека такви работи понекогаш се случуваат, при „менување летови“.

Не поминало многу време и Џем заспала. Таа се разбудила кога авионот слетал и веднаш погледнала низ прозорецот. На нејзино изненадување, видела палми и планини.

Тогаш ја слушнала објавата дека сѐ е подготвено за слетување во Аликанте!

„Не би било јасно што се случило, освен дека бев во погрешна земја. Персоналот на аеродромот ми го скенира билетот и ме пушти низ капијата“, рече таа.

Штом ги видела планините и палмите, помислила: „Ова не е Париз“.

„Почекав сите да излезат од авионот, а потоа ѝ објаснив на стјуардесата што се случило. Ми организираа нов лет истата вечер“.

Џем истакнува дека екипажот во кабината бил збунет и ѝ рекол дека вакво нешто никогаш не се случило.

Таа пристигнала во Париз околу 23 часот, а до нејзиниот хотел морала да патува со автобус уште еден час. Ништо страшно, со оглед на тоа што пред малку била во погрешна држава, во Шпанија.

притисни ентер