Позната пејачка ги збуни фановите со бизарниот настап: Зошто ја мачкаат со сладолед? (ВИДЕО) - Канал 5

Позната пејачка ги збуни фановите со бизарниот настап: Зошто ја мачкаат со сладолед? (ВИДЕО)

Камила Кабело настапи на фестивалот Гластонбери, а нејзиниот бизарен настап се прошири на социјалните мрежи.

Позната пејачка ги збуни фановите со бизарниот настап: Зошто ја мачкаат со сладолед? (ВИДЕО)

Пејачката настапи со танчерки во костими кои ѝ ставаа сладолед на телото. Како и да е, уверете се сами.

@irenouken sangria wine stuck in my head #camilacabello #glastonbury @Camila Cabello ♬ original sound - irenouken

Настапот предизвика различни реакции, а додека некои се прашуваа што штотуку гледале, други беа воодушевени.

„Зошто ја мачкаат со сладолед?“, „Девојката се брука“, „Можам слободно да кажам дека Камила нема да добие нови обожаватели затоа што всушност ја гледам“, „Посакувам некој да ми покаже како изгледаше моето лице за време на воведната песна на Камила, Кабело во Гластонбери, бидејќи искрено, бев збунет“, се дел од коментарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња: Годинава ќе има околу 3.000 помалку од лани, соопшти Јаневска

Пред почетокот на новата учебна година, загрижува драстичниот падот на бројот на запишани првачиња.

Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња: Годинава ќе има околу 3.000 помалку од лани, соопшти Јаневска

Според првичните податоци, во училишните клупи оваа година ќе седнат околу 4.900 првачиња помалку во споредба со лани кога имало 17.250 првачиња.

Иако оваа бројка не е конечна, бидејќи можноста за упис се уште трае, прогнозите на министерката Весна Јаневска се дека нема да се запишат уште повеќе од две илјади, за што смета дека е сериозен показател за негативните демографски трендови во земјава.

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска Михајловска изразија задоволство од реализацијата и постигнатите резултати од полагањето на државната матура во јунскиот испитен рок, со средна оценка 3.66. Просекот е речиси идентичен со ланскиот кога изнесуваше 3,69. Најголемо знаење матурантите покажале на полагањето на странските јазици.

На 226 ученици им бил поништен тестот и тие ќе полагаат повторно во август. Дел се фатени како препишуваат на лице место, а дел е утврдено дека препишувале откако им се прегледани тестовите и биле најдени идентични раскази.

Августовската испитна сесија ќе се реализира во четири градови, на 12 август кога се полага странски јазик, а на 14 август е полагањето по мајчин јазик. Полагањето на интерните испити и одбраната на проектните задачи ќе се одвива во периодот од 17 до 24 август.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Онколошките пациенти на протест: Не бараме привилегии, туку навремена и континуирана терапија

Не бараме привилегии, туку навремена терапија! 

Онколошките пациенти на протест: Не бараме привилегии, туку навремена и континуирана терапија

Со ваква порака упатена од пред Министерството за здравство Зружението на онколошки пациенти „ХЕМА – ОНКО“ ја најави новата борба за системско решение на старите проблемите со терапиите и повторно побараа лековите да не доцнат ниту еден ден за да не бидат оставани во неизвесност и страв. Од Здружението порачаа дека иако дел од терапиите наменети за канцер на дојка, простата и дебело црево, што десетина дена не беа достапни на Онкологија веќе пристигнале на Клиниката бараат да се стави крај на праксата пациенти да бидат враќани од Онкологија со изговор „денес, за вас, нема терапија!“.

-Не постојат клинички студии на кои што стои дека ние сега можеме да одложиме терапијата за 10 дена, за две недели или месец дена. Оваа држава во изминатите пет години, постојано, ги држи онколошките пациенти во некаква неизвесност со терапијата без оглед на тоа кој е Министер и кој е власт. Не бараме привилигии, туку она што го сакаме терапијата да е навремена и континуирана,- - Ана Марјановиќ – здружение “ХЕМА-ОНКО“.

Од Министерството за здравство информираат дека пациентите оствариле средба со заменик-министерот Јовица Андовски, и оти се работи на подобрување на достапноста на лековите.

-На средбата беше посочено дека е обезбедено рекордно зголемување на буџетот за Онкологија и дека се работи на подобрување на достапноста и континуитетот на терапијата. За лековите кај кои беа регистрирани доцнења веќе се преземени конкретни мерки. Дел од испораките се реализирани, за дел се склучени нови договори, а за останатите се обезбедуваат привремени решенија до целосно нормализирање на состојбата,- - Министерство за здравство.

Од Здужението „ХЕМА-ОНКО“ јавно побараа онколошките пациенти да не бидат злоупотребувани во дневно – политички цели и да не бидат дел од партиските препекувања. А, посочија и дека проблемите со терапијата, превенцијата, големиот број пациенти и скапите лекови нема да се решат со краткорочни туку со долгорочни мерки- подобри закони и процедури за набавка, подобра дистрибуција и соработка со добавувачите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Репоратажа од Гостивар: Нервоза меѓу граѓаните, кризата со водата продолжува

Пружени раце и надеж за чиста питка вода. Она што вообичаено го имаме со едно вртење на чешмата, за гостиварчани деновиве значи чекање во редици и неизвесност. 

Репоратажа од Гостивар: Нервоза меѓу граѓаните, кризата со водата продолжува

Во услови на високи летни температури, пунктовите за вода, кои низ градот ги има околу десетина и најчесто се поставени во близина на поважни локални институции, станаа нова секојдневна станица за жителите – место каде доаѓаат по најосновната потреба, вода за пиење и готвење.

Но, граѓаните реагираат дека дистрибуцијата не секогаш се одвива според очекувањата. Велат дека времето на пристигнување на водата се менува од ден на ден, а на дел од пунктовите, според нив, понекогаш воопшто ја нема. Животот со ограничени количини вода за пиење и готвење, среде лето, станува се потежок, а количините што ги добиваат, велат тешко ги задоволуваат потребите на едно домаќинство.

Кризата со водата не го промени само секојдневието на домаќинствата. Последиците ги чувствуваат и угостителите, кои велат дека работат под отежнати услови, со дополнителни трошоци за обезбедување вода, но и со намален број гости и промет.

Додека граѓаните и бизнисите се обидуваат да се снајдат во новите услови, од Советот за превенција при Општина Гостивар велат дека состојбата редовно се следи, а локалниот кризен штаб постојано заседава и ги разгледува проблемите со кои се соочуваат жителите. Оттаму посочуваат дека вода се обезбедува преку институциите, но и преку општествено одговорни компании. Велат дека потребите се дополнително зголемени во летниот период, поради враќањето на иселениците во Гостивар за време на одморите.

Четири населени места во гостиварско и натаму се соочуваат со проблеми во водоснабдувањето. Дел немаат вода ниту за техничка употреба, а дел имаат недоволен притисок. Од Општината велат дека овие населени места дополнително се снабдуваат и со цистерни, а со цистерни, како што посочуваат, се обезбедуваат и дел од потребите на болницата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер