Седнала во авион за Париз, па заспала- се разбудила во друга држава (ВИДЕО) - Канал 5

Седнала во авион за Париз, па заспала- се разбудила во друга држава (ВИДЕО)

Џем Мејбенк (30) немала поим што ќе се случи за време на нејзиниот краток одмор, што планирала да го помине во Париз.

Седнала во авион за Париз, па заспала- се разбудила во друга држава (ВИДЕО)

Таа се качила во авионот во Лидс, а откако персоналот на аеродромот го скенирал купениот билет, ја упатил кон излезната капија, пишува Дејли мејл.

Не била премногу возбудена кога сфатила дека нејзиното седиште 34А не постои, бидејќи стјуардесата ѝ објаснила дека такви работи понекогаш се случуваат, при „менување летови“.

Не поминало многу време и Џем заспала. Таа се разбудила кога авионот слетал и веднаш погледнала низ прозорецот. На нејзино изненадување, видела палми и планини.

Тогаш ја слушнала објавата дека сѐ е подготвено за слетување во Аликанте!

„Не би било јасно што се случило, освен дека бев во погрешна земја. Персоналот на аеродромот ми го скенира билетот и ме пушти низ капијата“, рече таа.

Штом ги видела планините и палмите, помислила: „Ова не е Париз“.

„Почекав сите да излезат од авионот, а потоа ѝ објаснив на стјуардесата што се случило. Ми организираа нов лет истата вечер“.

Џем истакнува дека екипажот во кабината бил збунет и ѝ рекол дека вакво нешто никогаш не се случило.

Таа пристигнала во Париз околу 23 часот, а до нејзиниот хотел морала да патува со автобус уште еден час. Ништо страшно, со оглед на тоа што пред малку била во погрешна држава, во Шпанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Помалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)

Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.

Помалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)

Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот.

Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот.

Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник.

Извор:Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС.

Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“.

„Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството.

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес.

Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)

Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.

Пожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)

На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР.

Се уште не е познато како настанал пожарот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер