Во НБ презентирана е анализата од спроведената анкета за заштитата на потрошувачите

Развивањето соодветен систем за заштита на потрошувачите во доменот на банкарскиот систем е еден од стратегиските приоритети во работењето на Народната банка.

Развивањето соодветен систем за заштита на потрошувачите во доменот на банкарскиот систем е еден од стратегиските приоритети во работењето на Народната банка, којашто ги засили напорите за обезбедување поголем степен на заштита на корисниците на услугите коишто ги нуди банкарскиот систем. За таа цел, во Народната банка, пред претставници од банките, штедилниците и Организацијата на потрошувачи, се одржа презентацијата на анализата од спроведената анкета за заштитата на потрошувачите со која беа опфатени аспекти поврзани со одговорното кредитирање, надоместоците за банкарските услуги, ракувањето со поплаките кај банките и штедилниците и сл.

Обраќајќи се пред присутните, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска го истакна поставувањето ефикасен систем за заштитата на потрошувачите како еден од основните чекори за зголемување на финансиската инклузија. Системот за заштита на потрошувачите треба да овозможи потранспарентно работење на приватниот финансиски сектор, подобра информираност на клиентите за банкарските производи и услуги независно од нивната сè поголема сложеност и софистицираност, соодветни механизми за ракување со поплаките добиени од клиентите и нивно решавање, заштита на населението од неправедни практики и познавање на можните ризици кај финансиските услуги, особено оние што се поврзани со презадолженост.

Под водство на Народната банка беше усвоена и првата национална Стратегија за финансиска инклузија и писменост којашто опфаќа повеќе аспекти од заштитата на потрошувачите, а воспоставена е и посебна организациска единица во рамките на Народната банка. „Народната банка во моментов работи на зајакнување на регулативната рамка, вклучително и преку изработка на циркулар за банките и штедилниците, а наскоро ќе започне и со посебни теренски контроли во овој сегмент со што би се зголемило нивото на заштита на корисниците на услугите“, рече гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во своето обраќање. Таа истакна и дека „повеќе од кога било е неопходно претпазливо и одговорно кредитирање од страна на банките, советување на клиентите, како и издржано одредување на цените и надоместоците на банкарските производи и услуги, имајќи го предвид целокупниот макроекономски амбиент. Само ваквиот однос може да придонесе и за заштита на потрошувачите, но и за одржување на квалитетот на активата и репутацијата на банкарскиот систем.“

Наодите од анализата посочуваат дека вкупниот број на поплаките во банкарскиот систем во 2021 година е намален и сведен под нивото во 2018 година, а одговорите на поплаките банките ги доставуваат до клиентите вообичаено во рок од 15 дена, што е споредливо со практиката во други земји. Сепак, пристапот кон заштитата на потрошувачите е различен во обем и квалитет и зависи од воведените поединечни политики на банките.

Анализата на структурата на поплаките за одделни банкарски производи и услуги покажува дека во 2021 година преовладуваат поплаките за дебитните и кредитните картички, со учество од 36,6%, иако тука се забележува и тренд на намалување во однос на 2018 година за 5,5 процентни поени. Според структурата, поднесените поплаки за потрошувачките кредити се 10% од вкупниот број на поплаки, за однесувањето на вработените се 9,3% од поплаките, додека за трансакциските сметки и за електронското и мобилното банкарство се 8,5% и 8,2%, соодветно, од вкупните поплаки.

Маријана Лончар Велкова, претседателка на Организацијата на потрошувачите на Македонија, ги претстави резултатите од анализата на зелените кредитни линии коишто банките им ги нудат на потрошувачите. Таа се осврна на потребата од поголема поддршка на потрошувачите со зелени кредитни линии од страна на поголем број банки, со што и банките ќе придонесат за исполнувањето на зелената агенда.

„Ова е потребно затоа што потрошувачите сè повеќе се заинтересирани за купување енергетски ефикасни производи коишто им заштедуваат пари и воедно им овозможуваат поголема удобност и квалитет на живеење“, истакна таа нагласувајќи ја и важноста на соработката со Народната банка којашто придонесува за поголема заштита на потрошувачите.

Народна банка на Република Македонија

По грешка ѝ уплатиле милиони, почнала да ги троши, а сега ќе оди 20 години во затвор

Австралјанката Теваманогари Манивел од Мелбурн требало да добие поврат од 100 долари од платформата за размена на криптовалути Crypto.com во мај минатата година, но на нејзината сметка по грешка ѝ биле уплатени 10,4 милиони долари, пишува Дејли меил.

Откако ја видела сумата, таа наводно почнала лежерно да ги троши парите, делејќи им ги на бројни пријатели и членови на семејството, вклучувајќи ја и нејзината сестра Тилагавати Гангадори. Австралијката дури ѝ купила на својата сестра вила вредна 1,35 милиони долари со четири спални соби, четири бањи, домашна теретана и кино.

Сепак, по седум месеци од нејзиниот нов раскошен начин на живот, рутинската ревизија на Crypto.com открила што се случило. Откако компанијата започнала правна постапка во февруари оваа година, Врховниот суд на државата Викторија пресудил во корист на Crypto.com во август.

Според приложените документи, евидентно било дека Crypto.com побарал враќање на парите од Австралијката, но дел од тоа е потрошено за куќата на нејзината сестра, а остатокот бил префрлен на други сметки. Австралијката наводно била вмешана во друго кривично дело поврзано со финансиска измама, а двете обвиненија со кои се соочува носат максимална казна од по 20 години.

Политичар ја силувал колешката во зградата на парламентот на Австралија, на судењето негира

Започна судењето на обвинетиот за силување на колешка во зградата на австралискиот парламент во Канбера.

Политичкиот приправник Брус Лерман е обвинет за сексуален напад над Британи Хигинс во март 2019 година во канцеларијата на владин министер. Лерман се изјаснил за невин и негира дека дури имал секс со колешка, пишува Би-би-си.

Судењето во Крунскиот суд во Канбера се очекува да трае до шест недели. Обвинителите соопштија дека наводниот инцидент се случил по пијана ноќ. Лерман и Хигинс застанале во зградата на парламентот каде што работеле и двајцата, а Хигинс набрзо заспала на каучот во кабинетот на министерот, соопштиле обвинителите.

Таа се разбудила и го нашла коленото на обвинетиот на бедрото и тој имал односи со неа, изјавил обвинителот Шејн Драмголд. Тој додаде дека Хигинс плачела за време на наводниот сексуален напад и шест пати рекла „не“.

Кога ѝ кажала на својата пријателка што се случило следното утро, Хигинс рекла дека била едвај свесна, рече обвинителот.

Отворајќи го случајот на одбраната, адвокатот на Лерман, Стивен Хауброу, рече дека сведочењето на Хигинс содржи нелогичности.

„Марк Твен еднаш рече: Никогаш не дозволувајте вистината да го попречи патот на добрата приказна. А овој случај е пример за таа фраза“, рече адвокатот Хауброу. Тој ги повикал поротниците да ги игнорираат претходните медиумски извештаи за случајот, велејќи дека неговиот клиент негирал дека имал секс со Хигинс.

Главниот судија Луси МекКалум ги предупредила поротниците дека случајот добил прилично голем медиумски публицитет, но дека е многу важно тие да го стават надвор од умот.

Синот на Кајли Џенер има седум месеци и нема име: Чекаме да порасне и сам да се именува

Кајли Џенер ја потсети јавноста дека нејзиниот седуммесечен син се уште нема име.

Момчето се родило во февруари, а иако Кајли и нејзиното момче Тревис Скот имале намера да го именуваат Волф, тие брзо се предомислиле. Поминаа седум месеци од неговото раѓање, а нивното второ дете допрва треба да се именува. За време на втората сезона на реалното шоу Кардашијан, Кајли се отвори за името на нејзиниот син и откри дека неговото легално име е сепак Волф Вебстер, иако сакала да го промени.

Како што откри таа, почувствувала притисок за да го именува бебето и се согласила на Волф, име кое ѝ го предложила нејзината сестра Клои претходниот ден. Името на почетокот ѝ се допаднало, но како што одминувало времето сѐ помалку ѝ се чинело дека го избрала вистинското име. Сега таа објасни зошто се уште не е законски сменето името и зошто не ѝ открива на јавноста какво име би можеле да му дадат на момчето.

"Навистина немавме име. Мислев дека ќе ни падне на памет кога ќе го видиме. Но, не", рече Кајли, додавајќи дека го именувала Волф кога морала да го потпише изводот на родени бидејќи "чувствувала притисок“.

„Го нарековме Волф и веднаш откако го потпишав изводот на родените, си помислив: Што направив?“ рече таа и откри дека Тревис постојано размислувал за името.

"Тревис веќе го смени името неколку пати. Му се допаѓа, а потоа утре сака повторно да го смени. А јас реков: Не можеме да го правиме ова повторно", рече таа и се пошегува дека сега го чекаат "малиот еден да порасне и да си даде име.“

притисни ентер