Во Москва може да се резервира онлајн термин за вакцинација

Москва денеска воведе услуга за резервација преку Интернет за вакцинирање против ковид-19, два дена откако претседателот Владимир Путин повика на масовни вакцинации.

Спутник V, една од двете вакцини од руско производство, кои добиле регулаторно одобрување, и покрај тоа што клиничките испитувања се нецелосни, се дава во две дози.

Во меѓувреме, студиите покажале дека таа е 92% ефикасна во заштитата од ковид-19.

Во Русија се развиваат 10 вакцини, изјави Ана Попова, шеф на надзорното тело за заштита на потрошувачите Роспотребнадзор, како што објави агенцијата ТАСС.

Жителите на Москва можат да се регистрираат за бесплатни вакцинации на 70 места во градот, а термините започнуваат во сабота, се наведува на веб-страницата на градоначалникот. Термините најпрво им се достапни на социјалните работници, лекарите и наставниците на возраст меѓу 18 и 60 години, и во приватните и во јавните институции. Сите московски граѓани кои имаат Интернет можат да се пријават, но мора да имаат доказ за интерес, се вели на веб-страницата.

„За другите жители на Москва, бесплатните вакцинации ќе бидат достапни подоцна“, се вели на страницата.

Русија денес објави 27.403 нови случаи на ковид-19, што е помалку од рекордното ниво вчера.

Инјекцијата на вакцината Спутник V ја примиле 20.000 луѓе во Москва, од кои 273 биле болни со ковид-19, изјави заменик-градоначалничката Анастасија Ракова, како што објавија руските новински агенции.

Таа рече дека Министерството за одбрана треба да прими 100.000 дози вакцина овој месец, што е доволно за 50.000 припадници на вооружените сили.

Со 2.402.949 заразени, Русија има малку помал број случаи на ковид-19 отколку САД, Индија и Бразил. Од почетокот на пандемијата, во земјата починале 42.176 лица.

Артета губи уште еден клучен играч

Централниот дефанзивец на Арсенал, Вилијам Салиба е уште еден клучен играч за „топџиите“ кој заработи повреда. 

Французинот го пропушти натпреварот против Астон Вила поради истегнување, а на негово место во центарот на одбраната стартуваше Јирген Тимбер.

Сепак, сега е јасно дека тој ќе биде надвор од терените околу две недели.

Според „Мирор“, Салиба најверојатно нема да игра на три натпревари - двата во Лигата на шампионите, кои се против Динамо Загреб и Џирона, како и гостувањето кај Вулверхемптон во Премиер лигата.

Планот е да биде достапен за дербито со Манчестер Сити на 2 февруари.

По натпреварот со Астон Вила, менаџерот на Арсенал, Микел Артета призна дека е многу загрижен поради повредата на Салиба. Тогаш Шпанецот се уште немаше информации колку точно ќе отсуствува еден од столбовите на одбраната на тимот.

Сега, сепак, вестите не изгледаат толку лоши како што беа во случаите на Букајо Сака и Габриел Жесус.

Почина момчето кое доживеа струен удар додека се снимаше на вагон во Кисела Вода

Почина 17-годишното момче од скопско Волково, кое доживеа струен удар додека се снимаше на вагон на пруга во Кисела Вода на 16 јануари, потврдија од Клинички центар.

Пред две години, 17-годишна девојка, исто така, доживеа струен удар додека се снимаше на вагон во Маџари. Тогаш, девојката преживеа, но имаше изгореници од трет степен на 30 проценти од телото и помина месец дена на лекување во болница.

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе продолжи да се гради силен спортски систем, без корупција и без манипулации

Тоа е како да зборуваме за зимата и пустината – едно со друго е во тотална спротивност. 

Дека СДС биле на страната на спортот, знаеме само од бајките што самите си ги раскажуваат. Реалноста е сосема поинаква – спортот беше оставен во руини токму од СДС, а сега сакаат да глумат спасители.

Прво, ги прашуваме:

Каде беше вашата грижа за спортот кога се фрлаа пари на фиктивни проекти додека клубовите тонеа?

Дали заборавивте дека под ваша власт спортот стана приватна партиска прчварница, каде вашите „миленичиња“ добиваа милиони, а клубовите со вистински успех едвај преживуваа?

Вашиот систем на ваучери беше скандалозен – едни добиваа се’, други – ништо. Токму затоа се воведува нов, поправеден систем, каде што се вреднуваат вистинските заслуги и потенцијал, а не партиската книшка.

Не заборавајте го случајот со Каевски и Наумче Мојсовски, кога парите за ваучерите завршуваа во приватни џебови, наместо во развој на спортот. Ете таква беше вашата „грижа“ за спортот.

СДС повторно користи спортот за евтин политички театар. Но, бројките се јасни:

- Под ВМРО-ДПМНЕ, спортот се враќа на вистинските патеки.

- Исплатите се транспарентни и базирани на заслуги, а не на „Партиско тефтерче на Заев.“

И за крај, министерот Ристовски нема да поднесе оставка. Но, ако некому му е потребна оставка, тоа е на СДС – за целата штета што му ја нанесовте на спортот и на Македонија.

Спортот нема да биде ваш политички заложник.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да гради силен спортски систем – без корупција, без манипулации, без СДС!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер