Видео: Кристијано и Георгина уживаат на плажа

Еден од најдобрите фудбалери во последните две децении Кристијано Роналдо и неговата вереница Георгина Родригез ги воодушевија своите следбеници на социјалните мрежи со видео.

Кристијано и атрактивната Георгина уживаат во одморот, а поубавата половина на Роналдо ја искористи приликата да објави жешка снимка од плажа во која ги покажува своите бујни облини.

- Во рајот со тебе - напишала Георгина во описот на видеото.

Со Георгина и наследниците, Кристијано Роналдо се бања и одмара, а кога ќе дојде времето за вечера со неговата поубава половина, наздравува и пишува на социјалните мрежи:

- Среќа!

Честитки за професорката Гордана Сиљановска-Давкова од сенаторката на Њу Хемпшир, Џин Шахин

Честитки до професорката Гордана Сиљановска-Давкова за историскиот избор за прва жена претседателка на Македонија, денеска, на социјалната мрежа Х упати сенаторката од Њу Хемпшир, Џин Шахин. 

Во нејзината честитка стои:

„Честитки за Гордана Сиљановска-Давкова, првата избрана жена за претседателка на Македонија. Како силен НАТО сојузник, со нетрпение очекувам да работам со Вас, особено за поддршка на вашите напори за членство во ЕУ.“

Професорката Гордана Сиљановска-Давкова се заблагодари на честитките, истакнувајќи го следново:

„Почитувана сенаторке Шахин, Ви упатувам благодарност за Вашите честитки. Секогаш ја потенцирам важноста на женската солидарност. На тој начин ние инспирираме! Со особено задоволство очекувам да ја прошириме нашата соработка и нашето стратешко сојузништво во НАТО, како и да ги продлабочиме пријателските македонско-американски односи.“

Тестовите потврдија: Овој автомобил паркира многу подобро од човек

Кинеската марка „Zeekr“ се гордее со системот за автоматско паркирање, а неодамна нејзиниот модел „007“ ги презеде човечките возачи во оваа „дисциплина“.

Конкуренцијата се состоеше од паркирање на екстремно тесен простор, исто како што често се среќаваат возачите во Азија, а се покажа дека „Zeekr 007“ е подобар од луѓето зад воланот.

Паркинг просторот во кој требаше да се „стиска“ автомобилот беше широк само 2.060 mm, па беше неопходно сериозно маневрирање имајќи предвид дека „Zeekr 007“ е широк 1.900 m.

Технологијата што ја користи овој автомобил се состои од функции како „птичја перспектива“ (систем BEV), а има и можност за автоматско повлекување на ретровизорот доколку автомобилот открие дека тоа е неопходно за полесно паркирање.

Возачите успеаја да паркираат побрзо од автоматизираниот систем, но затоа технологијата за паркирање со вештачка интелигенција имаше 100% успешност, додека возачите правилно паркираа само две третини од времето (66,7% успешност).

Системот „Zeekr“ особено блескаше кога станува збор за центрирање на автомобилот во тесен простор, со кој човечките возачи управуваа само 38% од времето.

Овој тест беше направен за да се демонстрира „OS 6.1“, најновиот оперативен систем пронајден во моделот „Zeekr 007“. Компанијата исто така тврди дека нивниот систем за паркирање на автомобили поддржува голем број сценарија, со просечно време од 36 секунди.

Извор: Б92

Гнабри неизвесен за ЕУРО2024 поради повреда на тетивата

Напаѓачот на минхенски Баерн и на германската репрезентација, Серж Гнабри ја повреди тетивата, што ќе го остави надвор од теренот до крајот на сезоната, а би можел да го пропушти и настапот на ЕУРО 2024 на домашен терен, објави денеска баварскиот клуб

Гнабри се повреди во средата во поразот од Реал Мадрид во полуфиналето во Лигата на шампионите и ќе ги пропушти последните два натпревари во Бундеслигата во сезоната, се вели во соопштението на неговиот клуб.

Баварците не прецизираа колку време ќе отсуствува 28-годишниот фудбалер, но за рехабилитација од ваков тип на повреда вообичаено се потребни неколку недели.

Гнабри, кој последен пат играше за репрезентацијата во ноември во поразите од Турција и Австрија, веќе неколку пати оваа сезона беше надвор од терените поради проблеми со колкот, скршеница на подлактницата, кратко боледување и проблеми со мускулите.

Германија го отвора ЕУРО 2024 против Шкотска на 14 јуни. /МИА

притисни ентер