Во лоша состојба се коловозите на магистралните правци кон граничните премини „Свети Наум" и „Ќафасан" кон Албанија

Ситуацијата наметната со коронавирусот и можноста македонските државјани да патуваат без какви било ограничувања само во соседна Република Албанија го зголеми бројот на возила на граничните премини „Свети Наум" кај Охрид и „Ќафасан" кај Струга.

Но, тоа што е карактеристично и за двата патни правци е тоа што коловозите на магистралните патишта до државната граница се во катастрофална состојба. Асфалтот на патниот правец некаде од селото Франгово па натаму до самиот граничен премин „Ќафасан" практично се распаѓа. Невозможно нормално да се управува со возило, брзината мора да се намали помалку од дозволеното и да се вози слалом низ оштетувањата и дупките. На некои места има такви ударни места на коловозот дали дупки или набран асфалт од тешки возила што доколку на нив се наиде со брзина определена според сигнализацијата тоа значи оштетување на возилото, во најдобар случај само на пневматиците.

Ситуацијата е слична и на магистралниот превец кон Свети Наум, на потегот после автокампот „Градиште", каде асфалтот не е обновуван од кога е изграден патот, освен некои повремени крпења ударни дупки. Да биде состојбата уште понезгодна, станува збор за коловоз што наместа е широк само пет метри. Инаку, кога станува збор за состојбата на тој патен правец, коловозот е нерамен, тампонираниот дел од под асфалтот наместа е пропаднат што резутира со големи длапки на патот, асфалтниот слој е доста оштетен и одамна „зрел" за реконструкција. И на тој патен правец не е препорачливо да се вози со утврдената брзина, за да се има простор и време да се реагира за да се дојде до оштетување на возилото на одредени места каде разминувањето возила е тешко и без дупките на коловозот.

Коловозот воопшто не е обележан, линииите на асфалтот се избледени, банкините оштетени, заштитните огради достраени. Особено е тешко да се вози ноќе, во услови на дожд кога не може да се распознае коловозот од околината, столпчиња со соодветни осветчувачки ознаки покрај патот воопшто нема, така што возењето е исклучително тешко и пред се опасно.

Состојбата со коловозите на другата страна од границата е драстично подобра, албанските патишта се понови, пошироки, со понова сигнализација и добро одбележани, како на самиот коловоз така и покрај патот. Она што е можеби и најважно, постојано и редовно се одржуваат.

Многупати беше најавувано дека ќе се спроведе реконструкција и на двата патни правци, децении независно која гарнитура беше на власт. Последното такво ветување барем за патниот правец кон „Ќафасан" го даде премиерот Зоран Заев пред точно една година, во изјавата пред медиумите дадена по повод отворањето на новозградениот царински терминал на преминот. /МИА.

Во музејот на Битлси во Ливерпул е изложен познатиот јапонски сервис за чај на Џорџ Харисон

Јапонскиот сервис за чај, купен од англискиот гитарист, пејач и поранешен член на Битлси Џорџ Харисон во 1966 година за време на турнејата на Битлси низ Јапонија, е изложена во музејот на Битлси во Ливерпул.

Сервисот, еден од трите купени од Харисон во Јапонија, му го подарил менаџерот на турнејата Нил Аспинал на неговиот син Роаг Бест, кој сега го води музејот на Битлси.

Како што изјави, на тридневната турнеја, Битлси свиреле за повеќе од 10.000 луѓе по концерт.

„Битлеманијата навистина ја погоди Јапонија. Тие не можеа да ја напуштат хотелската соба“, рече Бест, кој е син на Аспинал и Мона Бест и полубрат на Пит Бест, оригиналниот тапанар на Битлси.

Тој изјавил дека неговиот татко, маскиран, го придружувал Џон Ленон, додека еднаш излегувале од хотел во Токио, еднаш излегол и Пол Макартни со маска, но Ринго Стар и Харисон останале заклучени во собите.

„Тие сакаа да купуваат работи на турнеја, но бидејќи не можеа да излезат, луѓето ги носеа своите производи во нивните соби. Џорџ купи три многу украсени јапонски чајни комплети кои потоа ги испрати назад во Англија. Чуваше еден, татко ми дозволи тој да избира од преостанатите два, а третиот и го дал на мајка си“, рекол Бест, пренесува Би-Би-Си.

Сервисот е префрлен во Ливерпул, во куќата на Мона Бест, сопственик на клубот „Касба“.

Бест изјавил дека на сетот недостасуваат три чаши кои ги скршил кога имал 15 години.

Тој додаде дека се надева дека сервисот за чај ќе биде од особен интерес за фановите на Битлси од Јапонија кои го посетуваат музејот во Ливерпул.

„Фан клубот на Битлси е еден од најголемите по членство и има околу 40.000 фанови. Мислам дека ова ќе им се допадне“, рече Бест.

САД најавија нови 6 милијарди долари воена помош за Украина

Соединетите Држави обезбедуваат нова воена помош од 6 милијарди долари за да ѝ помогнат на Украина да се одбрани од руската инвазија, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Последната испорака на оружје ќе вклучува артилериска муниција, како и ракети за системи за воздушна одбрана Патриот произведени во САД, рече Остин по онлајн состанокот со Контакт групата за одбрана за Украина предводена од Вашингтон.

Соопштението доаѓа откако американскиот Сенат доцна во вторникот одобри нова помош за Киев во вкупна вредност од околу 61 милијарда долари, отворајќи го патот за нови испораки на оружје по повеќемесечната блокада.

Веднаш потоа, во средата, американскиот претседател Џо Бајден најави итен воен пакет од 1 милијарда долари. Станува збор пред сѐ за опрема за противвоздушна одбрана, артилерија, ракетни системи и оклопни возила од залихите на американската армија.

Граѓаните на Дубаи пријавуваат непозната болест, ја поврзуваат со неодамнешните поплави

Луѓето во Дубаи и остатокот од Обединетите Арапски Емирати пријавиле дека се разболеле од водата за пиење по големите и тешки поплави што го погодија регионот.

Земјата беше погодена од врнежи што не биле видени долго време, а за само 12 часа наврна дожд колку за една година.

Поплавите буквално го запреа животот во пустинската земја и предизвикаа хаос на аеродромот во Дубаи, најпрометниот меѓународен воздушен центар во светот. Временските услови предизвикаа Emirates да ги откажат летовите за 200.000 патници и да одложат многу повеќе.

До минатиот вторник, Обединетите Арапски Емирати имале нешто повеќе од 142 милиметри дожд на метар квадратен, додека просечните врнежи се околу 86 мм дожд. На повеќе локации забележани се речиси 250 милиметри дожд на метар квадратен.

Државната новинска агенција ВАМ го нарече дождот „историски временски настан“ што го надмина „се што е документирано од почетокот на собирањето податоци во 1949 година“.

Сега луѓето во Обединетите Арапски Емирати почнаа да покажуваат симптоми поврзани со наводно загадената вода, соопшти Министерството за здравство.

Во соопштението, кое го пренесе државната новинска агенција, не се прецизира точно колку луѓе се болни или од што точно се лекуваат.

Имало „многу ограничен број случаи кои покажаа одредени симптоми на влијание на загадена вода“ и тие се на болничко лекување, велат од Министерството, но не прецизираат што ја предизвикало загаденоста на водата.

Силниот дожд е поврзан со поголем систем на бура минатата недела што го премина Арапскиот полуостров и го премина Оманскиот залив. Истиот циклон донесе и смртоносни поплави во блискиот Оман, каде што загинаа најмалку 18 луѓе.

Дожд врнеше и во Бахреин, Катар и Саудиска Арабија. Сепак, дождовите беа најсилни низ ОАЕ. Се шпекулира дека „сеење на облаци“ ги предизвикало поплавите.

притисни ентер