Чествувањето на празникот го организираат Општина Крива Паланка и Кумановско-Осоговската епархија, Кривопаланечо архиерејско намесништво, а ќе започне во осум часот, со света Богојавленска литургија во соборниот храм Св.Великомаченик Димитриј.
Положувањето на светиот крст во водите на Крива rека ќе се одржи кај т.н. Шанин мост, кај населбата Бавчал’к, со почеток во 10 часот.
За среќникот што ќе успее да го извади крстот од осветените води на реката ќе биде доделена награда од општината, а исто така награда, традиционално, обезбеди и Зегин аптеки.
Екипите на јавното претпријатие Комуналец од градот извршија подготовка и расчистување на делот од коритото на Крива Река кадешто ќе се спроведе светиот чин, а на градскиот плоштад во организација на локалната самоуправа на ќе бидат обезбедени топли напитоци за присутните.
Од општината ги повикаа граѓаните да присуствуваат на настанот, со задолжително почитување на мерките за заштита од Ковид-19.