Во Италија се најдени 29 милиони скриени вакцини, се огласија од АстраЗенека

АстраЗенека објави дека 29 милиони дози вакцини се пронајдени во фабрика во Италија , а биле наменети за Европската унија и за донации во посиромашните земји преку програмата COVAX предводена од Светската здравствена организација (СЗО).

На барање на Европската комисија, италијанските безбедносни сили извршиле инспекција за викендот во фабриката „Каталент“ во Анањи близу Рим и таму пронашле залиха на дози од вакцината „АстраЗенека“, пишува „Ла Стампа“. Италијански официјален претставник подоцна го потврди извештајот за инспекцијата и рече дека дозите ќе бидат испратени во Белгија.

Серија реакции на извештајот покажуваат ниво на недоверба кон англо-шведскиот производител, што го намалил снабдувањето со вакцини на Унијата до крајот на јуни на 100 милиони дози, наместо на 300 милиони дози, според договорот со блокот од 27 членки. Пронајдените 29 милиони дози на вакцина АстраЗенека се доволни за вакцинирање на 14,5 милиони луѓе.

"За време на инспекцијата, во близина на Рим беше откриено залиха од скоро 30 милиони дози. Сега е запленета", изјави портпаролот на француската влада Габриел Атал по состанокот на владата.

„ЕУ нема да страда поради грешките на другите луѓе во врска со вакцинацијата“, нагласи тој.

Европратеникот Питер Лизе, од иста партија со германската канцеларка Ангела Меркел, рече дека извештајот го оставил без зборови и ја повика АстраЗенека да ја разјасни ситуацијата. AstraZeneca објасни денеска дека повеќето дози од фабриката Каталент се наменети за ЕУ, а остатокот е за посиромашните земји преку програмата COVAX.

"Во моментов, не е планиран извоз, освен во земјите преку COVAX. 13 милиони дози вакцини чекаат контрола на квалитетот, за да можат да бидат испорачани до COVAX", соопшти компанијата. Останатите 16 милиони дози ќе бидат доставени во Европа во март и април, додаваат тие.

Марио Гаргиуло од Каталент за Ројтерс изјавил дека поседувањето 29 милиони дози вакцина во фабриката во Анагни е во согласност со вообичаената постапка и дека компанијата често таму има повеќе дози. Европската комисија одби да го коментира случајот.

УНИЦЕФ, во име на програмата за размена на вакцини COVAX, објави дека закажаната достава на вакцини до сите земји, вклучително и Виетнам, мора да се одложи поради доцнењето во производството.

Официјален претставник на ЕУ рече дека некои дози пристигнале во фабриката од холандска фабрика за вакцини, управувана од Халикс, подизведувач на „АстраЗенека“. Фабриката во Анањи е задолжена за пакување на вакцините произведени во фабриката Халикс и во фабриката во Белгија, управувана од подизведувачот Термо Фишер Синсиел. AstraZeneca објави дека фабриката исто така пакува дози добиени надвор од ЕУ во шишиња и дека тие ќе бидат испорачани во земјите преку COVAX.

Двете постројки за вакцини во Белгија и Холандија се наведени како добавувачи на Унијата во договорот што АстраЗенека го потпишал со ЕУ во август. Сепак, фабриката Халикс сè уште не е одобрена во Унијата, бидејќи AstraZeneca сè уште не доставила доволно податоци на европскиот регулатор. Не е одобрен ниту во Велика Британија. Вакцините произведени таму не можат да се користат во ЕУ се додека не се добие одобрување, што се очекува во наредните денови, објавиле официјални претставници на ЕУ и АстраЗенека. Не е познато зошто AstraZeneca не побарале претходно одобрување за фабриката. Англо-шведската компанија одбила да даде коментар.

Халикс е наведен и како снабдувач на Велика Британија, кој ја повикува ЕУ да дозволи испорака на дозите произведени таму. Велика Британија досега не доставила вакцини на АстраЗенека до Унијата, иако две британски погони се наведени и како добавувачи на блокот во договорот со ЕУ. Халикс соопшти дека започнале со производство на вакцината за ЕУ ​​во декември и може да произведува околу пет милиони дози месечно, но компанијата одбила да открие колку дози на вакцина веќе произвела.

Видео: Кристијано и Георгина уживаат на плажа

Еден од најдобрите фудбалери во последните две децении Кристијано Роналдо и неговата вереница Георгина Родригез ги воодушевија своите следбеници на социјалните мрежи со видео.

Кристијано и атрактивната Георгина уживаат во одморот, а поубавата половина на Роналдо ја искористи приликата да објави жешка снимка од плажа во која ги покажува своите бујни облини.

- Во рајот со тебе - напишала Георгина во описот на видеото.

Со Георгина и наследниците, Кристијано Роналдо се бања и одмара, а кога ќе дојде времето за вечера со неговата поубава половина, наздравува и пишува на социјалните мрежи:

- Среќа!

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која знае како да ја внесе Македонија во ЕУ

Нашата историска традиција, нашиот пркос, но и нашата одлучност за европската иднина на Македонија се најдобар доказ дека не се откажуваме.

На вечерашниот митинг кој се одржа во Гостивар, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на присутните им порача дека СДСМ е силна партија и ако некој мисли дека тукутака ќе се откажат, тогаш или не ги познава или ги потценува.

„Нашата историска традиција, нашиот пркос, но и нашата одлучност за европската иднина на Македонија се најдобар доказ дека не се откажуваме. И нема да се откажеме. СДСМ е наследник на сојузот на комунистите на Македонија. КПМ е формирана тука во соседство кај вас во Тетово, во 1943 година. Тогаш нашите претходници беа на вистинска страна на историјата и се бореа за слободна, независна држава.

Тогашниот претседател на ВМРО – Ванчо Михајлов беше на страната на фашистите и тој ја бојкотираше таа борба. Во 1993 година кога требаше да влеземе во ОН, благодарение на Киро Глигоров Македонија влезе во ОН, ВМРО – ДПМНЕ и тогаш го бојкотираше влезот во ОН. Подоцна кога требаше да станеме членка на НАТО, ВМРО – ДПМНЕ го бојхкотираше референдумот“, додава Ковачевски.

Со вас, вели тој, успеавме да го срушиме режимот на ВМРО-ДПМНЕ и да ја ослободиме државата од канџите на ВМРО-ДПМНЕ и 11-те години изолација. Оваа влада со поддршката на граѓаните ја внесе Македонија во НАТО, донесе тешки но правилни одлуки и после 30 години, успеа да ги отпочне преговорите со Европската Унија.

„СДСМ е единствената политичка сила знае како да го направи тоа.Затоа бидете сигурни дека заедно со граѓаните со гордо крената глава на 8 мај повторно ќе излеземе на избори и повторно ќе кажеме ДА, ние сме тие кои сме за прогресивна, напредна, европска Македонија“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во средата, во првиот круг на претседателските избори, граѓаните им испратиле силна порака и дека таа порака ја слушнале, ја прифатиле одговорноста и се свесни дека СДСМ мора да се промени за да ја врати довербата на граѓаните.

„Знаеме дека има и незадоволство кај граѓаните. Тоа не го криеме и го кажував во изминатите неколку месеци. Нас нѝ е совршено јасно дека партијата треба да се менува за да ја вратиме довербата на граѓаните. Како човек кој во животот и во кариерата се соочил со многу победи и со порази, добро знам дека првиот чекор кон промена е прифаќањето на сопствените грешки“, порача Ковачевски.

Изборите на 8-ми мај ќе бидат многу тешки за сите, појаснува Ковачевски и вели дека тие ја имале поддршката и кога било најтешко, потсетувајќи дека резултатот сѐ уште не е одлучен.

„Порешителни и пообединети од било кога, ќе продолжиме да се бориме и да ја оствариме нашата заложба – да ја видиме Македонија во ЕУ. Затоа, пред да го дадете својот глас на 8-ми мај, размислете добро кој го заслужува тоа, бидејќи тоа е најмоќниот демократски инструмент кој го имате на располагање. Ние ќе бидеме тука да ги претставуваме сите оние кои нема да се откажат од градење на просперитетно, демократско и европско општество во Македонија“, рече Ковачевски.

Ковачевски додава дека ниту тој, ниту СДСМ нема да се откажат од членството на Македонија во Европската Унија, затоа што со тоа се обезбедува подобар животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство и држава достојна за сите граѓани.

Петровска до опозицијата: Ќе излезете од НАТО и ќе прекинете преговори со ЕУ?

Вечерва немам намера да ви држам говори полни со демагогии и лажни ветувања, а уште помалку со лажен патриотизам и национализам, рече носителската на изборната листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица шест, Славјанка Петровска.

„Во времињата кога лажниот патриотизам владееше, од Македонија над 70.000 граѓани земаа бугарски пасоши. Во тие времиња студентите беа тепани, а новинарите апсени. Вечерва ќе зборувам за иднината, а тој пат е тежок и макотрпен, но друг пат нема. Секој што ќе ви вети брз и пократок пат, знајте дека ве носи во бездна, ве враќа во минатото, а не кон иднината“ порача Петровска.

Таа се обрати до опозицијата да каже која и каква е алтернативата.

„Ќе излезете од НАТО? Ќе прекинете преговори со ЕУ? Ќе затворите граници со соседите? Ќе седите дома, додека децата ни бегаат преку граница, а вие ќе ја фатите старата песна, да изградите уште една бела палата, додека на народот му се заканувате со меѓуетничка војна? Ова е таа друга опција, почитувани. Нашата опција, пак, е јасно зацртана. Ние не бегаме од тешките прашања и не ги негираме грешките. И ние сме луѓе од крв и месо, и нас не болат неправдите кои доаѓаат однадвор, сите тешки одлуки - и за името и за односите со соседите. Сето тоа и нам ни тежи на душа... Но ние немаме право да Ве лажеме дека има успех без цена, за нашата Македонија да дојде таму кај што природно припаѓа, во цивилизирано, европско семејство“ порача Петровска.

Скопје, 27 април 2024

СДСМ

Фото: Парис Хилтон „како од мајка родена“

Богатата наследничка на ланецот хотели „Хилтон“ – Парис Хилтон неодамна се појави на насловната страница на магазинот „Flaunt“ во разголено издание.

Иако позираше во „костум – како од мајка родена“, оваа 43-годишна убавица носеше додатоци од големите модни куќи – „Версаче“ и „Сен Лоран“.

Провокативната Парис никогаш не била срамежлива да ги покаже деловите од своето тело, но сега според многумина сепак отишла малку предалеку.

притисни ентер