АвтомобилизамВо Дубаи е отворена изложба на екстремни преработки на најскапите автомобили (ФОТО)Германскиот тјунер Mansory е познат по своите навистина препознатливи преработки на скапи автомобили, без разлика дали се тоа спортисти или симболи на луксуз.Притоа ништо не им е свето, па се спремни под нож да ги земат Bugatti Chiron и Rolls-Royce. Важно е побарувачката за такви возила да постои. Покрај тоа, побарувачката е во пораст, особено во Обединетите Арапски Емирати. Затоа Mansory одлучиле да отворат свој изложбен салон во Дубаи, нудејќи им на клиентите три специјални модели. Станува збор за адаптации на Rolls-Royce Cullinan, Lamborghini Urus и Mercedes G-Class во верзијата AMG. Таканаречените верзии „Special UAE“ доаѓаат во двобојна конфигурација, каде што основата е сива или виолетова, а кон задниот дел станува црна. Се разбира, се подразбираат голем број на карбонски надградби на каросеријата. Станува збор за комплетот Venatus Evo S за Lamborghini Urus, комплетот Gronos за Mercedes-AMG G-Class и комплетот Billionaire за Rolls-Royce Cullinan. Специјалните изведби се поставени на тркала од 24 инчи, а добија и лого со мапа на ОАЕ. Истиот симбол може да се најде во кабината, кој Mansory може да го организира за да одговара на желбите на секој клиент. Кога станува збор за моторите, Mansory нуди многу. Urus достигнува 880 КС и 1100 Nm, Cullinan дава 610 КС и 950 Nm, а Г-класата максимални 850 КС и 1000 Nm. Иако станува збор за ограничени серии, Mansory не објавиле колку примероци ќе понудат. И цената е непозната, но секако е значително повисока од и онака високите цени на оригиналните модели. Така, на крајот, да речеме дека салонот опфаќа околу 800 квадратни метри изложбен простор каде што може да се видат многу автомобили, но и целата палета во однос на тркалата и додатоците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 16. август 2026 година Дневен хороскоп за недела, 16. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни. Кариера Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи. Кариера Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе. Здравје и совет Настинка и главоболка . Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики. Кариера Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата. Здравје и совет Чувствителност на синусите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно. Кариера ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм. Здравје и совет Соработувајте со другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност. Кариера Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро. Здравје и совет Не може ништо да ве одмине. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција. Кариера Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате. Здравје и совет Се чувтсвувате одлично. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи. Кариера Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи. Здравје и совет Не се измачувајте со ситни работи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност. Кариера Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола. Здравје и совет Работите ви одат се подобро и подобро. Овен 21.3-20.4. Љубов Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават. Кариера Сѐ што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка. Здравје и совет Мали нервози и грижи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа. Кариера Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник. Здравје и совет Добро влијание на алтернативните терапии. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата. Кариера Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно. Здравје и совет Денеска ќе ви биде полесно. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте. Кариера што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале. Здравје и совет Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.Популарната босанка пејачка Тијана Милентијевиќ, попозната како Тијана Ем, меѓу бројните настапи најде време да се одмори и да ужива во летото.На социјалните мрежи таа објави фотографии во костим за капење и ја покажа својата фигура, а нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на следбениците. Брзо пристигнаа коментари и комплименти, при што многумина забележаа дека пејачката изгледа задоволно и самоуверено. Во последните месеци, Тијана сè почесто покажува промени во својот изглед и се чини дека е особено задоволна од резултатите на својот труд. Покрај нејзиниот изглед, внимание привлече и нејзината насмевка. И покрај набиениот распоред во текот на летната сезона, пејачката го користи секој слободен момент за одмор и за полнење на батериите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикиниНајдобрата светска тенисерка,Арина Сабаленка, е исклучително активна на социјалните мрежи, па така предизвика вистински хаос со својата најнова објава. Атрактивната Белорусинка сподели фотографии и видео од снимање за списанието „Тајм“, на кои позира во црн едноделен костим на кошаркарски терен. Фотките ги воодушевија нејизните милионски фанови на социјалните мрежи. На фотките Сабаленка блескаше од насмевки додека гордо ја покажуваше својата совршена фигура, а покрај костимот за капење, носеше и апостолки со ниска потпетица кои се моден хит ова лето. На главата имаше темни очила за сонце, а косата ѝ беше собрана во пунџа. Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21