Во Дебар симболично осветени водите во базенот во црквата „Света Петка" - Канал 5

Во Дебар симболично осветени водите во базенот во црквата „Света Петка"

 Големиот христијански празник, Богојавление-Водици се одбележува и во Дебар, традиционално во црквата „Света Петка", каде света литургија одржа намесникот на Дебарската парохија, Миле Ангеловски.

Во Дебар симболично осветени водите во базенот во црквата „Света Петка"

Поради се помалиот број православни, пред се млади, чинот на осветувањето на водата беше направен симболично.

Бидејќи немаше пријавени повозрасни, а поради минусните температури, по литургијата отец Ангеловски симболично ја освети водата во базенот во дворот на црквата, каде е и седиштето на парохијата, откако седумгодшниот Павел и неговиот година помал братчед, Горазд, кусо влегоа во базенот.

И намесникот и присутни верници си го честитаа празникот со желби и молби до Бога за здравје и благосостојба, а кумството за догодина го презеде семејството на Јован Силјановски.

Поради пандемијата овој пат изостанаа дебрани кои живеат во други градови во државава, пред се во Скопје.

По повод Водици заживеаа селата од поширокиот регион, каде дојдени се поранешни жители и нивните потомци. Посебно, по празнувањето се препознатливи повеќе села, пред се Битуше, Горенци, Гари и Долно Мелничани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Уште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар.

Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност.

СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните.

Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема.

Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар.

Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата.

Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели?

Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“

Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.

Панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“

На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Од 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени.

Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер