Власта уверува дека води проактивна економска политика, опозицијата обвинува за лошо економско менаџирање - Канал 5

Власта уверува дека води проактивна економска политика, опозицијата обвинува за лошо економско менаџирање

Македонија е држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација во регионот и тоа го потврдуваат и ЕК, ММФ и Светска банка, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Власта уверува дека води проактивна економска политика, опозицијата обвинува за лошо економско менаџирање

Македонија е држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација во регионот и тоа го потврдуваат и ЕК, ММФ и Светска банка, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан за извештајот на Светска банка кој нотира дека македонската економија годинава ќе порасне за 3,2%, а во вториот квартал од 2026 година остварила економски раст од 4,3 проценти. Според Мицкоски, власта води добра бизнис и економска политика, иако наследила катастрофална состојба во државата и стари долгови. Во следните две години Владата треба да презапише или да врати 5 милијарди евра заеми од минатото, вели Мицкоски.

-Ако во минатото овие кои денеска се опозиција, а тогаш беа Влада, не убедуваа дека стапката на инфалција во Македонија е двојно поголема од европскиот просек поради тоа што е увезена, денеска гледаме дека имаме за 25 проценти пониска стапка на инфлација од она што е европскиот просек. А тоа е резултат на политиките на Владата. А во исто време кога имате стапка на инфлација помеѓу 2 – 2, 5 проценти, да генерирате раст од 4,3 проценти во вториот квартал од оваа година, навистина претставува проактивна економска политика и политика којашто носи резултати, изјави Мицкоски.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, од друга страна денеска обвини дека Буџетот е во катастрофална состојба, а вториот ребаланс кој во моментов е во Собранието според него е признание за лошото водење на економијата од Владата на Мицкоски. За само две и пол години, јавниот долг на државата е зголемен за четири милијарди евра нови долгови, вели Филипче, власта крати пари за образование, здравство и гасификација, а нема ниту денар за минималната плата.

- Нема поголем доказ за лошо менаџирање на буџетот, финансиите и економијата од страна на Христијан Мицкоски и од овој втор ребаланс. кој не носи подобар стандард за граѓаните, нема пари за поголеми плати, нема фискална стабилизација, нема капитални инвестиции, напротив, тие се кратат, ова претставува ребаланс за да се направи задолжување за трошење, односно ребаланс со кој што ќе се пополнат дупките во буџетот, рече Филипче.

Во Собранието денеска почна амандманската расправа за вториот ребаланс на Буџетот, при што до собраниската Комисија за финансирање и буџет се доставени 124 амандмани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Савески учествуваше на форум на балканските државни обвинители во Анталија

Јавниот обвинител на Македонија Ненад Савески учествуваше на 5. Работен форум на државни јавни обвинители од балканските земји, што се одржа во Анталија, Р.Турција.

Савески учествуваше на форум на балканските државни обвинители во Анталија

На форумот, Савески имаше излагање на тема “Финансирање тероризам, перење пари и конфискација на незаконски стекнатиот имот”.

Во излагањето, тој се осврна на искуствата на нашата земја во борбата против финансискиот криминал, предизвиците за лоцирање и одземање на незаконскиот имот, но и на чекорите што ги презема македонското јавно обвинителство за поефикасен кривичен прогон на перењето на пари и зголемување на обемот на конфискацијата.

“Ефективниот одговор мора да опфаќа повеќе од само истражување и кривично гонење на криминалното однесување. Тој исто така мора да ги идентификува, следи, замрзне и, на крајот, да ги конфискува средствата стекнати преку криминал. Во спротивно, финансиската корист од криминалните активности може да остане кај сторителите, дури и кога кривичната постапка е веќе во напредна фаза”, нагласи државниот обвинител, истакнувајќи ги активностите на истражните центри во јавното обвинителство и зајакнувањето на капацитетите за финансиски истраги.

“Клучен приоритет е поефективно поврзување на овие напори: спроведување финансиски истраги паралелно со кривичните истраги, зајакнување на соработката меѓу институциите, користење меѓународна правна помош таму каде што е потребно, како и следење на имотот сè до негова конечна конфискација. На крајот, успехот треба да се мери не само според бројот на отворени предмети или вредноста на замрзнатиот имот, туку и според способноста да се обезбеди конечна конфискација и да се намалат финансиските придобивки од криминалните активности”, рече Савески.

На маргините на форумот, Савески оствари билатерална средба со турскиот Главен јавен обвинител Мухсин Шентурк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

Општина Центар информира дека средствата предвидени за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик се целосно искористени.

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

Поради тоа, Јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен, а по објавувањето на ова известување во Архивата на Општина Центар нема да се примаат нови барања.

До моментот на завршувањето на повикот се доставени над 1.300 барања.

За оваа намена од Буџетот на Општина Центар за 2026 година беа издвоени 7 милиони денари, а помошта беше удвоена – од минатогодишните 2.500 на 5.000 денари. Со тоа се исполни ветувањето за посилна поддршка на повозрасните сограѓани кои најмногу ја чувствуваат тежината на животните трошоци.

Општина Центар им благодари на сите граѓани кои се јавија на повикот.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус

ЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.

Јанчев: Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус

Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус.

Во рамки на ЛАПСИ - Локални активни платформи за социјални иновации, младите работеа во групи, ги мапираа предизвиците во својата општина и развиваа идеи за конкретни решенија и подобрување на локалната заедница, а денес им беа доделени сертификатите како потврда за нивното учество, посветеност и стекнатите знаења.

ЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер