Во Битола годинава 238 првачиња помалку од лани - Канал 5

Во Битола годинава 238 првачиња помалку од лани

Новата учебна година во Битола ќе ја почнат 529 првачиња и тоа е за 238 првачиња помалку затоа што лани беа запишани 767 првоодделенци.

Во Битола годинава 238 првачиња помалку од лани

Најмалку првачиња запишани се во основните училишта „Александар Турунџев“ и „Св. Кирил и Методиј“ каде во училишните клупи ќе седнат 10 во Кукуречани и 24 деца во Битола, а најмногу првачиња, вкупно 94 запишани се во општинското основно училиште „Св. Климент Охридски“.

Од секторот за образование на Општина Битола за МИА потврдија дека во сите основни училишта има помал број на првачиња и според евиденцијата во ООУ „Ѓорги Сугарев“ ќе учат 30 првачиња, во ООУ „Трифун Пановски“ запишани се 37, во ООУ „Коле Канински“ запишани се 43, а во ООУ „Гоце Делчев“ се запишаа 45 првачиња. Само 30 првачиња ќе учат и во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во селото Бистрица.

Помал број на првачиња годинава ќе учат и во основните училишта „Тодор Ангелески“, „Стив Наумов“, „Елпида Караманди“ и „Даме Груев“, посочија од Општина Битола.

Челзи прв финалист на Светското клупско првенство

Фудбалерите на лондонски Челзи се првите финалисти на Светското клупско првенство, откако синоќа во полуфиналето го совладаа бразилски Флуминенсе со 2-0.

Челзи прв финалист на Светското клупско првенство

Челзи до место во финалето го однесе двојниот стрелец Жоао Педро, кој претходно во кариерата настапуваше за Флуминенсе.

Англискиот клуб дојде во водство во 18 минута, а Педро со својот втор гол на натпреварот во 56 минута стави печат на победата.

В недела, Челзи за противник во финалето ќе го има победникот од вториот полуфинален дуел меѓу двата последни европски шампиони, Реал Мадрид – ПСЖ.

Второто полуфинале е на програмата вечерва со почеток во 21 часот по македонско време.

Без струја дел од општините Сопиште и Карпош

 Без електрична енергија денеска ќе останат дел од општините Сопиште и Карпош, соопшти РЦУК Скопје по добиено известување од Од ЕВН Македонија АД.

Без струја дел од општините Сопиште и Карпош

Како што се наведува во соопштението, без струја во периодот од 08:00 до 12:00 часот, ќе видат дел од корисдниците од с.Сопиште на главен пат околу „Давидоф“, а во периодот од 12:30 до 14:30 часот, дел од ц.Долни Нерези во Карпош.

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата

На граничните премини утринава, според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

притисни ентер