МакедонијаСтанари од зграда пријавиле поплава од фекалии од див приклучок на угостелски објект, општина Аердром со став „винови се жителите“Куќен совет во населбата Аеродором добил предупредувачко писмо од општината Аеродром од инспекторката за домување Вилма Апостолоска дека ќе го казни претседателот на заградата на куќниот совет заради неодржување на одводната канализациона мрежа.Куќен совет во населбата Аеродором добил предупредувачко писмо од општината Аеродром од инспекторката за домување Вилма Апостолоска дека ќе го казни претседателот на заградата на куќниот совет заради неодржување на одводната канализациона мрежа поточно шахта која припаѓа на зградата. Овој допис стигнал до претседателот откако заедницата на станари реагирале до општината дека угостителски обејкт до зградата од тоалетот е приклучен во нивната шахта и ги полни подрумите со фекалии скоро три години. Станарите повикале мајстор, кој утврдиле дека фекалиите се од угостителскиот објект кој е директно приклучен во шахтата и им дал и писмено одговор каде е причината. За чистење и санирање на штета платиле 500 евра. Но, од општината се прогласуваат ненадлежни и ги повикуваат водовод кој исто така се нагласуваат дека тоа не е во нивна наделженост, треба да го реши општината, за да на крај виновен е оној кој пријави проблем. Земјиштето каде што дел од тоалетот на уготстелскиот објект и шахтата го откупиле жителите на зградата, и има писмен одговор одоговор за отстранување на дел од урбаната опрема која ја дава градот Скопје донел одлука да биде остранета и истиот допис е пратен во општина Аеродром кој досега ништо нема постапено. „Ние не можеме да разбереме, општина Аерoдром беше ставена на мапа со нилската треска, јасно беа посочени вакви места како извор за комарци, реагираме, друг поплавува се гледа од каде е цевката и никој не постапува и на крај ние сме виновни, велат жителите. Граѓаните велат дека по повикот на премиерот Христијан Мицкоски каде повикува граѓани да пријават корупција ќе го пријават овој случај, зошто нема одговор туку казна. Во овој случај јасно се гледа нема меѓусебна комуникација помеѓу институциите. Претседателот на куќниот совет реагирал, а инспектор од општина Аеродром кажува дека е ненадлежен, а притоа не објаснува како станарите да реагираат туку ја префрлаат ситуацијата со други институции, а наведува дека е виновен претседателот кој исто така бара спас во институција. Ова е еден од примерите каде секој се повикува за ненадлежен, а во исто и време нема прецизирано закони кој и како е надележен. По пожарот во Кочани каде загинаа 63 луѓе и трае се уште судскиот процес. Главен атрибут на јавното обвинителство е непостапувањето на инспекторите во целиот случај на време. Одбраната на обвинетите реагира дека различни закони даваат различни ингеренции и на крај останува празнианта кој треба да реагира. Министерството за економија донесе измени во законот за угостилеска дејност. Предлог-измените на Законот за угостителска дејност се во финална владина процедура и се изработуваат одговорно, со целосно вклучување и имплементирање на сите забелешки од надлежните институции. Нашата цел е јасна – да воведеме ред, да ги затвориме правните празнини и да спречиме каква било можност за произволна примена на законот, велат од Министерството за економија за Канал 5. „Свесни сме дека угостителството не се регулира само со еден закон, туку и со повеќе од 15 правилници од различни институции, од кои дел се постари од 15 години. Токму затоа побаравме техничка помош од Европската Унија за изработка на темелна анализа и во иднина подготовка на целосно нов Закон за угостителство, како и за усогласување на подзаконските акти со современите стандарди што се применуваат во западноевропските држави“, потенцират од економија. Од министерството за економија објаснуваат дека по трагедијата во Кочани, Министерството за економија и труд издаде вкупно 7 лиценци – 3 за кабаре, 2 за дискоклуб и 2 за дискоклуб на отворен простор – исклучиво по спроведени постапки согласно важечкиот закон и по добиени сите потребни согласности. За министерството за економија важна е безбедноста на граѓаните. Потребни се европските стандаради и правила за безбедност, но и чесни угостители. НОВИОТ ЗАКОН ЗА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ МОРА ГИ РЕГУЛИРА И БРОЈОТ НА КАФЕАНИ, РЕСТОРАНИ И КАФЕ БАРОВИ ВО ЗГРАДИТЕ Од друга страна при барање да се добие дозвола за угостелски објект освен што се гледа добиениот елаборатат, никој не доаѓа на терен и да види на мал простор колку објекти за угостителска дејност има во какви услови се. Граѓаните реагираат дека треба да има промени во делот на добивање на урбана опрема да се види колку вакви објекти има на мал простор, многу често дел од опремата е и опаснот од пожари но и неможност да пристапи противпожарно возило, раскажуваат граѓаните. Многу често од мали дуќанчиња се направени кафе барови каде и самата комунална и одводна мрежа е проблем од заглавени хартии и измет и друг отпад завршува во подрумите во зградата, велат граѓаните. Од градот Скопје велат дека таква одредба нема, каде има ограничување на број на угостителски објекти. „Инспекцискиот надзор во оваа област вршат градежната општинска инспекција, комуналната инспекција на Град Скопје и Државниот пазарен инспекторат. Во однос на поплаките за бучава, надлежни за постапување се инспекциските служби на општините. Користењето на летна тераса се наплатува согласно утврдениот надоместок, кој изнесува 15 денари по метар квадратен на ден. Законските одредби и висината на казните се пропишани и изгласани од страна на законодавецот, а санкциите се определуваат во зависност од видот и тежината на сторениот прекршок. “, велат од Град Скопје. Граѓаните од скопски Капиштец од иницијативата „За пристоен Капиштец“,го кренаа гласот против гласната музика на угостителски објект. Велат дека има мал чекор, музиката е за поника за некој децибел, но има вечери кога повоторно се пријавува. „И натаму има вечери кога бучавата е над дозволеното и кога има нарушување на јавниот ред и мир. Оваа промена ја гледаме како резултат на притисокот што го создадовме преку долгогодишните пријави, медиумската видливост и мирниот протест, а не како воспоставен систем на контрола. Со години сите ние индивидуално поднесувавме претставки, повикувавме институции и баравме решенија. Но кога голем број соседи застанаа заедно, стана јасно дека не станува збор за изолиран проблем, каприци или за незадоволство на неколку поединци. “, раскажуваат граѓаните. Државниот пазарен инспектрат извршил 4432 надзори, издале 1792 прекршочни налози во вкупна вредност 250 илјади евра казни. Од инспекторат обајснуваат дека треба итна промена на Законот за угостителска дејност да се стави и делот на бројот на угостителски објекти во една зграда, но и дека казните се многу ниски до 300 евра ако се врши угостителска дејност надвор од деловниот објект, без давање на одборение издадено од градоначалникот на Град Скопје. Многу често плаќаат казни, но проблемите остануваат велат за канал 5 од Државниот пазарен инспекторат. Од министерството за економија потенцираат дека во предлог измените на законот за угостителска дејност се во финална фаза и се ставаат сите забелешки. По трагедијата во Кочани се заоструваат мерките за добивање на дозволи и лиценци за ноќни барови и кабареа, дискотеки на отворен простор. Предлог-измените на Законот за угостителска дејност се во финална владина процедура и се изработуваат одговорно, со целосно вклучување и имплементирање на сите забелешки од надлежните институции. Нашата цел е јасна – да воведеме ред, да ги затвориме правните празнини и да спречиме каква било можност за произволна примена на законот, велат од Министерството за економија за Канал 5. „Свесни сме дека угостителството не се регулира само со еден закон, туку и со повеќе од 15 правилници од различни институции, од кои дел се постари од 15 години. Токму затоа побаравме техничка помош од Европската Унија за изработка на темелна анализа и во иднина подготовка на целосно нов Закон за угостителство, како и за усогласување на подзаконските акти со современите стандарди што се применуваат во западноевропските држави“, потенцират од економија. Од министерството за економија објаснуваат дека по трагедијата во Кочани, Министерството за економија и труд издаде вкупно 7 лиценци – 3 за кабаре, 2 за дискоклуб и 2 за дискоклуб на отворен простор – исклучиво по спроведени постапки согласно важечкиот закон и по добиени сите потребни согласности. За министерството за економија важна е безбедноста на граѓаните. Потребни се европските стандаради и правила за безбедност, но и чесни угостители. ИВАНОВСКА: ГРАДОТ СКОПЈЕ И ОПШТИНИТЕ ЈАВНО ДА ГИ ОБЈАВИ КОЈ ДОБИЛ ДОЗВОЛА И ЗА ШТО? За експертите кои ја следат корупцијата објаснуваат дека корупција со општините и угостителите има и без да има потврда дека некој земал пари или не. Билјана Ивановска, поранешна претседателка на антикорупциската комисија објаснува дека, корупција е и кога некој не постапува по пријава, на некој начин замижал ја злоупотребил службената положба и издале дозвола што не е во согласност со законската регулатива. Скопје е брутално натрупано пред самите влезови на зградите, целосно запоседнат јавен простор од кафе бар или кафана каде што не може да се помине, зафатено зеленило, цели тротоари. Не може само писмени елаборати, треба на терен да се провери натрупансот од вакви објекти, бучава, миризба колкав простор имаат граѓаните или со еден збор не може неколку угостителски објекти во една зграда или во секоја зграда во еден каватр. За естиката воопшто не се помилсува, но никој не помислува дека ваквиот зафатен простор е проблем да пристигне брза помош, против пожарно возило, потенцира Ивановска за канал 5. За Ивановска она што треба да направи Град Скопје и сите општини е на своите веб страници да ги објави сите издадени дозволи, со што граѓаните може да се информираат и да реагират. Реакциите на граѓните за сите прекршувања од угостителите и постапувањето навремено од инспекторите може да биде превенција од нови трагедии по примерот на Кочани. Овој текст е изработен во рамките на проектот „Заедници со интегритет“, поддржан од Владите на Швајцарија и Шведска во Северна Македонија и имплементиран од Националниот демократски институт (НДИ). Содржината на овој текст е единствена одговорност на авторот и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на проектот, донаторите или имплементаторот. Швајцарија и Шведска не мора нужно да ги делат ставовите изразени во овој текст.Тагови: фекалии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
<svg width="50px" height="50px" viewBox="0 0 60 60" version="1.1" xmlns="https://www.w3.org/2000/svg" xmlns:xlink="https://www.w3.org/1999/xlink"><g stroke="none" stroke-width="1" fill="none" fill-rule="evenodd"><g transform="translate(-511.000000, -20.000000)" fill="#000000"><g><path d="M556.869,30.41 C554.814,30.41 553.148,32.076 553.148,34.131 C553.148,36.186 554.814,37.852 556.869,37.852 C558.924,37.852 560.59,36.186 560.59,34.131 C560.59,32.076 558.924,30.41 556.869,30.41 M541,60.657 C535.114,60.657 530.342,55.887 530.342,50 C530.342,44.114 535.114,39.342 541,39.342 C546.887,39.342 551.658,44.114 551.658,50 C551.658,55.887 546.887,60.657 541,60.657 M541,33.886 C532.1,33.886 524.886,41.1 524.886,50 C524.886,58.899 532.1,66.113 541,66.113 C549.9,66.113 557.115,58.899 557.115,50 C557.115,41.1 549.9,33.886 541,33.886 M565.378,62.101 C565.244,65.022 564.756,66.606 564.346,67.663 C563.803,69.06 563.154,70.057 562.106,71.106 C561.058,72.155 560.06,72.803 558.662,73.347 C557.607,73.757 556.021,74.244 553.102,74.378 C549.944,74.521 548.997,74.552 541,74.552 C533.003,74.552 532.056,74.521 528.898,74.378 C525.979,74.244 524.393,73.757 523.338,73.347 C521.94,72.803 520.942,72.155 519.894,71.106 C518.846,70.057 518.197,69.06 517.654,67.663 C517.244,66.606 516.755,65.022 516.623,62.101 C516.479,58.943 516.448,57.996 516.448,50 C516.448,42.003 516.479,41.056 516.623,37.899 C516.755,34.978 517.244,33.391 517.654,32.338 C518.197,30.938 518.846,29.942 519.894,28.894 C520.942,27.846 521.94,27.196 523.338,26.654 C524.393,26.244 525.979,25.756 528.898,25.623 C532.057,25.479 533.004,25.448 541,25.448 C548.997,25.448 549.943,25.479 553.102,25.623 C556.021,25.756 557.607,26.244 558.662,26.654 C560.06,27.196 561.058,27.846 562.106,28.894 C563.154,29.942 563.803,30.938 564.346,32.338 C564.756,33.391 565.244,34.978 565.378,37.899 C565.522,41.056 565.552,42.003 565.552,50 C565.552,57.996 565.522,58.943 565.378,62.101 M570.82,37.631 C570.674,34.438 570.167,32.258 569.425,30.349 C568.659,28.377 567.633,26.702 565.965,25.035 C564.297,23.368 562.623,22.342 560.652,21.575 C558.743,20.834 556.562,20.326 553.369,20.18 C550.169,20.033 549.148,20 541,20 C532.853,20 531.831,20.033 528.631,20.18 C525.438,20.326 523.257,20.834 521.349,21.575 C519.376,22.342 517.703,23.368 516.035,25.035 C514.368,26.702 513.342,28.377 512.574,30.349 C511.834,32.258 511.326,34.438 511.181,37.631 C511.035,40.831 511,41.851 511,50 C511,58.147 511.035,59.17 511.181,62.369 C511.326,65.562 511.834,67.743 512.574,69.651 C513.342,71.625 514.368,73.296 516.035,74.965 C517.703,76.634 519.376,77.658 521.349,78.425 C523.257,79.167 525.438,79.673 528.631,79.82 C531.831,79.965 532.853,80.001 541,80.001 C549.148,80.001 550.169,79.965 553.369,79.82 C556.562,79.673 558.743,79.167 560.652,78.425 C562.623,77.658 564.297,76.634 565.965,74.965 C567.633,73.296 568.659,71.625 569.425,69.651 C570.167,67.743 570.674,65.562 570.82,62.369 C570.966,59.17 571,58.147 571,50 C571,41.851 570.966,40.831 570.82,37.631"></path></g></g></g></svg>
View this post on Instagram
A post shared by Wanda Nara (@wanda_nara)
Шоу бизФото: „Жешката “ Џеј Ло-црна тантела, долна облека и тело од кое „те боли глава“Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез повтпорно воодушеви со својот секси изглед. Црна тантела, долна облека и тело од кое „те боли глава“ – латиноамериканката повторно „гори“Џенифер Лопез уште еднаш ја оправда титулата латино дива. Таа се појави во атрактивно модно парче кое, пак, откриваше навистина многу... Мегапопуларната Џеј Ло веќе некое време го привлекува вниманието на јавноста, како со своите изјави за разводот од Бен Афлек, така и со атрактивните модни комбинации. Неодамна имавме можност да ја видиме во креација од тантела која речиси целосно ѝ ги откриваше градите, а сега нè изненади со уште една креација во „гола“ нијанса. Овој пат таа се одлучи за модни парчиња од тантела, но, судејќи според фотографиите, воопшто не се срамеше да ги истакне своите атрибути. Имено, во четвртокот, Џеј Ло присуствуваше на премиерата на концертниот филм „The JLo Show“ во Лос Анџелес, а за забавата по настанот се пресоблече во црн, проѕирен фустан од тантела со длабоко деколте до папокот, кое го откриваше нејзината долна облека. Тоалетата носи потпис на познатата модна куќа „Долче и Габана“, ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизАнџелина Џоли ја напушта Америка и заминува од Холивуд, мирот пронашла во една азиска земјаХоливудската актерка Анџелина Џоли е сè поблиску до голема животна промена. По продажбата на нејзиниот луксузен имот во Лос Анџелес за 24,75 милиони долари во септември, сè повеќе показатели укажуваат на тоа дека таа планира живот надвор од Соединетите Држави, пренесува списанието *Azra*. Актерката моментално престојува во Камбоџа – земја со која одржува врска повеќе од две децении. За време на посетата, таа се сретна со верски лидери и му врачи подароци на Врховниот патријарх на будистичкиот ред Моханикај. Џоли и претходно изразувала желба да ја напушти Америка и да води номадски начин на живот, особено сега кога сите шест деца, кои ги има со Бред Пит, се возрасни. Пред да пристигне во Камбоџа, таа на 11 ноември престојуваше на Филипините, каде што учествуваше на панел во рамките на самитот на АСЕАН, посветен на инклузивниот раст. Зборувајќи за Камбоџа, таа не криеше колку ѝ значат луѓето и атмосферата во таа земја. „Ова место и неговите жители беа толку срдечни и отворени кон мене. Не можев да поверувам колку е силен нивниот дух, по сè низ што поминале. Понекогаш доаѓате на некое место и едноставно се чувствувате како дома“, изјави актерката. Нејзината поврзаност со оваа азиска земја започна во 2000 година, кога таму го снимаше филмот „Лара Крофт: Том Рајдер“. Исто така, токму во Камбоџа таа го посвои својот најстар син, Медокс, по кого ја именуваше фондацијата посветена на зачувување на природата и развојот на локалните заедници. Особено е интересно што програмата за престој на нејзиниот креативен колектив, „Ателје Џоли“ (Atelier Jolie), ќе започне токму во оваа земја во 2027 година. Програмата ќе се реализира во соработка со Фондацијата „Медокс“ (Maddox Foundation) и Центарот „Бофана“ (Bophana Center), основан од режисерот Рити Пан. Се чини дека Анџелина Џоли сè повеќе се оддалечува од холивудскиот начин на живот, свртувајќи се кон поинаква средина, креативна работа и места за кои ја врзуваат длабоки лични спомени.Тагови: Анџелина Џоли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter