Во БиХ од Сирија се враќаат над 500 лица поврзани со џихадистите

Околу петстотини државјани на Босна и Херцеговина се наоѓаат во бегалски или заробенички кампови во Сирија и Ирак и таму чекаат депортирање во својата земја.

Станува збор за лица кои се поврзани со терористичката организација ,,Исламска држава”, а по нејзиниот пад станале заробеници на сојузничката коалиција предводена од САД.

Во БиХ до сега калкулирале со вбројка од околу 300 , но оваа бројка речиси двојно се зголеми , кога пристигнаа извештаите од други држави , каде се водат прецизни евиденции на заробените џихадисти.

Така, исламистите ,државјани на БиХ во Сирија и Ирак пристигнувале и од Австралија , Белгија , Швајцарија, Шведска и Германија.

На враќање кон БиХ , освен џихадистите , чекаат и нивните жени или вдовици , како и стотина деца.

Европски фронт: Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас

Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас на претседателските избори.

Лидерите на партиите кои се дел од Европскиот фронт на денешната средба во Струга заклучија дека првиот круг од претседателските избори на 24 април помина во мирна, фер и демократска атмосфера, а победата на д-р Бујар Осман од 40.000 гласа над Арбен Таравари - кандидат на опозицијата, тоа е победа која уште повеќе ќе се продлабочи на 8 мај, на парламентарните избори кога Европскиот фронт ќе ја одбележи својата историска победа.

Во овој случај, бидејќи Европскиот фронт повеќе не е дел од претседателската трка во вториот круг од претседателските избори и бидејќи гласот на граѓаните за нас е свет и нивно право, Европскиот фронт наведува дека тоа е ексклузивна волја на граѓаните како што сакаат да го искористат ова право.

Пендаровски од Центар: Единствен Начин силјановска да победи на дуел е да настапи сама на дуел

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, попладнево од собирот во Скопски Центар се осврна и на најавата за предизборно соочување во емисија на МТВ. 

Порача дека ТВ дуел на јавниот сервис никогаш не бил договорен, додавајќи дека тоа е единствениот начин Силјановска Давкова да победи во некаква дебата.

Силјановска – Давкова: Пендаровски не дојде на дебата на МТВ, ќе дебатирам со празно столче

Кандидатот за претседател на државата гордана Силјановска Давкова преку социјалната мрежа Х објави дека нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски не се појавил на дебатата на националниот сервис МТВ.

„Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со празно столче.

Не разбирам зошто мојот противкандидат Стево Пендаровски им оневозможи на граѓаните повторно да ги соочиме нашите програми и ставови.

Би сакала да го потсетам господинот стево пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник, па го повикувам да се одважи и да се појави пред мене и пред граѓаните на Македонија. Основна задача на шефот на државата е да гради консензус преку дијалог со сите“, стои во нејзиниот твит на Х.

притисни ентер