БалканВо Белград почна конференцијата „Western Balkans 2030“Конференцијата има за цел, како што беше наведено на отворањето, да го истакне потенцијалот на регионот да придонесе за создавање поконкурентна, одржлива и поврзана Европа.Во Белград претпладнево беше отворена конференцијата „Western Balkans 2030 - Пресвртна точка за регионот“, на која присуствуваат министри, претставници на ЕУ, меѓународни институции и водечки бизнис лидери со цел заеднички да ги дефинираат насоките на идниот развој на Западен Балкан. Конференцијата има за цел, како што беше наведено на отворањето, да го истакне потенцијалот на регионот да придонесе за создавање поконкурентна, одржлива и поврзана Европа. Исто така, беше нагласено дека целта на конференцијата е да се воспостави како годишен форум за дијалог и соработка и како место каде што идеите се трансформираат во конкретни акции и партнерства. Слоганот на овој собир, кој се одржува во Сава центарот, е „Една соба. Еден ден. Вистинско влијание“.(One room. One day. Real impact.) Амбасадорот на Италија во Србија, Лука Гори, изјави дека процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан денес има ново геополитичко значење и повторно е високо на европската агенда. „По години замор од проширувањето, војната во Украина донесе нова свест и проширувањето сега е безбедносен елемент за Европа“, рече тој. Гори оцени дека ЕУ мора да ги усогласи трансформативните и геополитичките димензии на процесот, нагласувајќи дека реформите бараат време, но дека геополитичката игра е веќе во тек. Според енго, ЕУ мора да ги реформира сопствените институции за да биде подготвена да прими нови членови и да го забрза процесот на пристапување. Тој нагласи дека не можат да бидат задоволни ако само Црна Гора и Албанија влезат во ЕУ, додавајќи дека Италија сака сите земји од регионот да станат членки, бидејќи тоа е единствениот начин да се обезбеди стабилност и просперитет на Балканот. „Сакаме да ги поттикнеме сите земји од регионот да станат членки на ЕУ бидејќи веруваме дека всушност не можеме да создадеме нови пејзажи само со две земји, мора да имаме сè. Но, тоа не зависи од нас, многу зависи од владите на овие земји, особено од владата на Србија, и ја охрабруваме владата на Србија, особено, да им подаде рака на Црна Гора и Албанија и сите тие да станат нови членки на ЕУ што е можно поскоро“, рече Гори. Постојаната координаторка на ОН во Србија, Матилде Мордт, изјави дека трансформациите и инвестирањето во луѓето се клучни за постигнување на целите за одржлив развој до 2030 година. Таа рече дека процесот на трансформација е веќе во тек и дека досега се постигнати околу 70 проценти од поставените цели. Според неа, 2030 година претставува рок за исполнување на Агендата за одржлив развој, но и тој рок да се совпадне со процесите на европска интеграција. Мордт ја истакна важноста на човечкиот капитал, образованието и дигитализацијата како основа за одржлив раст, додавајќи дека силните институции, доброто управување и создавањето функционално општество се основа на стабилна средина што привлекува инвестиции. Денешната конференција е организирана од списанието „The Region“ со поддршка на Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС). Панелите што се одржуваат се посветени на регионалната интеграција и пристапувањето кон ЕУ, зелената транзиција и дигитализацијата. Тагови: Белград конференција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче до Мицкоски: Со кого го направивте дилот за влез на Алта банка?Христијан, моите професори велат секој сам си ја прави личната карта. Ти избра да владееш демагошки и макевијалистички, односно избра да лажеш и да контролираш се. Пред некој ден, на интервју на Телма, најбезобразно призна дека нарачуваш текстови. Можеш да нарачуваш текстови каде сакаш, кога сакаш, во кој било медиум. Но, ние го знаеме тоа. Ти сега го призна пред целокупната македонска јавност. Дека си инспиратор, креатор, дека ги спроведуваш сите медиумски линчови, црни кампањи, лажни вести, кампањи со кои што верувај, го загадуваш духот на граѓаните, затоа што тие од таа огромна бројка на лажни вести не знаат што е вистина, што е лага, не знаат на што може да веруваат, на што не.Ама тоа ви е целта за да може да ловите во матно. Ти си тој што наредува, очигледно, а Латас е тој кој што што извршува. Ама видовме во Србија како завршуваат тие кампањи. Лажеше за Дејвид Гета, рече нула денари народни пари. Следниот ден излегоа 5 милиони евра народни пари за журка, во оваа цела немаштија и криза во која живеат граѓаните. Исто така, една безобѕирна и безобразна лага. Лажеше за идентитетот. Се сеќаваме сите на оние реклами што одеа наведнати луѓе, ти викаше „Продаден е идентитетот, Преспа го продала, Преспанскиот договор“ и така натаму. За сега самиот ти да признаеш дека Преспанскиот договор го заштитил идентитетот, а нашиот јазик е веќе признат во Обединетите нации. Ти го кажуваш тоа . Претсдателката на ЕК Фон дер Лајн дојде и тука, директно, отворено, во чело, ве чекаме во Европа со вашиот идентитет и јазик - директно ти кажува немој да лажеш веќе. Немој да ги лажеш граѓаните. Со тебе успех стана во европа да добиеме бесплатен роаминг. Па граѓаните сакаат слободно да се движат низ Европа, да патуваат, а не да чекаат со часови по граница. Сакаат да се дела од слободниот пазар од 500 милиони луѓе, а не да зборуваат бесплатно по телефон. Сакаат квалитетен живот. Во економијата дебакл. Трета економија сме биле во Европа. Како трета економија? На дното сме по бруто-домашен производ по глава на жител. Луѓето тоа секојдневно го чувствуваат, неконтролиран вртоглав раст на цените, на сè. Сè е поскапено во изминативе две години за 30–40%, од основни производи, гориво и така натаму. Задолжување до бескрај. Неколку следни генерации се задолжени, за 50% е зголемен вкупниот долг на државата. Од 8 на скоро 12 милијарди евра. За што? За тековни трошоци. Никаков голем капитален проект. Освен капиталните проекти кои што се започнати во време на нашите влади кои што вие тогаш ги критикувавте дека сенајкорумпирани проекти. Само тоа ја придвиужува економијата и ништо друго. И во такви околности во таква матна вода ја носите тука Алта банка. Најкриминалната банка во Европа. Банката во која Вучиќ переше пари, и имаше пари од шверц на дрога, руски пари, забранети се секаде во Европа, а вие тука ги донесовте. Давор Мацуа еднаш го запреле преку едната компанија, па после тоа сте го пуштиле да влезе тука преку банката. Што се случи меѓувреме? И после велите: „Увезен е проблемот“. Па да, па вие го увезовте тој проблем. Вие ги загрозивте парите на граѓаните, на компаниите и така натаму. И сега се бара некое решение. Па нели немаше проблем? Зошто се бара решение? Моето директно прашање е: со кого го направивте дилот за влез на Алта банка во државата? И пред да одговорите, сакам да ви кажам, порачajтe им на другарите со кои сега спремате увоз на мазут, да не ми се закануваат, другарите ваши од Србија. Затоа што не ви се плашам. Не ви се плашам. Затоа што јас сум на страна на Македонија. Вие сте на страна на криминалот. Пратеничко прашање на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче до Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Се кратат парите, со Борко и криминалната ВМРО македонскиот спорт оди кон пропастСо Борко Ристовски македонскиот спорт е осуден на пропаст. Две и пол години криминалната власт на ВМРО ја крати поддршката за спортот и спортистите. Министерот Ристовски, кој и самиот е спортист и доаѓа од истата фела, наместо да го унапредува спортот и да биде сојузник на спортистите, се однесува како инфлунсер. Фотографирање, промоции и отворање проекти од времето на СДСМ и Агенцијата за спорт и млади предводена тогаш од Наумче Мојсовски. И во новиот буџет, исто како и во претходните буџети и ребаланси, има помалку пари за поддршка и развој на спортот. За 20% се намалени субвенциите, од 5,6 милиони на 4,5 милиони евра. Поддршката за спротска инфраструктура е намалена за 30% од 230 на 160 милиони денари. Ова значи помалку пари за општините, за изградба и реконструкција на спортски објекти. Намалена е поддршката и за федерациите и тоа преу двете Програми, и за спортските објекти. Ова се помалку средства за клубовите, помалку можности за младите спортисти, полоши услови за тренинг и помалку инвестиции во иднината на македонскиот спорт. За криминалната ВМРО, и спортот, како и се што е поврзано со поддршка на граѓаните, не е приоритет. Нивните приоритети се да скратат од секоја ставка, за да има повеќе за криминалните партиски тендери. И тоа се гледа и во новиот буџет за спорт, во кој наспроти кратењата за клучни ставки има зголемување на одредени делови. Така, самофинансирачката сметка, односно средствата поврзани со надоместоците за спорт, расте од 270 на 370 милиони денари. Ова отвора сериозно прашање за транспарентноста и одговорноста на министерот. Борко Ристовски во минатото јавно ги критикуваше спортските легенди како Кире Лазаров, Перо Антиќ и Игор Стефановски – Иџе, поврзувајќи ги нивните рекламни ангажмани со игрите на среќа. Сега кога средствата на самофинансирачката сметка значително растат, Борко да одговори каде ќе завршат овие пари, по кои критериуми се распределуваат и каква е нивната намена. Дополнително, предвидено е зголемување на средствата за стоки и услуги за 25%. Значи, за спортистите помалку, за федерациите помалку, за спортската инфраструктура помалку, но за трошоците на министерството повеќе! Спортот го создаваат спортистите, тренерите, клубовите и федерациите. Македонските спортисти заслужуваат влада која ќе инвестира во нив, која ќе ги поддржува и им овозможува услови за успеси и награди, а не влада која гледа како да украде и од нив за да има повеќе за своите лускузи и бизниси. Прес - конференција на СДСМ - Панче Милевски-Панта, Комисија за спорт СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет100.000 британски ветерани добиле писмо од министерството: „Подгответе се за војна“Британското Министерство за одбрана им порача на воените резервисти да се подготват за евентуални повици, објави „Телеграф“. За прв пат од Студената војна, до околу 100.000 стратешки резервисти се испратени писма, со кои им се нуди можност да се пријават како волонтери за обука и воени вежби, како што е големата вежба на НАТО „Стедфаст Дефендер“ следната пролет. Писмата беа испратени до припадниците на сите три гранки на вооружените сили и беа потпишани од нивните команданти. Од резервистите се бара и да ги ажурираат своите контакт податоци и да ја наведат својата моментална занимање и вештини. Овој потег доаѓа во време на растечки закани од Русија, додека Владимир Путин ја тестира решителноста на НАТО. Минатата недела, Русија испали крстосувачки ракети и беспилотно летало во источна Полска, само сто километри од местото на воена вежба предводена од Велика Британија, истиот ден кога британскиот секретар за одбрана и началникот на воздухопловството ги обиколуваа трупите таму. Вчера беше објавено и дека британските Кралски воздухопловни сили (RAF) преместуваат авиони во хангари преку ноќ и планираат да инсталираат заштитни мрежи за заштита на британските бази од напади со беспилотни летала. Министерот за одбрана Вес Стритинг претходно предупреди дека Велика Британија мора да биде подготвена за војна во рок од илјада дена и дека, со партнерите, мора да биде „подготвена да се бори и да победи“. Во разговор за Скај њуз во четврток наутро, Стритинг рече дека Велика Британија работи во „засилена средина со закани“ и дека повикувањето на резервисти е „разумна и неопходна мерка на претпазливост“.Тагови: Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook