ВМРО-ДПМНЕ: Талогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев

Талогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев кој си ги прати “децата“ од СДС да прават инциденти во Ново Село.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев

СДС е во паника, а Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев кој продолжи со истите политики на предавства креирање насилни инциденти и тензии.

Филипче и СДС немаат понуда што ќе одговори на реалните проблеми на граѓаните и во отсуство на визија, стратегија и јасен план се свртија кон импровизации, глумење жртви и креирање насилни инциденти.

Филипче е нервозен бидејќи вистината излезе на виделина и целата јавност ги виде лицата на “децата“ на СДС кои ги прати да направат инцидент во Ново Село за време на посетата на претседателот Мицкоски.

Филипче исто како и Заев е опкружен со насилници, тепачи и наркомани. Ефтимов и Стојанов кои се обидоа да направат инцидент во Ново Село се насилници и тепачи со криминално досие, двајцата се условно осудени на година и пол затвор, затоа што крвинички претепале туристи во Струмица, и токму затоа Филипче ги одбрал нив.

Криминалци, тепачи, насилници и наркомани, тоа е матрицата на СДС која Филипче ја претставува како „децата“ на Македонија, но тоа никако не смее да биде иднината на Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници - Киев тврди дека станува збор за планирана кампања

Руски ракетен напад врз печатница во близина на Киев уништил огромна количина книги наменети за украинските ученици, во момент кога се интензивирало производството пред почетокот на новата учебна година. 

Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници - Киев тврди дека станува збор за планирана кампања

Во нападот целосно бил уништен погон во кој требало да се испечатат околу 1,3 милиони учебници, што претставува приближно 10 отсто од сите учебници планирани за печатење во украина, објави Би-Би-Си. Комерцијална директорка на издавачката куќа „Конви“, смета дека нападите врз печатниците и издавачките куќи се намерни. Во последните недели биле погодени повеќе од 35 објекти поврзани со издавачката дејност, а украинските медиуми известуваат дека во нападите биле уништени околу 12 милиони книги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски бази

Иран и Соединетите Американски Држави разменија жестоки напади, што е најголемата воена ескалација меѓу двете земји по повеќе од еден месец релативен мир.

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски бази

Американската војска прво нападна два ирански лансери за ракети на островот ларак во Ормутскиот Теснец. Потоа Иран возврати со ракетен напад и беспилотни летала врз американските воени бази во Јордан, пишува CNN.

Централната команда на САД соопшти дека извршила „ограничена, прецизна акција против силите за поставување мини во Ормускиот Теснец“. Неколку часа по нападот, Доналд Трамп објави видеа со вештачка интелигенција, на кои се гледа како експлодира нафтена инфраструктура. Едно од нив имаше наслов „островот Харг е разнесен на парчиња“, алудирајќи на голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, што Трамп се закани дека ќе го заземе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре тргнува градскиот воз Зелениково – Скопје

Од утре почнува да сообраќа градскиот воз меѓу Зелениково и железничката станица Скопје. 

Утре тргнува градскиот воз Зелениково – Скопје

Линијата ќе има по осум поаѓања дневно во двата правца, а патувањето, зависно од терминот, ќе трае приближно од 24 до 28 минути.

Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, а следните поаѓања се предвидени во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. На патот кон централната железничка станица возот ќе минува преку Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче. Во обратниот правец, првиот воз од железничката станица Скопје ќе поаѓа во 5:32 часот. Потоа следуваат термините во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе биде 70 денари. Со пуштањето на оваа железничка врска во должина од 24,5 километри во која се инвестираа 5,7 милиони евра, се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер