3Димитриеска-Кочоска: Исполнети чекорите од Реформската агенда посветени на транспарентност, отчетност и подобро управување со јавните финансии
3Венецуелците рачно ги пребаруваат урнатините на зградите додека владините багери стојат неискористени, нема бензин
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Со реконструкцијата на Владата се слуша гласот на граѓанитеСо реконструкцијата на Владата се слуша гласот на граѓаните, нов владин состав за поголема ефикасност и резултати во интерес на граѓаните.Со реконструкцијата на Владата се слуша гласот на граѓаните и се потврдува определбата за одговорно, ефикасно и отчетно управување со државата. Оваа реконструкција е резултат на внимателна анализа на досегашните резултати, но и на јасно искажаните очекувања на граѓаните за побрзи реформи, поголема ефикасност и повисоки стандарди во работењето на институциите. Сашо Клековски ќе биде нов министер за здравство, додека Министерството за социјална политика ќе го преземе Ѓоко Велковски, кој во моментов ја извршува функцијата заменик-министер. На местото на Клековски во Фондот за здравство, за нов директор ќе биде назначен Златко Перински. Министер за локална самоуправа ќе биде Иван Стоилковиќ. Министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, ќе биде Ерџан Демир, кој до сега е претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во општина Шуто Оризари. Приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува подобрувањето на квалитетот на животот, економскиот развој, владеењето на правото, борбата против корупцијата и создавањето институции кои работат исклучиво во интерес на граѓаните. Новиот владин состав ќе продолжи со засилено темпо да ги реализира започнатите проекти и реформски процеси, со фокус на конкретни резултати, отчетност и исполнување на ветувањата. Граѓаните очекуваат работа, одговорност и резултати. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа таа порака и останува целосно посветена на спроведување политики кои носат подобар животен стандард, стабилност и сигурна иднина за сите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредитМицкоски утринава ја посети општина Кисела Вода каде изврши увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит.Премиерот Христијан Мицкоски утринава ја посети општина Кисела Вода каде изврши увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит - отворање на каналот и пешачката патека на Мала рада и изградба на потпорни ѕидови и реконструкција на коритото.тој утринава одговарајќи на новинарски прашања за изборниот законик рече дека сите барања на Левица се прифатени. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Домашни плескавициВо среда (24.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Пеце Ристески.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. мелено месо 1 главица кромид 150 гр. кашкавал 100 гр. лебни трошки малку магдонос масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотАпсолутниот рекорд за јуни е соборен, светските океани никогаш потоплиОкеаните и морињата во светот бележат невидени температури за ова време од годината. Рекордот на сите времиња за јуни е соборен, што предизвикува загриженост за последиците врз глобалното време и морскиот свет. Според податоците од Европската служба за климатски промени „Коперник“, која комбинира мерења од сателити, бродови и пловки, просечната глобална температура на површината на морето достигна 20,86 степени Целзиусови на 21 јуни, а 20,89 степени на 28 јуни, надминувајќи го рекордот од 2024 година, пишува CNN. Невообичаената топлина беше поттикната од почетокот на Ел Нињо, природен климатски феномен обележан со невообичаено топли води долж екваторијалниот тропски Пацифик. Иако Ел Нињо штотуку започна, тој би можел да се интензивира и да стане еден од најсилните во последните децении. Во позадина на сè, велат научниците, е климатската криза предизвикана од човековата активност, која исто така ги зголемува температурите. Со децении, океаните дејствуваа како главен резервоар на топлина на планетата, апсорбирајќи 90 проценти од вишокот топлина генерирана од човековото согорување на фосилни горива.Тагови: океани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54