Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
1Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Ново Село го извади на површина талогот на СДС кој Филипче ги нарекува децаТоа се возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани.Случајот во Ново Село, каде што приврзаници на предавниците Венко Филипче и Зоран Заев, насила сакаа да предизвикаат инцидент, го извади на површина целиот талог на СДС. Луѓето кои Филипче сака да ги продаде како „деца“, а ни помалку ни повеќе на Македонија, всушност се возрасни лица, блиски и верни на Заев, осудени за насилство и трговија со дрога. Тоа е иднината која предавничката СДС и Венко Филипче им ја нуди на граѓаните, насилство, криминал и лица корисници на наркотични средства, какви што има во највисоките партиски редови. Внукот на Заев, Христијан Ефтимов и неговиот другар Илија Стојанов се условно осудени на казна затвор од една година и шест месеци поради насилство врз странски државјани во Струмица. А, тоа и сами го потврдија со секојдневните изјави. Овие лица не можат да се претстават како жртви, тие се производ на талогот на СДС, кои сметајќи дека се деца на Заеви можат да прават што сакаат, кога и да сакаат без за тоа да одговараат. Кога политичари како Филипче застануваат зад вакви лица и се обидуваат да ги претстават како жртви, јавноста има право да праша, каква порака им испраќаат на младите и какви вредности сакаат да наметнат како модел на однесување? Со такви ликови не се гради држава и таква иднина на Македонија и на македонската младина не им треба. Граѓаните не сакаат политика во која блискоста со моќни политички семејства создава чувство на недопирливост, не сакаат релативизирање на насилството, не сакаат двојни стандарди и, што е најважно, не сакаат враќање на политиките од времето на СДС и Зоран Заев. Талогот на СДС не може да биде вредносна норма и нема место во новата политичка и општествена реалност. На талогот од СДС местото им е далеку од политика и граѓаните, како на неколкуте последователни избори, така и на следните, кога и да се случат, ќе ги испрати не само во уште подлабока опозиција, туку во политичка историја. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултатиЗаменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период. „Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков. На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за владаДосегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство. Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места. Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место. Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месоВо четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.Состојки за денешниот рецепт: 2 модри патлиџани 250 - 300 гр. мелено месо 1 главица кромид 150 мл. доматен сос 3 чешниња лук маслиново масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook