ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Кузеска никако да престанат да лажат - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Кузеска никако да престанат да лажат

СДС и Богданка Кузеска продолжуваат да лажат и да ја манипулираат јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Кузеска никако да престанат да лажат

Тоа веќе им премина во хронична навика.

Нема кривични пријави за какви што зборува Богданка Кузеска на прес-конференцијата, тие се целосно измислица.

Во однос на протестите и немирите во Кочани, шест лица кои учествуваа во толпа само се повикани на разговор и тоа не резултираше со кривични пријави.

Ниту пак има некаква активност, односно кривични пријави, како што вели Кузеска, за објави на фејсбук.

Оттука се покажува само едно, СДС и Богданка Кузеска, а отворат уста, а лажат.

На народот им е преку глава од ваквото безобразно лажење и манипулирање, како и искористување на трагедијата во Кочани од страна на СДС, за политички поени.

А, во однос на тоа што зборува дека истрагата е селективна, ја потсетуваме дека само до сега во предметот за Кочани опфатени се 34 лица и во притвор се наоѓаат луѓе како од СДС, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, така и луѓе од деловниот свет кои не се дел од политиката.

Исто така, ја потсетуваме Кузеска дека седумгодишното владеење на СДС се карактеризира токму со таа селективност во истрагите и кривичната одговорност, само што таа тогаш не беше вака гласна и од партиската говорница не бараше темелни и неселективни истраги.

Во време на СДС немаше неселективна истрага, ниту пак одговорност, ни за модуларната ковид болница во Тетово во која животот го загубија 16 лица, а која се случи во време на министерскиот мандат на сегашниот претседател на партијата, Венко Филипче.

Неселективна правда и истраги, а ниту приведени функционери, немаше ни за Ласкарци, односно Дурмо турс и Беса транс и за сите овие трагедии виновни беа или шасиите, или пак продолжните кабли.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на последната свој седница донесе одлука да го намали бројот на клубови во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) од 12 на 10.

ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10

Управниот одбор го усвои предлогот за промена на системот на натпревари од натпреваривачката сезона 2026/27.

Ќе има намалување и во второто ниво на македонски фудбал (ВМФЛ), откако од другата сезона ќе се натпреваруваат 14 клубови од досегашните 16.

Комисија во состав Агим Ибраими, Игор Франговски и Сашо Здравевски ќе спроведе дополнителна анализа и ќе предложи конечни насоки за системот на натпреварување и начините на промоција и испаѓање.

Сиљановска-Давкова го достави предлогот Трајко Славески да биде гувернер на Народната банка

Ве информираме дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка.

Сиљановска-Давкова го достави предлогот Трајко Славески да биде гувернер на Народната банка

При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.

Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати, стои во соопштението од кабинетот на претседателката.

Пакистан ја обвини Индија за напад врз училиштен автобус, при што загинаа пет лица

Пет лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени при напад на училиштен автобус во градот Хуздар, во пакистанската провинција Белуџистан. Помеѓу загинатите се три ученички и две возрасни лица.

Пакистан ја обвини Индија за напад врз училиштен автобус, при што загинаа пет лица

Премиерот на Белуџистан, Сарфраз Бугти изјави дека неговата Влада има разузнавачки извештаи дека индискиот советник за национална безбедност Аџит Довал планирал нешто во Белуџистан, но „не очекував тој да ги таргетира невини деца“.

- Откако Индија се соочи со понижувачки пораз на бојното поле прибегна кон презриви и кукавички дела. Планерите, поттикнувачите и извршителите на овој кукавички напад спонзориран од Индија ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, а гнасното лице на Индија ќе биде разоткриено пред целиот свет“, се наведува во соопштението на пакистанската армија.

Бунтовничката група Белуџистанска ослободителна армија (БЛА), која се бори за независност на пакистанскиот регион, претходно соопшти дека нападнала автобус со кој се превезувале пакистански војници. Исламабад тврди дека БЛА има поддршка од Индија./МИА

притисни ентер