Герасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простори, СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен
1Герасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простори, СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен
Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
1Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот на Буџетот за 2026 е развоен и носи повеќе инвестиции и проектиРебалансот на Буџетот за 2026 е развоен и носи повеќе инвестиции и проекти додека капиталните инвестиции растат за 14,5 проценти.Ребалансот на Буџетот за 2026 година е доказ дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи одговорно и ги насочува средствата таму каде што носат најголем ефект. Наместо кратење на развојот како во времето на СДС и ДУИ, сега се инвестира во иднината. Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат 379,5 милијарди денари. Вкупните расходи се зголемуваат за 11,6 милијарди денари, или 2,8 проценти. Точно, дефицитот се зголемува и изнесува 4,1 процент од БДП. Но поважно е каде одат дополнителните средства. Капиталните расходи се зголемуваат за 5 милијарди и 814 милиони денари, односно за 14,5 проценти. Развојните потпрограми растат за 4 милијарди и 215 милиони денари и достигнуваат повеќе од 41 милијарда денари. СДС повторно се обидува да ја сведе дебатата на една бројка, дефицитот. Но граѓаните имаат право да ја знаат целата вистина. Секој денар од дополнителниот фискален простор е насочен кон инвестиции што создаваат работни места, ја движат економијата и оставаат трајна вредност. Тоа е одговорна економска политика, а не популизам. Тоа не се бројки на хартија. Тоа се нови патишта, железничка инфраструктура, водоводи, канализации, училишта, градинки, здравствени установи, проекти за животната средина и инвестиции во општините. Разликата е едноставна. ВМРО-ДПМНЕ зборува за тоа што ќе се изгради, додека во минатото СДС и ДУИ потрошија милионски буџети од кои граѓаните не видоа ништо. СДС нема ниту еден предлог како да се забрза развојот. Единствено што нуди е ширење страв и манипулација. Граѓаните не живеат од политички прес-конференции на СДС. Живеат од подобри патишта, поквалитетни училишта, модерни болници, сигурно водоснабдување и нови инвестиции. Токму тоа го обезбедува овој ребаланс. Овој ребаланс ќе се мери по завршените проекти, а не по прес-конференциите на СДС. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55
ЗабаваФото: Актерка облече бикини и го истакна задникотАктерка облече бикини го покажа задникот и ги воодушеви фановите .Откако ја раскина свршувачката со Шон Вајт, американската олимписка шампионка во сноубординг, актерката Нина Добрев ужива во животот. Често се појавува на големи настани и во друштво на славни ѕвезди, што и доликува на нејзиниот актерски статус, а не е тајна ниту тоа дека неодамна беше фотографирана во страсна прегратка со своето ново момче. Иако потенцијалниот пар не ги рекламираше провокативните фотографии, тоа не ја спречи убавата Нина да објави компилација од своите провокативни фотографии на Инстаграм. Како што можете да видите, таа ги поминува жешките летни денови во Италија, а слободното време го искористи за да сподели дел од атмосферата од патувањето со своите фанови на социјалните мрежи. Вниманието на јавноста го привлекоа фотографиите во бикини, на кои таа покажа прекрасна фигура и со тоа воодушеви многумина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55
МакедонијаГерасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простори, СДСМ мора да се обедини и да се врати на теренГрадоначалникот на Општина Центар и претседател на ОО СДСМ Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 порача дека клучниот чекор за СДСМ е обединување на членството, враќање на терен. Градоначалникот на Општина Центар и претседател на ОО СДСМ Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 порача дека клучниот чекор за СДСМ е обединување на членството, враќање на терен и градење политики заедно со граѓаните. „Пред нас има многу работа. Потребно е повторно да ја екипираме партијата, да ги вклучиме сите луѓе кои со години придонесувале за СДСМ, без разлика дали извршувале партиски или институционални функции. Денес повеќе од кога било ни е потребно единство, искуство и меѓусебна доверба“, истакна Герасимовски. Тој нагласи дека политиката не смее да се води зад затворени врати, туку таму каде што се граѓаните. „Во Општина Центар секојдневно сме на терен. Организираме маалски средби, буџетски форуми и ги слушаме потребите на граѓаните пред да донесеме одлуки. Истиот принцип треба да го применува и партијата – да го слушне секој член, секој предлог и секое мислење. Само така може повторно да ја изградиме довербата“, рече Герасимовски. Тој порача дека сите различни ставови треба да бидат повод за дијалог и дебата, внатре во партијата, а не по кафеани и кулоари. „Предизвиците со кои моментално се соочува партијата е недозволиво и нездраво да се дебатираат надвор од неа. Сите оние различности, сите ставови и размислувања, треба да се дебатираат во партиските простории“, заклучи Герасимовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУапсен поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум Поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум, е уапсен по налог на УСКОК, потврди хрватскиот портал „Индекс“.Како што наведува тој портал, Керум бил уапсен синоќа, а неговото приведување е поврзано со истрагата за таканаречената афера „Таверна Пршут“, која се однесува на ресторан во сопственост на Керум во Каштела. „Слободна Далмација“ пренесува дека во моментот на апсењето, Керум се наоѓал во Вела Лука, каде што се одржувал настан посветен на Оливер Драгојевиќ. Според неофицијални информации, во случајот се опфатени и неколку други лица блиски до Керум, а „Индекс“ наведува дека е уапсен и внукот на Керум, како и Андрија Полиќ, поранешен виш стручен соработник за просторно планирање и изградба во градот Каштела. Засега не е познато за кои конкретни кривични дела се товарат осомничените, ниту дали во текот на денот ќе има нови апсења или официјални информации за текот на истрагата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook