3Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Околу 400 анализи за неисправна вода во време на СДСОколу 400 анализи за неисправна вода во време на СДС, Министерството за здравство знаело но Филипче како министер молчел, ја прекршил и Хипократовата заклетва.Филипче и СДС со години ги криеле анализите за загадена вода, граѓаните не знаеле дека пијат небезбедна вода. Со години граѓаните биле изложени на ризик, додека Венко Филипче како министер за здравство и СДС располагале со информации за стотици случаи на неисправна вода за пиење, а јавноста не била информирана. Приближно 400 испитувања на вода за пиење во кои биле утврдени различни неправилности, а институциите не презеле соодветни мерки ниту навреме ги предупредиле граѓаните да не ја користат водата. Тоа отвора сериозни прашања за институционалната одговорност и за начинот на кој било заштитувано јавното здравје. Венко Филипче се обидува да зборува за заштита на здравјето на граѓаните, додека тој знаел за овие анализи, а молчел и криел од јавноста. Документите и фактите покажуваат дека токму во периодот кога Филипче беше министер, Министерството за здравство располагало со извештаи за небезбедна вода, а јавноста останала без информација. Документите покажуваат конкретни случаи: На ден 12.08.2021 година, чешма во здравствен дом во М.Каменица не била исправна. На 27 јули 2021 година е констатирана неисправна вода на чешма пред училиште во село Гумалево, Општина Зелениково. На 29 јуни 2021 година, по земена мостра од локален водовод во Дебарца, е утврдено отсуство на резидуален хлор, поради што водата била небезбедна за пиење. На 11 мај 2021 година, во Требеништа, Општина Дебарца, е утврдена микробиолошка контаминација и присуство на бактеријата Ешерихија Коли. На 6 јули 2021 година, во одморалиштето Пониква кај Кочани, анализите покажале дека водата не ги исполнува законските стандарди поради зголемен број бактерии и присуство на Ешерихија Коли. Сето ова додека Филипче е министер за здравство и до него биле праќани овие извештаи. Ако овие информации биле познати на Министерството за здравство, зошто граѓаните не биле известени? Зошто Филипче како министер и СДС тогаш молчеле и не го решиле овој проблем? Зошто не биле преземени мерки за отстранување на ризикот? И зошто денес оние што молчеле се обидуваат да држат лекции за јавно здравје? Дали Венко Филипче како министер и доктор ја прекршил и Хипократовата заклетва и дозволил граѓаните да консумираат вода која претставувала ризик за здравјето на тие кои ја консумираат? Молчењето кога постојат информации за небезбедна вода не смее да остане без одговорност. Поднесени се пријави до Министерството за внатрешни работи. Очекуваме Јавното обвинителство темелно да го испита целиот случај, да утврди дали постоело прикривање на информации и дали со непостапувањето биле загрозени здравјето и животите на граѓаните. Одговорност мора да има. Никој не смее да биде над законот, без оглед на функцијата што ја извршувал. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
МакедонијаОЈО ГОКК го затвори предметот за јавните набавки на модуларните болнициПо речиси пет години предистрага, ОЈО ГОКК го затвори предметот за набавката и изградбата на модуларните болници за време на ковид кризата. Не е утврдена злоупотреба на службената положба ниту друго кривично дело. Предметот беше отворен по допрен глас во 2021 година по пожарот во модуларната болница во Тетово со цел да се провери дали при набавката, договорите и изградбата имало незаконитости. Обвинителката Верица Бержецка Крстева која е трета која го презела предметот и ја донесе одлуката, на брифинг со новинарите објасни дека анализирани биле постапките за јавни набавки, техничките спецификации, договорите, проектната документација и релевантната законска регулатива. -Од анализата на целокупната документација и извршените проверки, Обвинителството не утврди факти од кои би произлегло дека во постапките за набавка службено лице ја искористило или пречекорило службената положба или овластување, односно не ја извршило службената должност, со цел да прибави значителна имотна корист или да нанесе значителна штета,- -ОЈО ГОКК. Клучен дел од проверката била и набавката на модуларните објекти преку проектот за итно справување со Ковид-19, финансиран со заем од Светска банка. Дополнително, Светска банка по пожарот во Тетово извршила проверки на повеќе модуларни болници – во Гостивар, Струга, Прилеп, Велес и Штип. Според документацијата доставена до обвинителството, било потврдено дека набавката била спроведена согласно правилата на банката, а испорачаните објекти одговарале на техничките спецификации. -Со измените на Законот за градење објавени на 24 ноември 2020 година, модуларните градби наменети за вршење здравствена дејност биле опфатени во категоријата градби за кои не е потребно одобрение за градење. Од прибраната документација произлегува дека дел од јавните здравствени установи имале решенија од Министерството за здравство за поставување на модуларните градби, како и соодветна проектна документација,- -ОЈО ГОКК. Со ваквата јавнообвинителска одлука практично значи дека нема обвинение за Кочо Анѓушев кој е еден од споствениците на компанијата Брако која го доби тендерот за изградба на 19 модуларни болници. Ова е одвоен предмет од оној за пожарот во модуларна болница во Тетово во кој загинаа 14 лица на по три години затвор правосилно се осудени двајцата поранешни директори на тамошната болница Флорин Бесими и Артан Етеми. Инаку на брифингот со новинарите присуствуваше и шефот на ОЈО ГОКК Ислам Абази чиј четиригодишен мандат истекува на почетокот на ноември. Рече дека не размислува за повторна кандидатура на оваа позиција и ќе се врати во Вишото јавно обвинителство во Гостивар. Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПредвремени избори повторно во фокусот на партиитеПремиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека предвремени парламетарни избори не треба да има, но повторно ја остави можноста за нивно одржување доколку такво барање дојде од опозицијата. Иако, според него, граѓаните не сакаат избори, туку реформи и континуитет на процесите кои што ги води оваа Влада, сепак Мицкоски е дециден дека нема да бега од изборно соочување. - Ние како коалиција имаме добиено легитимитет од граѓаните за да бидеме Влада 4 години, но она коешто јас го кажав, ќе го потврдам: доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, се разбира дека ние како кукавици нема да седиме на страна, туку ќе одговориме на тоа барање позитивно и се разбира дека ќе ги победиме, кажа Мицкоски. Но, опозицијата нема единствен став за прашњето. Од ДУИ преку соопштение го прифатија предизвикот да се оди на избори и бараат деновиве да се договори најбрз датум. „ДУИ е подготвена. Да се распушти Собранието. Да се определи датумот. Да одиме на избори“, повикаа од партијата на Ахмети. За разлика од нив, лидерот на СДСМ Венко Филипче повтори дека тие нема да бидат алиби за избори на Мицкоски. Иако вели дека СДСМ се подготвени за изборно соочување во секое време, повтори дека премиерот е тој што може да ги распише кога и да посака. -Избори ќе закаже премиерот којшто има двотретинско мнозинство, апсолутна власт на секое ниво, Претседателката, извршната власт, во Собранието двотретинско мнозинство, мнозинство во општините, може да си направи избори кога сака. Ние нема да бидеме алиби. Избори ќе има кога ќе им снема пари за коруптивни тендери. Ништо друго не ги интересира. Ние сме секако спремни, се подготвуваме секојдневно, ако ме прашувате дали сме спремни, но алиби не даваме, изјави Филипче. Филипче не гледа потреба да се одржи ниту лидерска средба со оглед на искуството од последната, на која тој не присуствуваше, кога беше договорено укинување на техничката влада. За изборниот законик кој останува блокиран од опозицијата, Филипче вели СДСМ ќе го поддржи законското решение само доколку ги содржи препораките од ОБСЕ/ОДИХР... За нив останува најспорен моделот за гласањето на дијаспората што го нуди власта - електронски или преку пошта, за кој сметаат дека е вовед во, како што вели, изборен грабеж. Тагови: Венко Филипче Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВодата во Северното море со рекордно висока температура од 21,5 степениВодата во Северното море достигна рекордно висока температура од 21,5 степени целзиусови, највисока откако започнале мерењата во 1984 година, соопшти Кралскиот холандски метеоролошки институт..Мерењата биле направени минатиот викенд на околу 30 километри од холандскиот брег, во близина на Хук Ван Холанд. Претходниот рекорд изнесуваше 21,4 степени, измерени пред осум години. Истражувањето на швајцарските научници на Универзитетот во Берн покажува дека затоплувањето на морињата во Европа во најголем дел е последица на климатските промени, кои летово доведуваат до зголемување на температурата до 2 целзиусови степени во Средоземното море..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31