ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски молчи за тоа што содржат „удобните" одговори содржани во пакетот 5+1

Владата на заевизмот на чело со пиунот Ковачевски молчат и не откриваат какви преговори водат со Бугарија. 

Имаме молк од владата на заевизмот за содржината на пакетот 5+1 одговори кои се доставени до Бугарија. Јавноста не знае што содржи овој пакет одговори, не знае ниту Собранието, ниту опозицијата. Од Бугарија дознавме дека на самитот на НАТО во Рига се доставени овие одговори уште во есента 2021-ва, а денес сме веќе на крајот на месец јануари 2022-ра, а власта уште се крие .

Што содржи овој пакет одговори, за кој вицепремиерот Артан Груби ќе каже дека се удобни за ставовите на Бугарија?

Што преговара министерот Бујар Османи, за кој и неговиот довчерашен колега Никола Димитров вели дека не му верува? Ако дошло време еден кариерист како Димитров да кажува дека Османи по секоја цена брза да го реши спорот без да внимава на интересите на Македонија, тогаш логичен е стравот на целата јавност за тоа какви отстапки е подготвен заевизмот да направи на сметка на македонските интереси.

Колнењата на пиунот Ковачевски дека македонскиот идентитет ќе биде заштитен, не поминуваат. На човек што се поклонува на Зоран Заев не може да му се верува. Народот виде дека кога СДСМ се повикува на македонски жици, тогаш се прави безмилосен пазар со јазикот, историјата и идентитетот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Српските власти идентификуваа19 адреси на електронска пошта од кои се праќани дојавите за бомби

Српските власти  досега идентификуваа локации на вкупно 19 адреси на електронска пошта од кои се праќани дојавите за наводно поставени бомби на различни места низ србија, соопшти синоќа српското МВР.

Според објавата од српското МВР, утврдено е дека осум од дојавите стигнале од Полска, четири од Гамбија, две од Иран и Нигерија и по една од Украина, Словенија и Русија.

За да се идентификуваат испраќачите на овие пораки, а со оглед дека се странски државјани кои не живеат во Србија, српските власти ќе спроведат меѓународна размена на податоците преку Европол и Интерпол со останати држави, како и со компанијата „Гугл“.

Според објавените податоци, за четири дена МВР процесуирало осум лица, српски државјани.

Двајца од нив се уапсени, а против шест малолетници се поднесени кривични пријави.

Од 11 март до денеска телефонски или преку електронска пошта, до различни институции во Србија стигнаа стотина дојави за наводно поставени бомби на јавни места и во објекти, како трговски центри и бројни училишта, мостови, плоштади итн.

За брзо возење казнети 147 возачи на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територијата на државата, казнети се 147 возачи.

Од МВР информираа дека од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 31 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 116 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Приведени двајца крадци во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Службеници од Полициската станица Центар вчера во 17.40 часот на улица „Македонија" во Скопје ги лишија од слобода скопјаните Д.К.(19) и А.А.(28).

Како што денеска соопштија од МВР, тие биле затекнати при извршување „тешка кражба" во објект на улица „Македонија". Двајцата биле приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесени пријава по член 236 од Кривичниот законик.

притисни ентер