ВЛЕН: Сме прва политичка сила кај Албанците! - Канал 5

ВЛЕН: Сме прва политичка сила кај Албанците!

Последната анкета спроведена во јуни од Институтот за истражување „Стратум Р&Д“ потврдува дека ВЛЕН е прва политичка сила кај Албанците.

ВЛЕН: Сме прва политичка сила кај Албанците!

На прашањето: „Доколку денес се одржат избори, за која политичка партија би гласале?“, 34% од испитаниците се изјасниле дека би гласале за ВЛЕН, додека 30% за ДУИ.

Ова е втора анкета во изминатите два месеци која го позиционира ВЛЕН пред ДУИ. Резултатите од ова истражување се јасен показател дека граѓаните ја препознаваат разликата меѓу политика на конкретни резултати и политика на пропаганда.

Две години конкретна работа беа доволни за да се покаже дека Албанците повеќе не се убедуваат со празна реторика и дека довербата се гради со дела, а не со зборови.

Законот за правична и соодветна застапеност, Законот за игрите на среќа, Законот за медресата, Законот за правосудството и Законот за високото образование; повеќе од 40 стручни испити на албански јазик; One Stop Shop услугите на граничните премини со Косово и Албанија; 306 проекти за општините со албанско население; над 2.500 нови бизниси, илјадници нови вработувања и унапредувања; започнувањето на изградбата на Кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“; инвестицијата од 20 милиони евра за третата фаза од плоштадот „Скендербег“; реконструкцијата на Клиничката болница во Тетово во вредност од 74 милиони евра; изградбата на автопатот Скопје–Блаце и на Коридорот 8; зголемувањето на платите и пензиите се факти кои не можат да бидат сокриени со прес-конференции, дезинформации или политичка пропаганда.

ВЛЕН им се заблагодарува на секој граѓанин за довербата и поддршката, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Република Австрија, по повод учеството на 22. Европски самит во Салцбург.

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург

Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“.

Претседателката ќе оствари средби со претседателот на Институтот на регионите на Европа, Франц Шаусбергер и со гувернерот на сојузната покраина Салцбург, Каролин Етстадлер, а ќе го посети и Глобалниот семинар во Салцбург.

За време на престојот, претседателката ќе ја посети македонската православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“ во Халејн.

Европскиот самит во Салцбург е годишен собир во организација на Институтот на регионите на Европа. Настанот обединува водечки политичари, дипломати, експерти и бизнис лидери. Главна тема на самитот годинава е „Европа – суверен глобален играч?“, со фокус на безбедноста на континентот, економската конкурентност, демографските промени и проширувањето на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евакуација во Њу Џерси и прекин на електричаната енергија и авио сообраќајот- силна бура направи хаос во САД (ВИДЕО)

Силна североисточна бура што го погоди источниот брег на САД овој викенд, од Вашингтон до Мејн, предизвика откажување на повеќе од 400 летови и остави повеќе од 100.000 домови и бизниси без струја во еден момент.

Евакуација во Њу Џерси и прекин на електричаната енергија и авио сообраќајот- силна бура направи хаос во САД (ВИДЕО)

Повеќе од 73.000 домови и бизниси во Конектикат, Њујорк, Масачусетс, Њу Џерси, Род Ајленд и Пенсилванија сè уште беа без струја до 21:37 часот по источно време (01:37 GMT) во саботата, според PowerOutage.com, следачот на прекини на електрична енергија.

Само Њујорк и Конектикат имаа повеќе од 20.000 згради без струја

Четири држави, Конектикат, Њујорк, Пенсилванија и Њу Џерси, имаа вкупно повеќе од 100.000 прекини на електричната енергија претходно во текот на денот.

Поплави и евакуации во Њу Џерси

NJ.com објави поплави во делови од Њу Џерси, од округот Берген на север до округот Кејп Меј на јужниот врв на државата, со доброволни евакуации на некои крајбрежни локации.

Стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд објави дека концертот на рок-групата AC/DC, првично закажан за петок, е одложен до 2 октомври.

Доцнења и откажувања на летови

Според FlightAware, до 21:50 часот по источно време (01:50 GMT) во саботата, 445 летови беа откажани на аеродромите во Соединетите Американски Држави, додека 3.016 летови беа одложени.

Метеоролозите предупредуваат: Опасноста трае до понеделник

Националната метеоролошка служба на САД (NWS) соопшти дека моќната бура ќе донесе крајбрежни поплави, опасни бранови, силни ветрови и обилни дождови во регионите на Средниот Атлантик и Нова Англија до понеделник.

Гувернерите на Њујорк и Њу Џерси во петокот прогласија вонредна состојба во окрузите за кои се очекува да бидат најтешко погодени од бурата, вклучувајќи го и Њујорк Сити. Гувернерот на Конектикат го активираше центарот за итни случаи на државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: 5 прашања на кои Али Ахмети и ДУИ треба да одговорат

Разочарувањето поради пресудата против Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими го споделуваме и го чувствуваме.

ВЛЕН: 5 прашања на кои Али Ахмети и ДУИ треба да одговорат

Без оглед на пресудата, едно нешто не се менува. Војната на Ослободителната војска на Косово беше праведна и ослободителна војна против режимот кој го убиваше, протеруваше и прогонуваше народот на Косово. Оваа вистина ја знае Косово, ја знаат Албанците, а ја знае и меѓународната заедница која интервенираше за да го запре режимот на Милошевиќ.

Но, и од една толку чувствителна тема ДУИ се обидува да извлече евтини политички поени. Албанците добро ги знаат и знаат дека ништо не оставиле без да го злоупотребат. И таканаречениот марш, по рецепт на ДУИ, се обидуваат да го спакуваат и да го продадат како „надпартиски“.

Ако навистина сакаат да протестираат за поранешните лидери на ОВК, тогаш протестот би требало да биде токму против ДУИ и улогата на нејзиниот претседател, Али Ахмети.

ОВК не е сопственост на ДУИ и не може да се користи како алиби за да му се измијат гревовите.

Затоа, наместо повик за протест, од лобистите за основање на Специјалниот суд денес се бараат јавни одговори.

1. Каков договор бил понуден за возврат на поддршката за основањето на Специјалниот суд?

2. Што содржи досието на Специјализираните совети во Хаг што се однесува на сведочењето на Али Ахмети?

3. Дали Специјализираните совети и „Отворен Балкан“ имаат заеднички именител?

4. Зошто Али Ахмети ја менуваше квалификацијата на својата улога во постапката пред Специјалниот суд, еднаш велејќи дека бил сведок, а другпат дека не бил сведок во постапката?

5. Дали сведочењето на Али Ахмети послужило како основа за подигнување на обвинението против раководството на ОВК од страна на Специјалниот суд во Хаг?

Овие и многу други прашања продолжуваат да тежат врз оние кои не оставиле ништо што не го злоупотребиле, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер