Филипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата
2Филипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата
Препознај ја лажната вест, играј и научи: Јуроп хаус ги повикува младите да ја испробаат „Escape Fake“
2Препознај ја лажната вест, играј и научи: Јуроп хаус ги повикува младите да ја испробаат „Escape Fake“
ЗабаваВлатко Стефановски: Оди ли згодна женска и турбофолк?Која е македонската Јоко Оно и дали е таа причината за распаѓањето на Леб и сол?Во сабота (26. 06. 2021), во нашата емисија „G Carpet”, гостин ни беше Влатко Стефановски, виртуоз, гитарист и наш амбасадор којшто не' прослави низ целиот свет. Влатко е македонски рок, поп и џез музичар, основач на „Влатко Стефановски Трио“, и еден од основачите на групата „Леб и сол“. „Зошто баш името „Леб и сол”, зошто не, да речеме, „Аргатска закуска” или „Жетварка?” „Па убаво звучи и има симетрија во името а има и голема симболика. Тоа не е само македонски обичај, тоа е славјански обичај, со леб и сол да се дочекуваат гости. И како што реков,тоа е обичај а не е сиромаштија, бидејќи ако имаш леб повеќе не си сиромашен, а ако имаш сол – имаш шанси да преживееш. За името имав 10 предлози од мојот брат, Горан Стефановски, и еден од нив беше токму „Леб и сол”, нам не ни требаше PR менаџер, дури ни денеска не е потребна оваа, да кажам, дисциплина. PR менаџирањето го смислија политичарите, за да се покажат во подобро светло отколку што нависта се.” На прашањето „Во времето на „Леб и сол” кој се грижеше за вашиот имиџ?”, Влатко рече „Ние бевме пионири, измислувавме се’ сами, сами правевме озвучување, сами се снаоѓавме со превоз, бевме и меѓу првите кои снимаа плочи, за наша среќа тоа се случуваше во професионални студија. Ќе влезевме во некое радиско или телевизиско студио и едноставно одговаравме на прашањата. Таквите дисциплини се совладуваат полека, не можеш од прва да станеш мудрец, за тоа треба време и треба искуство. Јас, на пример, во многу наврати сум се чувствувал лошо по дадени интервјуа, затоа што ме испровоцирале, а јас како млад, импулсивен и неискусен, сум изреагирал на начин кој потоа не ми се допаѓал и лошо ме претставил мене. Тој занает на односи со јавност се учи полека.” „Ваши идоли биле Кирил Манчевски и Александар Сариевски. Има ли некој од инструменрталистите што е Ваш идол?” „Кирил Манчевски беше единствен глас и изведба на македонската, народна песна. Сариевски имав можност да го запознаам, да се дружиме и да ми гостува на дел од концертите. А од инструменталистите, јас немав од кого да учам. Имаше гитаристи во Скопје, јас бев фасциниран од првите електрични гитари и од музичарите кои свиреа на нив, бев фасциниран од првите такви бендови. Во една прилика, во парк, ја гледав групата „Република 903”, јас се шокирав. Гаро беше на бубњеви, Џафер пееше, Зоки беше на електрична гитара. Јас кога прв пат слушнав електрична гитара и кога видов појачало на сцената, гласна музика, јас се шокирав. Кога си многу млад, некаде на возраст од 10, 11 години, впечатоците од тоа што ќе го видиш се многу силни. Јас кога ги слушнав „Битлси” и Џими Хенрикс, се одушевив, тоа беше фасцинантно, беше планета за себе во однос на животот што го живеевме ние тука. Тоа за мене беше метор, кој слетува од никаде во твојот двор. Еден нов свет, нешто многу привлечно и едноставно тргаш по него. Слушаш се’ повеќе таква музика и навлегуваш во тој свет, и по извесно време почнуваш да ги имитираш своите идоли.” Според Влатко да се биде нечиј идол е многу важна и деликатна работа, кога ќе дојдеш во контакт, посебно со деца, на кои си им идол мора да внимаваш што изјавуваш и како се однесуваш, бидејќи во рацете на младите е светот и некој треба да ја продолжи твојата, и воопшто музичката приказна, на достоинствен начин и тие се оние кои треба да бидат подобри од нас. „Мислиш ли дека некој може да биде подобар од тебе?” „Па како не? Јас не сум измислил ништо, има многу млади гитаристи кои свират многу бесно, буквално свират - растураат. На пример Дамјан Пејчиновски е феноменален. Младите поинаку и пристапуваат на гитарата имаат нов начин. Јас секојдневно учам нови работи и имам уште многу за учење.” Стефановски е сигурен во тоа дека му помогнале на македонскиот фолклор да добие џез – рок афирмација, и тоа на голема врата. „Иако македонскиот фолклор има голема репутација, долга традиција и се свири насекаде низ светот, ние му дадовме некоја нова димензија, еден модерен поглед и го популаризиравме помеѓу младите луѓе.” „Откако се распадна „Леб и сол“ една пријателка на тогашен член на бендот изјавила: Што беше Јоко Оно за „Биталси” јас сум за „Леб и сол“. Дали таа учествуваше во распаѓањето на „Леб и сол“?” „Тешко прашање, ние тогаш немавме девојки, сите бевме оженети. Навистина не ми текнува која е девојката што можела да го каже ова. Ние, всушност престанавме да работиме со концензус. А тоа што „Леб и сол“ продолжија без мене е стратешка грешка. Не дека сум јас најдобриот на свет, но јас душата и телото ги оставив во „Леб и сол“.” Влатко за себе смета дека е суетен но се обидува да ја држи под контрола својата суета, и пробува неговата популарсност и егото да не го променат. „Денеска светот е полн со ега! Проблемот е во тоа што денешните генерации, сите се спремаат за Црвен тепих и Оскар. Никој не се подготвува за нормален и практичен живот. Пред некој ден видов една поразителна сцена. Го шетав кучето низ маало и видов една нова кола, внатре една згодна женска, дотерана и фина. Девојката си ја поправаше шминката на ретровизорот ама од внатре, од колата, излегуваше една страшна музика. Ечеше турбофолк, е, ова е неприфатливо за мене, овие две работи се косат. За жал тоа е новата елита, новата култура т.е некултура.” За својот однос со Радомир Михајловиќ – Точак вели дека е пријателски иако на времето во воздухот, се чувствувал натпревар помеѓу нив. А за себе вели дека бил „ Булдожер рокенрол” и дека не признавал ништо околу себе. А признавањето на турбофолкот како правец, го спореди со признавање на убиства, војни, дрога, хероин, масовни убиства и т.н. според него, турбофолкот е нешто што не го почитува и во никој случај не го признава. За своите деца посакува да бидат живи, здрави и среќни а одлуката за нивниот животен пат треба да ја донесат сами и да изберат што сакаат да бидат. Впрочем родителите треба да се поддршка и помош на своите деца а не да ги исполнуваат своите амбиции преку нив. Првата гитара во семејството на Влатко, ја добил неговиот брат, Горан. Но, кога пораснал Влатко ја грабнал гитарата и повеќе не ја пушта. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаГерасимовски до стипендистите: Верувајте во себе, Центар е покрај васГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска им додели стипендии на осум ученици од социјално загрозени семејства од општинските основни училишта.На средбата во кабинетот, Герасимовски со децата разговараше за училиштето, предметите што ги сакаат и нивните желби и интереси. Стипендиите годинава изнесуваат по 4.500 денари месечно и ќе се исплаќаат осум месеци, од октомври 2026 до мај 2027 година. „Кога ги гледам овие деца, гледам талент, желба и храброст, кои не зависат од околностите во кои растат. Наша обврска е да им дадеме поддршка и да им покажеме дека не се сами. Овие стипендии се помош за нивните училишни потреби, но и поттик да веруваат во себе. Секое дете заслужува можност да напредува и да го оствари својот потенцијал“, порача градоначалникот Герасимовски. Тој им посака на учениците многу успеси и одлични оценки, охрабрувајќи ги да останат љубопитни, трудољубиви и упорни во учењето. Општина Центар стипендиите ги доделува секоја година, по една за ученик од секое од осумте општински основни училишта, со цел да им помогне на децата од семејства во социјален ризик и да обезбеди подобри услови за образование. За оваа намена, од Буџетот на Општина Центар за тековната учебна година се обезбедени вкупно 330.000 денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизПејачката Теа Таировиќ проговори по итна операција: „Стомакот ми беше полн со крв“ Младата и атрактивна српска пејачка Теа Таировиќ откри дека ја игнорирала болката, а сега ги предупредува другите да го слушаат своето тело.Теа Таировиќ се јави од болница по операцијата, откривајќи дека во неделата, на 25 октомври, ѝ пукнал крвен сад во стомакот. Пејачката призна дека ја игнорирала болката и одбила хоспитализација по концертот во Франкфурт, убедена дека не ѝ е потребна медицинска помош. – Драги мои, голем поздрав до сите вас – за жал, од болнички кревет. Сакам да ве известам дека, за жал – веројатно повеќе за мене отколку за вас – нема да се дружиме во наредниот период поради моите здравствени проблеми – изјави Теа Таировиќ, додека во позадина случајно свиреше „тажна музика“, на што таа се пошегува и се насмеа. „Имав операција и се чувствувам добро; се надевам на што е можно побрзо закрепнување. Значи, ќе бидам добро – закрепнувам – и ќе објаснам што се случи, за да спречам какви било измислици или конструирање дополнителни дијагнози. Пред сè, сакам да кажам дека ова за мене претставува сериозен повик за будење; исто така, ова може да биде порака и за сите што го гледаат ова: мора да го слушате своето тело и да се грижите за него“, изјави пејачката, а потоа додаде: „По концертот во Франкфурт, стомачната празнина ми се наполни со крв. Дури и одбив хоспитализација во Франкфурт, верувајќи дека не ми е потребна и дека сум добро.“ Таа додаде дека се чувствува добро по операцијата и се надева на брзо закрепнување, а своето искуство го опиша како одличен потсетник. – Морате да го слушате своето тело и да се грижите за него – рече пејачката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државатаНема држава што прави втор ребаланс на буџетот ова утринава го изјави пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче.Според него тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39