Владата ќе ги следи препораките на Пендаровски, но дали ќе забрани влез на бугарски државјани

Владата го задолжи МВР да преземе мерки за обезбедување на годишнината на Гоце Делчев на 4 февруари, без притоа да прецизираат дали тоа ќе значи и надополнување на листата непожелни... 

Нема конкретен одговор од Владата дали ќе го прифати предлогот да му биде забранет влез во земјава на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и на неколку други политичари и државјани на Бугарија, кој го даде претседателот на државата Стево Пендаровски, вчера на Советот за безбедност, поради дејствијата кои порано, но и сега овие луѓе ги преземаат против нашата држава.

Пендаровски, образложувајќи го предлогот, соопшти дека на седницата на Советот за безбедност, проценка на службите била дека кулминација на тензии може да се случи на 4 февруари, за време на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев во Скопје..

Владата на денешната седница донела заклучоци со кои...

.... Задолжено е МВР да ги преземе сите мерки за обезбедување на реализација на настанот, согласно со препораките од Советот за безбедност, без да прецизираат дали тоа ќе значи и надополнување на листата непожелни..

Иако не беше директно посочен, во предлгоот на Пендаровски се препозна Џамбаски, кој жестоко реагира, не отстапувајќи ниту милиметар од познатата реторика.

Обидот да се прогласат бугарски јавни личности за забранети во Македонија нема да ја избрише историската вистина. Тоа што сакам да им го кажам е дека ние ќе бидеме покрај нашите браќа во Македонија кога и тие да имаат потреба од нас, затоа што историската вистина е една – Македонија била е и ќе биде бугарска. , рече Џамбаски во видео обраќање на Фејсбук

Освен Џамбаски, и лидерот на проруската партија Преродба Костадин Костадинов вели дека нема да биде изненаден доколку се најде на листата непожелни. За неговите негаторски и иредентистички изјави, МНР веќе упати две дипломатски ноти до Софија..

Масовно присуство на чествувањето на Гоце Делчев организира бугарската фондација „Македонија“, чиј прв човек Виктор Стојанов... Иако, не го спомена со име, Пендаровски него индиректно го наведе како еден од тројцата бугарски државјани на кои лани веќе им бил откажан престојот во Македонија..

„Еден од нив е посебно гласен и по повод овој сега претстоен настан на 4ти февруари ги повикува сите Бугари итн да доаѓаат во Скопје, од тројцата, двајцата беа со легенда така ги викаат службите, како бајаги беа новинари меѓутоа на нив им беше откажан престојот и и беа веќе внатре и им беше забрането да се враќаат во Македонија за шест месеци, а другиов кој е најгласниов тогаш и сега тој е протеран и забраната му е за подолг временски период. За дел од овие структури се надоврзани на руската разузнавачка служба.

Инаку, според Законот, Владата може да забрани влез во државата на странци од 6 месеци до 5 години, а по потреба и да го продолжи рокот, доколку има проценка дека тие се закана за националната безбедноста и јавниот поредок....

Тошковски: Да се фокусираме на професионалноста, а не на етничкиот предзнак

Никогаш во животот не му значело дали е некој Македонец, Ром, Бошњак, Турчин или Србин, туку колку си ја знае работата и колку е професионален.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска порача дека кога станува збор за вработувањата и назначувањата во институциите, но и генерално, во сите општествени сфери, приоритет мора да бидат знаењето, капацитетот и професионалноста, а не етничкиот предзнак.

Како што нагласи на прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање колкав е бројот на Албанци на управувачите позиции во МВР, никогаш во животот не му значело дали е некој Македонец, Ром, Бошњак, Турчин или Србин, туку колку си ја знае работата и колку е професионален.

-Пред вас господинот што седи е Албанец и од мене е назначен за помошник министер, но не поради неговиот етнички предзнак, туку зашто има огромно искуство во МВР и огромен професионален капацитет. Од него очекувам да даде многу во она што ќе следи во насока на професионализација на полициските службеници. Кога зборуваме на тема МВР, професионални стандарди и потреба на граѓаните, не треба да зборуваме од аспект на етнички предзнак. Никогаш не ми значело кога одам на лекар дали докторот е Албанец, Ром, Бошњак. Макеодонец, Србин, Турчин, Англичанец,... Никогаш не ми значело кога одам на судење, дали судијата е Ром, Влав, Турчин, а секогаш ми значаело дали е професионален, колку знаење и капацитет има. Така треба да ги гледаме работите, рече Тошковски откако претходно се осврна на сработеното во изминатите 100 дена.

Потоа соопшти и конкретни бројки за етничката застапеност во Министерството.

-Во рамки на управните служби во Скопје 51,96 отсто се Македонци, 39,37 се Албанци, а 8,67 проценти се од друга националност. Во ОУР Тетово има 23,6 отсто Македонци, 66,29 проценти Албанци, а во ОУР Куманово 52,83 отсто Македонци, 45,28 отсто Албанци и 1,89 други националности. Мора да се фокусираме на професионалноста за добото на народот, подвлече министерот.

ВМРО-ДПМНЕ: 7 години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери

СДС е во целосен хаос и без компас, наместо да манипулираат со јавноста да си ја консолидираат партијата.

7 години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери.

7 години СДС не купи ниту едно противпожарно возило, во време на СДС пожари се гасеа со децениски стари возила. Бесмислени се соопштенијата на СДС кои направија историски грабеж и ја оставија празна државната каса.

СДС ја остави државата без пилоти, па мораше да се носат пензионирани пилоти и да се потпишуваат договори со нив за да можат авионите да летаат и да се гасат пожарите.

Апсурдно е СДС да зборува за одговорност и безбедност а во редови на СДС се уште седат бандити и криминалци.

СДС е демолирана партија во чии структури владее хаос и немаат расчистено со криминалот во сопствените структури.

СДС најмалку има право да зборува за безбедноста бидејќи во нивно време криминалци и бандите владееа со улиците.

Денес за разлика од претходно постои одговорност. За прв пат се фатени сторители на убиство во центарот на Скопје. Со СДС имаше пукања и убиства а сторителите никогаш не беа фатени и се шетаа слободни.

Сега за разлика од претходно се делува веднаш, а криминалците не гледаат повеќе соработник со МВР како што беше во времето на Спасовски.

Сега пред се има одговорност за секого а во време на СДС полицајци беа тепани од функционери на ДУИ па мораа да даваат изјави дека се удриле од пајак службата на ЈП Паркинзи.

СДС наместо да ја манипулираат јавноста, да си ја консолидираат партијата на која што рејтингот и е во слободен пад.

Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина!

ВМРО-ДПМНЕ

Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни

Курсот на денарот е стабилен, а нивото на девизни резерви е адекватно за понатамошно успешно спроведување на стратегијата на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото. 

Показателите за банкарскиот сектор, исто така ја потврдуваат неговата здравост и стабилност. Ова се заклучоците за монетарниот дел во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг Фич, во кој го потврдува кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ со стабилен изглед.

Во извештајот се наведува дека курсот на домашната валута останува стабилен и се нотира заложбата и капацитетот на Народната банка за задржување на оваа стратегија и во следниот период. Нивото на девизните резерви е оценето како соодветно, со 4,5 милијарди евра во август годинава, при што во однос на надворешниот сектор како позитивна карактеристика се констатира и значајната улога на странските директни инвестиции во финансирањето на дефицитот на тековната сметка.

Агенцијата за кредитен рејтинг Фич констатира дека банкарскиот сектор е стабилен, односно добро капитализиран и ликвиден. Според Агенцијата, воведувањето на макропрудентните мерки во 2023 година доведе до понатамошно зајакнување на отпорноста на банкарскиот сектор и до извесна стабилизација на растот на станбените кредити на околу 10%, како и на одредено олабавување на растот на цените на недвижнините. Зголемувањето на противцикличниот заштитен слој на капиталот придонесе кон унапредување на отпорноста на банкарскиот сектор.

притисни ентер