Вкупно 3611 активни случаи со КОВИД-19, најмногу во скопски Чаир

Бројот на заразени со КОВИД-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 3611. 

Новозаразените се од Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-7, Велес-5, Битола-4, Охрид-5, Гостивар-9, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-4 и Ресен-4.

И натаму скопската општина Чаир е со најголем број активни случаи – 409, следат Гази Баба со 189, Карпош – 163, Бутел – 162, Аеродром – 150, Сарај – 149 и Центар – 143.

Институтот за јавно здравје вчера регистрира и 111 оздравени пациенти од: Скопје-56, Штип-7, Тетово-36, Велес-2, Битола-3, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-1, Свети Николе-1, Ресен-2.

Починаа шест лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 63 години. Во ГОБ „8 септември" починати се двајца пациенти од Скопје (59) и (63-годишен) и еден пациент од Штип на 36 годишна возраст. Во болницата во Штип е починат пациент од Берово на 69 години и во Куманово пациент на 78 годишна возраст.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 6932, бројката на оздравени пациенти е 2987, на починати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3611. Во Скопје има најмногу активни случаи – 1987, Тетово – 385, Куманово – 240, Охрид – 166, Штип – 158, Струга – 154.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 37 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и пет деца позитивни и сомнителни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" вкупно хоспитализирани се 120 пациенти. На респираторна машина се шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 95 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19. /МИА

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со победата од 30-22 (11-14) на гости кај богатиот ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар.

Екипата на Барселона направи „брејк“ на гостувањето кај најскапиот клуб кој настапува во Лигата на шампионите и со една нога е меѓу учесниците на завршницата во европската ракометна елита. Шпанскиот шампион на првиот четвртфинален натпревар против ПСЖ извојува голема победа од 22-30. Парижани одиграа одлично прво полувреме и имаа сигурна предност, но во второто на изненадување на сите и на разочарување на фановите во салата се распаднаа и доживеаја тежок пораз од осум гола разлика.

Медиуми: Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат израелските медиуми.

Израелскиот Воен кабинет сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов да бидат ослободени жени, мажи над 50 години и тешко болни, а кабинетот вчера го овласти израелскиот преговарачки тим да разговара за пофлексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската интернет страница Инет.

Израел е подготвен да го ублажи своето барање Хамас да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите во Катар- Египет и САД, пишува Тајмс оф Израел повикувајќи се на израелски портали.

Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во наведените категории, но Хамас соопшти дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.

Посредниците од Катар, Египет и САД им дадоа на страните во конфликтот, Израел и Хамас, нов предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, што треба да се спроведе во три фази. Првата фаза вклучува ослободување на 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа во замена за ослободување на 900 Палестинци од израелските затвори, меѓу кои и 100 со казна доживотен затвор. Второ, враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Појасот Газа и трето, дневен влез во енклавата на 500 камиони со хуманитарна помош.

АСО: Поскапувањето на осигурувањето за регистрација на возилата е неоправдано

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, стои во соопштението од Агенцијата за супервизија на осигурување .

притисни ентер