Виз Ер Скопски маратон организира виртуелна трка - Канал 5

Виз Ер Скопски маратон организира виртуелна трка

 Бесплатна „СКМ Виртуелна трка – Трка за забава" организира Виз Ер Скопскиот маратон на која, како што посочуваат, може да учествува секој без разлика на кој дел од светот доаѓа. 

Виз Ер Скопски маратон организира виртуелна трка

Единствениот услов е да се почитуваат препораките од надлежните, секој да трча сам или на растојание од 2-3 метри.

-На забавен и креативен начин ја претставуваме новата виртуелна трка „СКМ Виртуелна трка – Трка за забава" преку која ќе трчате, но и ќе се забавувате. Иако овој викенд, на 10 мај, требаше да се одржи Виз Ер Скопски Маратон, кој се одложи за 4 октомври годинава, а во неделата пред одржувањето на маратонот од организацијата секогаш имало интересни и возбудливи содржини, соопшти Виз Ер Скопскиот маратон.

Посочуваат дека регистрацијата за „СКМ Виртуелна трка – Трка за забава" е бесплатна и ќе трае од 5 до 15 мај со официјална должина на трката од пет километри. Во овој период ќе треба и да се истрча трката.

Појаснуваат дека е дозволено одење или трчање во еден ден или во неколку денови во периодот додека трае виртуелната трка. Исто така, оние кои се спремни може да истрчаат и повеќе километри од предвидените 5 км и истите ќе бидат прикажани во листата на резултати. Сепак, како што велат, одлучувачки фактор за најдобар резултат ќе се земе времето на најдобрите 5 км од истрчаната должина, потребно за истрчување на 5 километри потребни за виртуелната трка.

-За учество во „СКМ Виртуелната Трка – Трка за забава" можете да се регистрирате на два начина. Доколку трчате со мобилен телефон, треба да ја инсталирате апликацијата Racemap (достапна бесплатно на Play Store и App Store) на која е креирана самата СКМ Виртуелна трка, а мора да се регистрирате пред да трчате на самата апликација со едноставен внес на вашето име, презиме и омилен број. Но, доколку трчате со GPS часовник или друга мобилна апликација, регистрацијата се прави по трчањето на следниот линк: http://skopskimaraton.com.mk/skmvirtuelrun_GPXupload, се наведува во соопштението на Виз Ер Скопски маратон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајци

Гватемалски пратеник и тројца полицајци беа убиени во вооружен напад во источниот град Рио Хондо, изјави во понеделник претседателот на Гватемала, Бернардо Аревало.

Вооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајци

Тој го осуди насилството и им нареди на безбедносните сили да помогнат во идентификувањето на одговорните, објави Ројтерс. Пратеникот Хулио Сезар Портиљо Паз беше нападнат во петокот во градот Рио Хондо и првично беше однесен во болница со сериозни повреди.

Неговата партија Национално единство на надежта (UNE) подоцна соопшти дека тој починал.

Убиствата се случија околу три недели откако поранешниот антикорупциски обвинител на Гватемала, Хуан Франциско Солорзано Фопа, беше застрелан во Гватемала Сити.

Властите сè уште не утврдиле врска помеѓу двата напада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со температура до 15 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно време со температура до 15 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

5 Попова Шапка, 6 Крушево, 8 Маврови Анови, 11 Прилеп, Берово, Крива Паланка, Виница, Тетово, 12 Лазарополе, Претор, Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Штип, 13 Битола, Велес, Охрид, Демир Капија, 14 Скопје – Петровец, Струмица, 15 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне претежно сончево, во вечерните часови ќе има услови за појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 15 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Потоа од вторник ќе биде стабилно со променлива облачност во текот на денот, а во петок ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБМ: Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички.

НБМ: Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен

Исплатата се одвиваше во најдобар можен ред, со добра организација и непречено опслужување на граѓаните. Особено успешно беше реализиран организираниот превоз на клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до филијалата во Битола и назад. Превозот се одвиваше според предвидениот распоред, а граѓаните од трите града имаа можност на полесен начин да пристапат до средствата на своите сметки.

Граѓаните кои денеска ги подигнаа средствата можеа да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели.

Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе започнат со работа и шалтерите на „АЛТА банка“ во Тетово и Струмица. На овие шалтери, клиентите на Банката кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. Истовремено, од следната недела се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка продолжува со преземање активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со приоритет да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и уредно опслужување на сите клиенти, соопштуваат од НБМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер