Виолончелистката Јосифоска и пијанистот Џермановиќ вечерва ќе настапат во „Света Софија“ - Канал 5

Виолончелистката Јосифоска и пијанистот Џермановиќ вечерва ќе настапат во „Света Софија“

Редовниот фестивалски термин од 21 часот во црквата „Света Софија“  вечерва е резервиран за виолончелистката Ирена Јосифоска и пијанистот Александар Џермановиќ од Србија.

Виолончелистката Јосифоска и пијанистот Џермановиќ вечерва ќе настапат во „Света Софија“

Ирена Јосифоска е една од најперспективните виолончелистки на нејзината генерација. Добитник е на прва награда на натпреварот „Габриели“ во 2021 година, таа се закитува и со наградата „Жан Никола Фирмених“ доделена од фестивалската академија во „Вербие“. Во 2017 година таа е најмлад полу-финалист на престижниот натпревар „Кралица Елизабета“ во Белгија.

Родена е во 1996 година во Суботица во семејство на музичари, таа започнува да свири виолончело на петгодишна возраст. Студиите ги завршува на високата школа за музика во Детмолд во класата на проф. Ксенија Јанковиќ, а во моментот е на пост-дипломски студии на Универзитетот за уметности во Берлин во класата на проф. Јенс Петер Мајнц.

Од октомври 2021 година таа е резидентен уметник за камерна музика на капелата „Кралица Елизабета“ во Брисел, а од септември оваа година ќе биде дел од фондацијата и фестивалска академија „Вила Музика“.

Пијанистот Александар Џермановиќ во моментот е на докторски студии под менторство на Доријан Лелјак на Академијата за уметности во Нови Сад, кои следат по неговите специјалистички студии на Академијата „Моцартеум“ во Салцбург во класата на Жак Рувие, и пост-дипломски студии на Кралскиот колеџ во Лондон во класите на Иан Џонс и Дмитри Алексеев.

Добитник е на бројни награди за пијано и камерна музика, се издвојуваат златниот медал на натпреварот „Менхетен“ во Њујорк, првата награда на меморијалниот натпревар „Исидор Бајиќ“, и награди во сите категории на Меѓународниот натпревар на славјанска музика во Москва.

Александар има настапувано во салите ширум Европа во Русија, Велика Британија, Данска и во родната Србија. Настапува со Кралскиот оркестар во Тунбриџ Велс, со Симфонискиот оркестар на Војводина, оркестарот во Рочестер, Симфонискиот оркестар на Академијата за уметности и „Камерата Академика“ под диригентските палки на Џанлука Марчано, Нил Томпсон и Александар Којиќ.

Александар Џермановиќ е доцент на Академијата за уметности во Нови Сад и генерален менаџер на Меѓународниот натпревар за пијанисти „Исидор Бајиќ“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, постигнат договор меѓу производителите и откупувачите

Постигнат е договор пиперката ајварка од утре да се откупува по повисоки откупни цени.. 

Пиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, постигнат договор меѓу производителите и откупувачите

Информира министерот за земјоделство Борче Серафимовски, по утринската средба со производителите, откупувачите и преработувачите во Струмица, откако производителите од струмичко во изминатите денови протестираа поради ниската откупна цена од 25 денари за прва класа..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жители на село Длабочица, Старо Негоричане се жалат дека повеќе од 20 дена се без струја

Жители на село Длабочица,  се жалат дека повеќе од 20 дена немаат струја.

Жители на село Длабочица, Старо Негоричане се жалат дека повеќе од 20 дена се без струја

За Канал 5 појаснуваат дека проблемот настанал по силното невреме што го зафатил регионотм. Иако добиле уверување од евн куманово дека проблемот ќе биде решен, се уште како што велат се во мрак..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судски совет и Здружение на судии по одлуката на Уставен: Потребни се воздржаност и заштита на судската независност

Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, но истовремено, значајно е да се почитуваат уставно загарантираната самостојност на судовите и законски уредениот тек на судските постапки.

Судски совет и Здружение на судии по одлуката на Уставен: Потребни се воздржаност и заштита на судската независност

Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, но истовремено, значајно е да се почитуваат уставно загарантираната самостојност на судовите и законски уредениот тек на судските постапки – реагираат од Судскиот совет и Здружението на судии за пријавата на Уставниот суд против судија од Основниот граѓански суд Скопје за непочитување на нивна конкретна одлука..Во заедничкото соопштение, се потенцира неправосилноста на решението на судијата, против кое е поднесено и жалба по која сега треба да одлучува Апелација.

-Постапката сè уште е во тек, а оценката на законитоста на првостепената одлука му припаѓа само на надлежниот второстепен суд. Во такви околности, Судскиот совет и Здружението на судиите сметаат дека секое институционално постапување поврзано со конкретната неправосилна судска одлука бара особена внимателност и воздржаност, за да не се создаде впечаток на прејудицирање на исходот од постапката или на притисок врз судиите кои одлучуваат во конкретниот предмет,- -Заедничко соопштение на Судски совет и Здружение на судии.

Како што додаваат, без оглед на уставната положба, ниту еден орган не може да определува или однапред да прејудицира каква одлука треба да биде донесена од судот.

Канал 5 го контактираше Претседателот на Уставниот суд - Дарко Костадиновски, за став по реакциите кои деновиве ја разбрануваа правната фела отворајќи ги дилемите - дали во овој случај, Уставниот суд ги пречекорил неговите надлежности, дополнително создавајќи потенцијален притисок врз судската независност и автономија.

Костадиновски не одговори конкретно на досегашните дилеми но изјави дека ќе го разгледа заедничкото соопштение на Судскиот совет и Здружението на судии и како што рече, доколку има потреба, Уставниот суд ќе излезе со свој став. Претходно, при активација на механизмот за заштита на сопствените одлуки што се случи прв пат во 63 години уставно судство во државава, Костадиновски за Канал 5 посочи дека со конкретната одлука, се оди кон поголема уставна дисциплина, бидејќи како што рече, доколку не се почитуваат и извршуваат одлуките на Уставниот суд, се губи и смислата на постоењето на уставното судство.

Предметот по кој Уставниот суд одлучуваше се однесува на повреда на слободата на јавно изразување на новинарка во настаните во Собранието од 2017та година, а судијата од Основниот граѓански суд Скопје, повикувајќи се на Законот за парнична постапка, навел дека Одлука на Уставниот суд не може да биде основ за повторување на постапката како нов факт или доказ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер