Вилата на Том Хенкс во Лос Анџелес го избегна пожарот - Канал 5

Вилата на Том Хенкс во Лос Анџелес го избегна пожарот

Том и Рита сѐ уште не се огласиле во јавноста за пожарот, но најверојатно се евакуирани.

Вилата на Том Хенкс во Лос Анџелес го избегна пожарот

Куќата на Том Хенкс во Лос Анџелес, според американските медиуми - „за чудо“, сè уште постои. Вилата вредна 26 милиони долари, што 68-годишниот глумец и неговата сопруга Рита Вилсон ја купија во 2010 година, „за влакно“ го избегна пожарот и остана недопрена. Според наводите, огнената стихија буквално застанала пред нивниот двор.

И, додека домот на Хенкс со четири спални соби - „преживеа“, хациендата над неговото место е речиси целосно уништена, пишува „Пејџ сикс“ (Page Six).

Том и Рита сѐ уште не се огласиле во јавноста за пожарот, но најверојатно се евакуирани.

Синот на холивудската двојка, Чет Хенкс претходно се огласи на интернет-просторот.

„Населбата каде што пораснав сега буквално гори до темел. Молете се за Палисадес“, напиша тој.

Многумина од познатите личности ја немале среќата на Хенкс. Вилата на глумецот Адам Броди и неговата сопруга Лејтон Мистер изгоре, а чини 6,5 милиони долари. Парис Хилтон, исто така, потврди дека изгорела и нејзината куќа на плажа во Малибу.

Во областа на Лос Анџелес горат неколку големи пожари, повеќето сѐ уште вон контрола. Неколку десетици илјади луѓе се евакуирани, а околу 10.000 објекти уништени. Властите потврдија најмалку 10 смртни случаи, но предупредуваат дека вистинскиот број на жртви може да е поголем. Материјалната штета се проценува на десетици милијарди долари.

Фото: Индекс

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Екс манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во одморот со својот славен сопруг, холивудскиот актер Џејсон Стетам и децата.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Познатото семејство летниот одмор го мининува на егозтичната Малта, каде што Роузи повторно позира во провокативно бикини.

Убавата Роузи Хантингтон-Вајтли ја покажа својата извајана фигура во минијатурни бикини за време на луксузниот семеен одмор со Џејсон Стетам.

39 годишната манекенка моментално ужива на Малта со 20 години повозрасниот Џејсон и нивните две деца – деветгодишниот син Џек и четиригодишната ќерка Изабела.

Парот веќе објави фотографии од одморот, но кога станува збор за Роузи, никогаш не е доволно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“.

Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница.

По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции.

Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството.

Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула.

Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона.

„Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com.

Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид.

Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација.

Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер