Вила: Џони Деп по ова судење би можел да стане најплатениот актер во историјата - Канал 5

Вила: Џони Деп по ова судење би можел да стане најплатениот актер во историјата

Експертот за односи со јавност Александра Вила, која е ѕвезда во последните дваесет години, е уверена дека судењето на Амбер Херд и Џони Деп ќе биде голем чекор напред во неговата кариера.

Вила: Џони Деп по ова судење би можел да стане најплатениот актер во историјата

Таа мисли дека Деп би можел да стане најплатениот актер досега.

„Кариерата на Џони сега вртоглаво ќе порасне. Тој не само што ги има срцата на обожавателите во свои раце, туку можеби ќе може да избира улоги во некои од најголемите филмови што ќе излезат во следните неколку години. Тој би можел да стане најплатениот актер досега“, смета Александра. Александра смета дека Џони има голема поддршка од фановите и дека има стекнато многу пари откако ја започнал својата актерска кариера.

"Џони заработи милијарди долари во последните неколку децении. Има 40 години работа и проекти кои јавноста ги сака. Меѓу јавната поддршка е, на пример, парфемот Sauvage, чиј заштитен знак е тој, кој се продава во рекордни количини , а ТВ мрежите во САД ги емитуваат Пиратите од Карибите еден по друг“, рече експертот за односи со јавноста.

Таа објасни дека поради минатите настани Џони си ја соголил душата пред јавноста и дека сега ќе му биде вратен угледот.

„Џони мораше да го изложи целиот свој живот, и добар и лош, но тоа не го направи за пари, туку за да ја врати својата репутација“, рече таа. За Амбер, таа вели дека сега, заедно со нејзиниот тим, ќе се соочи со тешка борба за опоравување во блиска иднина, но дека би можела да се опорави бидејќи „Холивуд ги сака повратниците“.

За потсетување, оваа недела поротата пресуди во тужбата за клевета на Џони Деп против неговата поранешна сопруга Амбер Херд. Поротата пресуди дека Амбер Херд мора да плати отштета од 15 милиони долари за клевета во напис објавен во Вашингтон пост. Џони по пресудата изјави дека поротата го вратила во живот.

„Од самиот почеток целта на овој случај беше да се дознае вистината, без разлика на исходот. Зборувањето на вистината беше нешто што им го должев на моите деца и на сите оние кои ми останаа верни. Се чувствувам мирно знаејќи дека конечно го постигнав тоа“, напиша Џони на Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 17. август 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 17. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 17. август 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Постои можност за подобра соработка меѓу вас и другата страна , но треба да бидете поотворени.

Кариера

Ќе поработите на сопствената независност во работењето , а тоа ќе ве доведе до откритието дека можете подобро и повеќе.

Здравје и совет

Повеќе живејте во сегашноста.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Некои целосно ќе му се препуштат на светот на фантазијата , за да се оттргнат од љубовната реалност. Сепак , нека не претеруваат.

Кариера

Други ќе ви излегуваат во пресрет и ќе бидат љубезни кон вас , но длабоко во душата ќе почувствубате дека не се искрени.

Здравје и совет

Држете се до фактите .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Особено е значајна емотивноста со која зрачите. Саканата личност ќе ве прифати , ќе ве теши и ќе понежна кон вас.

Кариера

Оние кои се занимаваат со креативна или уметничка работа , денеска ќе имаат посебна инспирација.

Здравје и совет

Чивајте се од провев.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе се прашувате колку дена се потебни за другите да ве разберат во целост.Потрудете се појасно да се изразувате , па се ќе дојде на свое место.

Кариера

Вашата фантазија и креативноста ќе дојдат денеска до израз без оглед што и да работите. Тоа ќе биде долгорочно дело.

Здравје и совет

Одморете си ги нозете.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот стил на додоворување ќе и биде симпатичен на другата страна, но во исто време таа ќе биде доста чувствителна и нема да ви ги открие сите детали.

Кариера

Ќе бидете во ситуација некој да ви каже да си ја гледате работата или спонтано истото ќе си го кажете самите на себе.

Здравје и совет

Посветете му се на вашето хоби.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Пред вас е искушение да се согласите на некои отстапки кон саканата личност , кои не ви се допаѓаат.Најдете компромис.

Кариера

Во соработката со млади колеги и натаму постои нејаснотии , што треба да се расчистат , но чекате да стигнат сите информации.

Здравје и совет

Прифатете ги другите какви што се.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Меѓу работата и љубовта ќе ги изберете и двете. Денеска е таков денот , па ќе успеете да ги споите. Можно е доаѓање на партнерот на вашето работно место.

Кариера

Некој од колегите би можел да ви ги каже своите грижи или тајни. Ќе бидете слушател за пофалба.

Здравје и совет

Радувајте се .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ви претстои забава или дружење со доста пиење и слично. Внимавајте да не побарате утеха во пиењето поради љубовната суша.

Кариера

На работа се ќе се одвива површно без позначајни достигнувања. Денот ќе ви прелета и ќе се прашувате што е сработено.

Здравје и совет

Будете поумерени.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе настојувате во односот со саканата личност да внесете повеќе лежерност и сништа. Сепак , не зборувајте многу , туку делувајте.

Кариера

Сигурно е дека ништо не е сигурно. Би можеле малку да се изнервирате , зашто работите не се дефинирани.

Здравје и совет

Однесувајте се природно.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Во љубовните работи ќе бидете нереални. Ќе гледате нешто што во реалноста не постои. Затоа држете се до реалноста.

Кариера

Ќе ви се чини како обрачот околу вас да се стега и притисоците ќе ги забележувате.Ќе избегате во својот свет на сништата.

Здравје и совет

Соочете се со светот на реалноста, тоа е здраво.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Некои би можеле да се заљубат и навистина да уживаат во денешниот ден. Оние кои се во врска , ќе бидат многу среќни.

Кариера

На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично и разгледувајте ги полека.

Здравје и совет

Ќе ви се спие.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Фантазијата ќе ве води низ областа на срцето , па нема да бидете целосно реални. Ќе почнете да се отуѓувате со саканата личност.

Кариера

Уште очекувате да добиете еден одговор , што би можел да ви ја отвори вратата за соработка кон странство.

Здравје и совет

Поработете на флексибилноста на телото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љуљзим Фаризи во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Љуљзим Фаризи.

Љуљзим Фаризи во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер