Викендов сончево и топло време, од понеделник дождови - Канал 5

Викендов сончево и топло време, од понеделник дождови

По свежите утра, викендов ќе донесе стабилно и топло време низ Македонија, додека нов бран нестабилност со дожд и грмежи се очекува од почетокот на следната недела.

Викендов сончево и топло време, од понеделник дождови

Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде најизразен во источните делови од земјата и долж Повардарието.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 14 степени, додека дневните ќе достигнат до 30 степени Целзиусови, што ќе овозможи пријатно летно време во текот на денот.

И во сабота и недела се очекува претежно стабилно време со мала до умерена облачност и топли дневни температури.

Промена на временските услови се најавува во понеделник, кога на повеќе места ќе има дожд, локални грмежи и нестабилност. Од вторник повторно ќе следува стабилизација на времето, проследена со постепен пораст на температурите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема меѓународна полициска акција: Разбиена криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Сузбиена е меѓународна криминална група осомничена за трговија со наркотици.

Голема меѓународна полициска акција: Разбиена криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Во голема меѓународна полициска акција, која во изминатиот период се спроведуваше координирано на територијата на повеќе држави, сузбиена е меѓународна криминална група осомничена за трговија со наркотици, при што се уапсени неколку лица, а запленети се околу 300 килограми марихуана.

Во акцијата од македонска страна учествуваше Министерството за внатрешни работи преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација и соработка со мешовити полициски тимови од Косово и Грција. Истражните активности се спроведуваа под водство на надлежните обвинители од Македонија, Косово и Грција.

Станува збор за меѓународна операција која е резултат на подолготрајна соработка, координација и размена на оперативни информации меѓу полициските и правосудните органи на трите земји. Преку заедничкото постапување биле следени активностите на криминалната група, по што биле преземени координирани полициски дејствија за нејзино сузбивање.

Во рамки на досегашните активности се уапсени неколку лица за кои постои сомнение дека биле дел од меѓународната криминална група, а запленети се околу 300 килограми марихуана наменета за нелегална трговија.

Полициската операција сè уште не е завршена. Истражните дејствија продолжуваат во текот на денот во Македонија и Косово, како и во наредниот период, со цел целосно расчистување на случајот, утврдување на улогата на лицата опфатени со истрагата и откривање на сите околности поврзани со функционирањето на криминалната група.

Поради тоа што истрагата е активна, дополнителни детали за бројот на опфатени лица, начинот на дејствување на групата и останатите преземени активности се очекуваат по завршувањето на соодветните истражни постапки.

Акцијата претставува уште една потврда за решеноста на македонската полиција да се спротивстави на организираниот криминал и меѓународната трговија со наркотици, преку сериозен и професионален пристап, оперативна работа и брза размена на информации со меѓународните партнери.

Борбата против организираниот криминал не завршува на државните граници, поради што соработката меѓу полициските и правосудните институции од регионот останува еден од клучните механизми за откривање и сузбивање на криминалните мрежи кои дејствуваат на територијата на повеќе држави.

Надлежните институции ќе продолжат со активностите, а повеќе информации за резултатите од операцијата се очекуваат по завршувањето на истражните дејствија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал

МВР засега нема поднесено пријава во случајот со објавите на социјалните мрежи дека водата во Скопје е загадена.

 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал

Досега 13 лица биле повикани на информативен разговор за ширење на паниката со наводноот загадуваењ на водата за пиење..Од МВР велат дека Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи да ги следи објавите на социјалните мрежи за евентуално ширење дезинформации и предизвикување паника.

Предмет засега нема отворено ниту Обвинителството. Оттаму за Канал 5 велат дека се чека полицијата да утврди дали во конкретните случаи постојат елементи за понатамошно постапување. Доколку МВР поднесе пријава, Обвинителството ќе постапи во зависност од тоа дали и какво кривично дело евентуално ќе биде утврдено.

И покрај информациите што пред два дена се појавија во јавноста за квалитетот на водата од градскиот водовод и предизвикаа вознемиреност кај дел од јавноста, денеска меѓу скопјани нема паника. Граѓаните со кои разговаравме велат дека не стравуваат и продолжуваат да ја пијат водата од градскиот водовод.

Објавите за наводно присуство на бактеријата „ешерихија коли“ во скопската вода завчера брзо се проширија на социјалните мрежи. Информациите потоа беа демантирани од ЈП „Водовод и канализација“, Министерството за здравство и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кои беа децидни дека водата во скопје е безбедна и дека редовно се следи состојбата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фараж се врати во британскиот парламент — победи на изборите што самиот ги предизвика

Најџел Фараж, лидерот на британската десничарска партија за независност на Обединетото Кралство, повторно освои пратеничко место на изборите што самиот ги предизвика минатиот месец, поднесувајќи оставка поради контроверзиите околу неговите финансии.

Фараж се врати во британскиот парламент — победи на изборите што самиот ги предизвика

Традиционалните партии ги бојкотира дополнителните избори, откако Фараж се обиде гласањето да го претстави како референдум за неговата борба против „естаблишментот“. Поради тоа, негов главен противкандидат беше комедијантот Џонатан Харви преправен во сатиричниот лик „Гроф Бинфејс“, кој успеа да освои повеќе од четвртина од гласовите.

Костимираниот кандидат познат како „Гроф Бинфејс“, кој редовно учествува на избори и овојпат го освои второто место.

Фараж е предмет на парламентарна истрага поради тоа што не пријавил донација од пет милиони фунти, односно 6,7 милиони долари, од инвеститор во криптовалути со седиште во Тајланд, пред изборите во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер