Видео: Во Шпанија украдени повеќе од 2 милиони маски!?

Бизнисмен од Сантијаго де Компостела е уапсен под сомнение  дека украл големо количество на санитетски материјал.

Локалните медиуми пренесуваат дека бизнисменот украл повеќе од 2 милиони медицински заштитни маски.

Санитетскиот материјал вреден околу 5 милиони евра е украден од индустриски магацин. Полицијата наведува дека украдениот материјал требало да заврши во Португалија.

-Се исчезна, изјавил Алфонсо Пренса, потпретседателот на регионалната влада на Галиција во изјава за шпанската телевизија ТВЕ.  

Осомничениот бизнисмен од Сантијаго де Компостела откако бил сослушан од страна на судијата на Врховниот суд во Галиција е пуштен да се брани од слобода, но и понатаму е под истрага.

притисни ентер