Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание
2Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание
ЖивотЏеф Безос со партнери купуваат една третина од ЛиверпулКонзорциум, во кој е вклучен и основачот на „Амазон“, мулти-милијардерот Џеф Безос, е блиску до договор за купување на околу една третина од сопственичкиот удел во славниот фудбалски клуб „Ливерпул“. Мнозинскиот сопственик на клубот, „Фенвеј спортс груп“ (FSG), кој управува со „Ливерпул“ од 2010 година, се подготвува да објави трансакција што би можела да се реализира уште оваа недела. Детали за инвестицијата Доколку дојде до склучување на договорот, Безос ќе му се придружи на Едуардо Саверин, еден од коосновачите на „Фејсбук“, во инвестициската група. Групата ја предводи Амит Батија, зет на индустријалецот Лакшми Митал и до неодамна акционер во клубот „Квинс Парк Ренџерс“. Според еден извор, објавувањето на веста се очекува во наредните денови, но постои можност тоа да се одложи за следната недела. Со влезот на овој конзорциум во сопственичката структура, некои од најбогатите луѓе во светот ќе станат косопственици на „Црвените“ од Енфилд. „Форбс“ го проценува богатството на Безос на повеќе од 280 милијарди долари, а она на Саверин на повеќе од 32 милијарди долари. Со оваа инвестиција, вредноста на клубот би се проценила на шест милијарди долари, со што договорот би се вброил меѓу најскапите во историјата на спортот. Иако Безос претходно не се поврзувал со бизнисот во фудбалот, неговото можно вклучување во конзорциум за Ливерпул потврдува дека инвеститорите сè повеќе го гледаат спортот како посебна класа на средства. Во 2022 година, Саверин (44) беше дел од конзорциум што неуспешно се обиде да го купи Челзи на аукција организирана по руската инвазија врз Украина. Извор запознаен со преговорите укажува дека договорот би можел да биде поголем од првично објавеното и потенцијално да вклучува удел поголем од 30 проценти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПадот на Вучиќ се уште ја бранува политичката сцена во МакедонијаНе стивнуваат партиските реакции во земјава по падот на Александар Вучиќ во Србија. Повикувајќи се на информации од свиркачи СДСМ обвинува дека во изминатиот период им се сугерирало на институциите во Македонија да работат преку Алта Банка, за што бараат одговори од премиерот Мицкоски и гувернерот на Народната Банка Славески. Тврдат дека од централата во Белград до Скопје од српските избори до денес биле префрлени над 50 милиони евра, трансфери кои велат дека се дел од криминална мрежа со амин од власта, како попатна станица до Москва. „Можевме и вчера да го видиме на една дебата, односно не е дебата, туку гостување на телевизија, гледам еден уплашен политичар којшто зборува за сè, но не зборува за она што сите го прашуваат. Преку свиркачи, СДСМ дојде до информација дека наназад, по влезот на Алта банка во Македонија, институциите во Македонија, вработените во тие институции и компаниите коишто добиваат тендери се терани усно да работат преку Алта банка. “-Андреј Жерновски – член на ИК на СДСМ. Премиерот Мицкоски уверува дека критериумите за влез на банки во државата се строги и мора да се испочитувани. Во гостување на Само интервју ги отфрли обвинувањата од СДСМ за соработка со Вучиќ и рече дека не очекува српското сценарио да се отслика и кај нас. „ Не знам дали е се во ред, но за да дојде во Македонија банка има таков клиринг процес во рамки на Народната банка што апсолутно не може било каков фенинг капитал да влезе овдека без да помине низ тој регулатор. / Бидејќи ова со студентите некако брзо промптно реагиравте на нивните барања, вчера ги примивте.. Дали се плашите можеби да не има некое такво движење и кај нас да се појави? – Зарем ви личам на исплашен човек? Апсолутно, таман работа, прво, јас сум универзитетски професор кој секој ден е на линија со студентите. Второ, како човек никогаш нема да дозволам да се создаде движење коешто ќе биде толку радикално против моите политики, затоа што политиките што ги водам се народни и продржавни, промакедонски. “ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада (Само интервју 29.10). За тврдењата на СДСМ гувернерот Славески изјави дека самиот факт дека средства се префрлаат од една во друга земја не значи дека станува збор за сомнителна активност. Го повтори ставот на Народна банка дека неповерени тврдења за други банкарски системи не требало да се коментираат. Тагови: Андреј Жерновски Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијаниеЧетириесет и четиригодишниот скопјанец Игор Дашковски Стојановски обвинет за палењето на две дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје ја призна вината на денешното прво судско рочиште. Посочи и дека никој не го поттикнал, ниту му наредил да ги запали возилата. Кои му биле мотивите, не кажа. „Се чувствувам виновен и во целост ја признавам вината. Сам одлучив“, рече Дашковски пред судијката Фанка Јанчулева Михаиловска која го води предметот. Обвинет е за кривично дело „Загрозување лица под меѓународна заштита“ според кое му се заканува казна затвор од најмалку една година затвор. Настанот се случи на 15 јуни годинава. Според обвинението, Стојановски со автобус пристигнал во централното градско подрачје, по што од бензинска станица наполнил пластично шише со бензин, а потоа ја преминал улицата и се приближил до двете паркирани дипломатски возила. Обвинителката Катерина Коларевиќ вели дека тој бил пресметлив во моментот на извршување на делото. -Осудителна ќе е секако пресудата, во однос на казната ќе одлучи судот. Има факти кои се изнесуваат во вештачењето кое е изготвено од Д-р Марцикиќ во поглед на психичката состојба на обвинетиот. Па откако ќе ги сослушаме и тие факти ќе биде изведен како доказ вештиот наод и мислење во поглед на пресметливоста на обвинетиот, тој секако е пресметлив како личност и во состојба на пресметливост го сторил кривичното дело. Ќе ја сослушаме и одлуката на судот во поглед на казната,- изјави – Катерина Коларевиќ – Обвинител во ОЈО ГОКК. Следното рочиште е закажано за 11 ноември... Обвинителството посочува дека бугарскиот амбасадор бил повикан да се произнесе за настанатата материјална штета, а во постапката биле испитани и претставници на амбасадата кои се под меѓународна заштита. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоследен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница Решавање на локалните проблеми или гласање по етничка линија - што ќе биде пресудно во изборот на жителите на Брвеница на нов градоначалник во недела? Во вториот изборен круг довербата ќе ја бараат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски и кандидатот на ДУИ и коалицијата, Аркин Јахиј, кои освоија најмногу гласови во првиот круг. Според изборните комбинаторики се очекува неизвесна трка меѓу двајцата кандидати кои во кампањата деновиве се заблагодарија за поддршката и изразија оптимизам за победа во недела. -Благодарност до сите граѓани што ми ја дадоа довербата во првиот изборен круг, очекувам поголема поддршка во вториот круг. Очекувам и победа, да славиме сите заедно, изјави Радичевски. - Во недела, да застанеме заедно за нашата Брвеница, со достоинство, храброст и верба еден во друг. Заедно наспроти сите разлики. Ве повикувам да си подадеме рака за помирување, изјави Јахији. На гласачките места во Брвеница во првиот круг од предвремените избори гласаа 7.565 избирачи, а излезеноста беше 46,56 отсто. Изборните математики покажуваат дека ќе следува тесна битка во Брвеница, а гласовите на Вреди можат да го решат победникот. Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ на првото гласање освои 2.945 гласови наспроти Аркин Јахији од ДУИ со 2.152. Според калкулациите, решавачко ќе биде каде ќе отидат гласовите на отпаднатите кандидати Јакуп Хусени од Вреди со 1.528 гласа, Јовица Радевски од СДСМ со 706 гласа, и независните кандидати Душан Богдановски со 55 гласа и Арифе Идризи со 21 глас. Дилемата е дали поддржувачите од Вреди ќе гласаат етнички, како што повикаа Али Ахмети и Арбен Таравари или според сопствени убедувања како што ги повикаа Мицкоски и Гаши. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter