Видео: Трамп твитува од болница: Лидерите мора да се соочат со проблемите

Претседателот на САД Доналд Трамп кој од вчера е во болница поради благи симптоми на корона вирус се огласи на Твитер .

Американскиот претседател прво им се заблагодари на медицинските лица за професионалноста во работата.

Трамп истакна дека во болницата Волтер Рид пристигнал бидејќи „не се чувствувал добро“.

-Сега се чувствувам многу подобро. Работиме напорно на тоа што побрзо да се вратам и да продолжиме понатаму , мораме да сториме уште многу за Америка повторно да ја направиме голема, напиша Трамп .

„Не сакав да останам во Белата куќа и да се кријам и да чекам да видам што ќе се случи.Лидерите мора да се соочат со проблемите. Ќе се вратам наскоро и се радувам на тоа што ќе ја завршм кампањата така како што ја започнавме“, пишува Трамп.

Лидерот на САД воедно истакнал дека ова му се случило поради тоа што не сакал да ги слуша советите да се затвори во Белата куќа и да не контактира со никого.

Трамп истакнал дека и неговата сопруга Меланија која имала малку поблаги симптоми од него се чувствува добро

-Малку е помлада од мене и ова го поднесува онака како што е очекувано за нејзините години, дополнува Трамп.

ССМ организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот - 1 мај

Меѓународниот  празник 1 мај  е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. 

Овој празник се одбележува на овој ден во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од први до четврти мај 1886 г. во Чикаго, организиран со цел воведување на осум-часовен работен ден. Синдикатите секоја година низ светот излегуваат на масовни протести со цел да ги потсетат властите за своите права. И кај нас Сојузот на синдикатите на Македонија од 11 часот организира протест по повод меѓународниот ден на трудот. Протестот го следи Сандра Спасовска.

Почна ли протестот , и какви пораки се очекува да испратат синдикатите?

„Гответе со Дракче“ - Слатко од јагоди

Во вторник (30.04.2024) во емисијата гостин ни беше Стојна Костовска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 кг. јагоди

800 гр. шеќер

1 л. вода

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

СДСМ: СДСМ не прифаќа уцени од било кого, нема тргување со иднината на државата

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции.

За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек-партија СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени.

Нас не водат социјалдемократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности.

СДСМ е единствената партија наследник на НОБ, на АСНОМ.

Не прифаќаме условувања од било кого, СДСМ со никого нема да прави политички дилови. Ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување.

Фокусирани сме на најдобриот резултат на претстојните избори на 8 мај, повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер